Германските превозници бараат итна владина помош поради зголемувањето на цената на дизелот


Германската влада мора брзо да интервенира за да им помогне на превозниците да спречат прекини во синџирите на снабдување и трошоците за зголемување на цените на дизелот да се пренесат на потрошувачите, предупредува Германското здружение на шпедитери (BGL). Цената на дизелот се зголеми за околу 40 центи по литар од почетокот на војната во Иран, […]

Нов повик од ОКТА: Стипендии за постдипломски студии дома и во странство


Компанијата осма година по ред објавува повик за доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година. Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата […]

Совет на Народна банка: Има ризик за инфлацијата во наредниот период


  Советот на Народната банка на својата редовна седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени за тековната макроекономска состојба во земјата. Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток.  Имено, од почетокот […]

Трамп ја сака иранската нафта, барелот помина 115 долари


Абу Даби- Цените на нафтата денеска надминаа 115 долари по барел при отворањето на берзите во Азија, додека продолжуваат воздушните напади во земјите на Блискиот Исток, нешто повеќе од еден месец по почетокот на војната во Иран. Цената на суровата нафта од марката „брент“ изнесува 115,84 долари, што е зголемување од 2,9 отсто во однос […]

Ленче Карпузовска од ЕВН добитник на наградите PRO PR Globe People Achievement Awards


Во Подгорица, во хотелот Хилтон, свечено беа доделени меѓународните награди PRO PR Globe People Achievement Awards, кои собираат истакнати комуникациски експерти од целиот свет. Оваа година беа доделени вкупно 32 добитници од 13 земји, што уште еднаш ја потврди глобалната важност и влијание на оваа престижна професија. Добитничка на наградите PRO PR Globe People Achievement […]

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји


Вашингтон – Војната со Иран, која започна на 28 февруари 2026 година, предизвика силен потрес на глобалниот пазар на нафта, при што најновите податоци покажуваат драматични разлики во растот на цените на дизелот niz светот. Според анализата на сервисот „Инвестор Сајт“, најголем удар претрпеле азиските земји. Филипините бележат најголемо поскапување од 81,6 проценти, по што следи […]

Ќе поевтинат ли бензините – нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика


Граѓаните со нетрпение ја очекуваат утрешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која треба да соопшти помали цени за бензините и непроменета или минимално зголемена цена за дизел-горивата. Премиерот, Христијан Мицкоски, викендов изјави дека очекува намалување за 2 денари на безоловните бензини, и иста цена или минимално зголемување за половина денар на дизелот. Според него, […]

Николоски објави како ќе изгледа Охридскиот аеродрoм по реконструкцијата (видео)


Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео како ќе изгледа охридскиот аеродром по неговата реконструкција и проширување и напиша:  “Денес е историски ден, за прв пат откако е изграден охридскиот аеродром се прави сериозна инвестиција за негово проширување и модернизација – објави вицепремиерот Николоски.   линк до видеото: https://www.facebook.com/share/v/1K3rTgfdBf/      

За Мицкоски реконструкцијата на аеродромот во Охрид е историски момент


Означен е почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Градежните работи кои, како што беше најавено, ќе му дадат целосно нов лик на аеродрмот, е предвидено да завршат до крајот на мај. Проектот ќе обезбеди 4 500 метри квадратни функционален простор, поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови […]

УЈП најавува засилени контроли, илјадници активни даночни обврзници вршат дејност без фискален уред


Како дел од континуираните активности за сузбивање на неформалната економија и унапредување на фискалната дисциплина кои Управата за јавни приходи (УЈП) ги спроведува во изминатиот период, почнуваат засилени активности насочени кон субјекти кои вршат дејност и остваруваат промет без регистриран фискален систем на опрема. Согласно службената евиденција на УЈП, во дејностите трговија на големо и […]

Нема извоз на бензин од 1 април, Русија донесе одлука


Русија воведува забрана за извоз на бензин од 1 април. Русија за некој ден ќе воведе забрана за извоз на бензин за сите учесници на пазарот, вклучително и за производителите, со цел да го заштити домашното снабдување во услови на глобална енергетска криза. Одлуката е донесена на состанок што го одржал потпретседателот на руската влада, […]

Војната во Иран го поскапе вештачкото ѓубриво, расте стравот од зголемување на цените на храната


Војната во Иран предизвика скок од 30 до 40 отсто на цените на минералните ѓубрива од почетокот на годината, што претставува директна закана за меѓународните цени на храната, предупредуваат германските експерти, пренесува ДПА. Филип Шпине, извршен директор на германското здружение „Рајфајзен“ (DRV), истакна дека цените на азотните ѓубрива на светскиот пазар се приближуваат до рекордните […]

Владата очекува намалување на цената на бензините и мал раст на цената на дизелот


Владата очекува во понеделник намалување на бензините и иста или за половина денар зголемена цена на дизелот. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека мерката за намалување на ДДВ ги дава очекуваните резултати. Уверува дека Владата ја следи состојбата и доколку има потреба ќе ја продолжи мерката за уште две недели или ќе се намалат акцизите. – […]

Снабдувањето со храна може да биде загрозено од војна на Блискиот Исток


Главниот економист на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) предупреди дека нарушувањата во Ормутскиот теснец, предизвикани од тековната војна на Блискиот Исток, претставуваат системски шок што влијае на глобалните земјоделско-прехранбени системи и може да го загрози снабдувањето со храна. Големи шокови Регионот учествува со речиси половина од светската трговија со сулфур, клучна состојка за производство […]

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми


Како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, можно е одредено ограничено влијание кај дел од дестинациите од домашните аеродроми, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, велат за МИА од ТАВ Македонија. Оттаму информираат дека засега само Виз ер ја прекинува редовната авиолинија Скопје – Ларнака, од 13 април, и таа во иднина […]

Нафтата над 111 долари за барел


Цените на нафтата денес на меѓународните пазари пораснаа на над 111 долари, а инвеститорите се сомневаат дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 3,46 долари повисоко попладне отколку на вчерашното затворање на тргувањето, на 111,47 долари. На американскиот пазар, беше поскап за […]

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери: Дивидендата 1.350 денари по акција


Комерцијална банка АД Скопје на 27.03.2026 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери. Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2025 година со бруто-добивка во износ од 5.632,5 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 555,2 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 5.077,3 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба […]

Војната на Блискиот Исток го прави бизнисот неизвесен: Странските инвеститори во земјава за најголемите ризици годинава


Од почетокот на војната на Блискиот Исток, пред неколку недели, транспортните трошоци во контејнерскиот превоз од Кина кон Европа се веќе зголемени за 65 отсто, а ризикот е толку голем што осигурителните компании избегнуваат осигурување на транспортот преку Црвеното Море. Покрај ова, цената на нафтата веќе е значително зголемена, а дури и да дојде до […]

РКЕ годинава со повисок буџетот од шест отсто: Матичната собраниска комисија го усвои предлог-финансискиот план


Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика на Собранието денеска ја одржа 48-та седница на која ги усвои предлог-финансискиот план за 2026 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и предлог одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на […]

Божиновска – Ју: Продолжува соработката со Светска банка во енергетиката


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, директорка на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија. Како што соопштија од МЕРМС, оваа средба е продолжение на досегашната соработка и координација за имплементацијата на клучните проекти во државата, меѓу кои […]