Цените на нафтата паднаа за околу шест отсто поради надежта за постигнување договор меѓу САД и Иран


Цените на нафтата на светските пазари денеска се пониски за речиси шест отсто, па меѓународниот референтен Брент (Brent) се движеше околу 98 долари по барел, а американската сурова нафта ВТИ (WTI) на ниво од 91 долар по барел. До падот дојде откако се зголеми оптимизмот дека САД и Иран наскоро би можеле да постигнат договор […]

Кинеските инвестиции во Србија „тежат“ речиси 8 милијарди евра преку 37 компании


Кинеските компании инвестирале околу 7,8 милијарди евра во Србија преку 37 компании кои заедно вработуваат повеќе од 38.275 работници, покажува преглед на кинеските инвестиции во домашната економија. Во текот на последните три години, бројот на вработени во кинеските компании во Србија се зголемил за 45 проценти. Кинескиот капитал е присутен во речиси сите клучни индустриски […]

Дигиталното евро предизвика раскол: Финансиските фирми се креваат против ЕЦБ


Постпандемискиот бум во безготовинските плаќања ја зголеми зависноста на еврозоната од американските фирми кои обработуваат речиси две третини од плаќањата со картички во заедничката валута. Компании како PayPal и Apple, исто така, ги проширија своите операции. Европските претставници го прогласија суверенитетот во плаќањата за стратешки приоритет, бидејќи фрагментираниот глобален поредок ризикува инструментализација на пристапот до […]

ЕУ ќе забрани увоз на месо од Бразил од септември


Европската унија одлучи да го блокира увозот на некои животински производи од Бразил, вклучувајќи говедско месо, живина, јајца и живи животни, од 3 септември, поради непочитување на правилата на ЕУ за употреба на одредени антимикробни средства кај животните што произведуваат храна. Бразил, најголемиот извозник на говедско месо во светот и клучен извозник на животински протеини, […]

Кое е најлошото сценарио од глобалната економска криза?


ММФ предупредува на неколку сценарија за глобалната економија, од стабилизација до сериозни шокови поради геополитички тензии Во услови на зголемени глобални тензии и сè поизразена неизвесност во меѓународната економија, Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека класичниот пристап кон правење прогнози повеќе не е доволен за да ја опфати сложеноста на тековните случувања. Како што истакна Лев […]

Кинеските инвестиции во Европа достигнаа највисоко ниво од 2018 година, Унгарија останува главна дестинација


Кинеските директни инвестиции во Европа минатата година пораснаа втора година по ред и достигнаа 16,8 милијарди евра, што е највисоко ниво од 2018 година, покажува најновото истражување на аналитичките куќи „Родиум груп“ (Rhodium Group) и „МЕРИКС“ (MERICS). Вкупниот раст од 67 проценти во споредба со 2024 година беше предводен од процесите на спојувања и преземања […]

Најавата за договор меѓу САД и Иран ги „лади“ цените на нафтата


Цените на нафтата забележаа значителен пад, додека прометот на азиските берзи е во пораст по најавите за можно постигнување договор со кој би се ставил крај на американско-израелската војна со Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата навечер дека договорот со Техеран е „во поголем дел договорен“ и дека деталите ќе бидат објавени наскоро, […]

„Силициумска Шумадија“: Искуството во Србија со датацентрите


Фармите за податоци или центрите за податоци стануваат неизбежни во дигиталниот свет. Истото важи и за Србија, каде што има 13 центри за податоци. Покрај потребата од нив, центрите за податоци се придружени и со проблеми, имено огромна потрошувачка на електрична енергија, емисија на топлина и големи количини вода потребни за ладење, пишува Н1. Неодамна, […]

Пазарот на нафта влегува во „црвена зона“: Европа би можела да го почувствува првиот голем енергетски шок веќе ова лето


Глобалните нафтени резерви се приближуваат кон критични нивоа, а енергетските аналитичари предупредуваат дека Европа веќе би можела да почувствува сериозен притисок врз снабдувањето со гориво и зголемувањето на цените на енергијата ова лето. Проблемот повеќе не е само цената на барелот. Сè повеќе станува прашање колку нафта е навистина достапна на пазарот во време кога […]

Се затвораат 40 филијали на „Креди Јес“ одземена им е лиценцата поради прекршоци


Министерството за финансии ѝ ја одзеде лиценцата за работа на финансиската компанија „Креди Јес“, по утврдени неправилности и прекршоци во работењето, објави ТВ21. Со одлуката, ќе бидат затворени околу 40 филијали низ државата, а компанијата повеќе нема да може да врши финансиски услуги. Од Министерството за финансии посочуваат дека одземањето на лиценцата следува по извршени […]

Филипче за повикот на министерката за финансии: Доаѓаме, но да дојдат и медиумите


Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери, ја пренесе вечерва СДСМ изјавата од претседателот на партијата Венко Филипче. „Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата“, вели […]

ММФ предупредува дека јавниот долг на ЕУ би можел да „експлодира“


Патеката на јавниот долг на Европската Унија би можела да „експлодира“, што би и нанело штета на економијата на Унијата доколку не се преземат мерки за решавање на фискалните притисоци, им беше речено денеска од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на министрите за финансии на ЕУ. „Доколку не се контролира, јавниот долг ќе се најде на […]

За Димитриеска Кочоска прес-конференцијата на Филипче за задолжувањето била „хистерична“


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки.  – Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со […]

Се прават законски измени за изградба на дата центри


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што ќе се овозможи изградба на Дата центри во земјава што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП. – Со развој на вештачката интелегенција и целосната […]

Ќе платиме 20 милиони евра повеќе за камати: Филипче го критикува новото задолжување на Владата


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека државата ќе треба да плати 20 милиони евра повеќе поради новото задолжување од 260 милиони евра, кое е по понеповолни услови од претходното на почетокот на годинава, направено преку издавање еврообврзница. Тој посочи дека во стратегијата за оваа година, според министерката за финансии, било планирано […]

Велика Британија предложи единствен пазар за стоки со ЕУ, Брисел ја одби идејата


Владата на Велика Британија упати официјален предлог до Европската Унија за создавање единствен пазар за стоки, но официјален Брисел ја отфрли оваа идеја, пренесуваат британските медиуми. Според информациите на весникот „Гардијан“, ЕУ наместо тоа предложила Велика Британија да се приклучи кон царинската унија или да прифати подлабоко економско усогласување преку Европскиот економски простор. Ова, пак, […]

Пет најчудни работи за иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Спејс икс“


Ако одите на долг викенд и копнеете по добро читање на плажа, размислете за овој возбудлив наслов: Образец S-1 Изјава за регистрација според Законот за хартии од вредност од 1933 година: Space Exploration Technologies Corp. Исто така познат како проспект за IPO на SpaceX. Иако ваквите поднесоци често се сувопарни, SpaceX S-1 открива клучни детали […]

Едно од поголемите финансиски друштва остана без дозвола за работа, граѓани биле доведени во ризик


Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин биле утврдени сериозни повреди на законски обврски. МФ информира дека надзорот утврдил грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле […]

ЕУ и Мексико потпишаа нов трговски договор за намалување на царините


Мексико и Европската Унија потпишаа ревидиран трговски договор кој предвидува намалување на заемните царински тарифи, со цел двете страни да ги диверзифицираат своите економии и да ги заобиколат агресивните протекционистички мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат светските новински агенции. Преговорите за обновување на претходниот договор започнаа уште во мај 2016 година, но начелниот договор […]

Во март просечната нето-плата 48.433 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари и во однос на март 2025 година,  е повисока за 8.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6  проценти, […]