Биткоинот руши рекорди, сега чини 7.998 долари


Биткоинот урна уште еден рекорд и сега чини 7.998 долари. Може да се каже дека претходните две недели беа турбулентни за оваа криптовалута, со оглед дека во еден момент падна на 5.500 долари. По тоа, неговата вредност растеше, за во меѓувреме да порасне за 45 отсто. Во исто време, пазарната вредност на биткоинот или вкупната […]

Скроена европската каса: Буџетот на ЕУ во 2018 година ќе тежи 144,7 милјарди евра


Институциите на Европската унија го усогласија буџетот за 2018 година, вреден 144,7 милијарди евра, што е за 14,1 отсто поголем од овогодишниот. Буџетот ќе стимулира нови работни места, посебно за млади луѓе, ќе поттикнува раст, стратешки инвестиции и конвергенција, соопшти Европската комисија. Европскиот комесар Гинтер Етингер истакна дека тоа е буџет за сите, дека ќе […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја турка Македонија кон грчко сценарио


Владата на СДСМ ја турка Македонија кон грчко сценарио, така што во 2020 година јавниот долг ќе изнесува огромни 53.5 проценти од БДП, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Во наредните три години, расипничката власт планира брутална кражба на државата и полнење на џебовите на криминалната врхушка преку задолжувања кои ќе ги враќаме сите.Владата на Заев ова […]

Земјоделците ќе плаќаат персоналец и за суми под 300.000 денари


Земјоделците кои не се регистрирани по Нова година ќе плаќаат данок за секој продаден килограм од производите. Ова го предвидуваат измените во Законот за персонален данок на доход кои се веќе во собраниска процедура. Според сегашната регулатива, земјоделците кои на годишно ниво од продажба на своите производи остваруваа приход до 300.000 денари се целосно ослободени […]

Донесени одлуки за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници


Владата на Република Македонија на денешната 39-тата седница ја разгледа и ја усвои предлог–одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано […]

За три дена до Град Скопје доставени 133 барања за субвенции за печки на пелети


До архивата на Град Скопје денеска до 13 часот се доставени 133 барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување печки на пелети. – Комисијата веќе почна да ги разгледува пристигнатите барања и наскоро ќе врши увид на инсталираните печки кај барателите кои ги исполниле условите наведени во објавениот Јавен повик, соопшти […]

Земјоделците ќе плаќаат персонален данок за приходи од продажба на сопствени производи


Приходите од продажба на сопствени земјоделски производи ќе подлежат на оданочување, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за персонален данок на доход што ги предлага Владата. Согласно измените, овие приходи ќе бидат утврдени како посебна категорија во Законот. – Со цел да се олесни плаќањето на персоналниот данок на доход за оваа категорија лица, со […]

МЕПСО го подобри снабдувањето со струја во југозападниот регион


МЕПСО пред почетокот на грејната сезона изврши модернизација во две трансформаторските станици во пелагонискиот регион. Со тоа, велат од компанијата, значајно се зголеми сигурноста во снабдувањето со електрична енергија за претстојната грејна сезона во југозападниот регион на земјава. Во целост, потенцираат, е модернизирана трансформаторската станица „Сопотница“ во близина на Демир Хисар, а извршена е модернизација […]

Граѓаните помалку се возеле со градски превоз


Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз во третото тримесечје од 2017 година е намален за 3,7 отсто во споредба со истиот период лани, додека вкупниот број на патничките километри е зголемен за 1,6 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,8 […]

Тевдовски: Граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците


Посериозен пристап на инспекциските контроли, целосно воведување пополнета даночна пријава од страна на УЈП до јануари 2019 година и подобар информатички систем за поефикасна наплата на даноците, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со вчерашните препораки на Светска банка, Тевдовски напомена дека граѓаните мора да сфатат колку е […]

Откупени првите количини тутун, просечната цена 200 денари


Изминативе два дена, откако почна откупот на тутунот, преземени се 100 тони по просечна цена од околу 200 денари. – Откупот почна на 15 ноември кога тутун откупуваше фирмата „Пашовски“, а вчера во кампањата се вклучија вкупно шест од деветте фирми, меѓу кои Прилепскиот утунски комбинат, Сокотаб од Битола, Алијанса од Кавадарци и „Секе“. Откупот […]

Доделени наградите за најдобри млади вина произведени во домашни услови


Здружението на винари на Македонија синоќа во Кавадарци ги додели наградите за најдобри млади вина произведени во домашни услови, во рамките на манифестацијата посветена на младото вино, која се одржа по четврти пат. „Гран при“ на натпреварот освоија Стојан Илиев за розе виното од сортите „сирах“ и „мускат хамбург“ и Зоран Којчев за „вранец“. Претседателот […]

Тевдовски: Осигурителниот сектор ќе се хармонозира со ЕУ


Сигурност и стабилност на осигурителниот сектор како во земјите членки на ЕУ, ќе добие Македонија со новиот закон базиран на директивата Солвентност 2, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски. На завршниот настан од проектот кој овозможи Македонија да го изготви законот со помош на шпански експерти, Тевдовски напомена дека Македонија како земја кандидат за […]

Укинувањето на радиодифузната такса ќе го чини Буџетот 19 милиони евра догодина


За вршење на радиодифузната дејност и работите од јавен интерес во областа на радиодифузијата следната година од Буџетот планирани се средства во износ од 1,19 милијарди денари или околу 19 милиони евра. Тоа значи дека укинувањето на радиодифузната такса ќе го чини Буџетот околу 19 милиони евра следната година. Овие средства ќе бидат обезбедени преку […]

МЗШВ: Дополнителна субвенција за лозарите, стопроцентно обештетување за јазлеста кожа


Лозарите ќе добијат дополнителни два денара субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарии. Одлуката е донесена на вчерашната седница на Владата. За оваа дополнителна субвенција, барањата ќе може да се поднесуваат до 25 декември. На вчерашната владина седница донесена е и одлука за обештетување на сточарите кои претрпеа штети од угинатите говеда поради болеста […]

УПОЗ ќе бара амандмански да се интервенира во Предлог буџетот за платите во администрација


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) ќе достави амандмани до Собранието на  Македонија во врска со предлог буџетот за 2018 година кои се однесуваат на регулирањето на платите во јавната администрација. Од УПОЗ бараат од Владата, Министерството за финасии и од пратеничките групи да има претставници на Синдикатот кога […]

Зголемена работата на македонските градежници во Холандија


Во периодот јануари – септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.303.553.000 денари, што е за 16,6 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во првите девет месеци од годинава, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност […]

Врховен одлучи: Основниот суд Велес останува надлежен за стечајната постапка за ФЕНИ


Основниот суд Велес останува надлежен за водење на стечајната постапка на „ФЕНИ индустри“ АД Кавадарци. Ваквата одлука вчера ја донесе Врховниот суд на Република Македонија откако го одби како неоснован предлогот на „ФЕНИ индустри“ за определување друг месно надлежен суд за водење стечајна постапка. Судот во Велес на крајот на октомври поведе претходна постапка за […]

Започна откупот на тутунот, родот помал од побарувачката, тутунарите очекуваат повисока цена


Тој денеска го посети градскиот откупен пункт на Тутунскиот комбинат- Прилеп заедно со директорот на комбинатот Кире Станкоски и со претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. – Денеска и официјално е прв ден на почетокот на тутунот од годинашнава реколта. Овде сме во просториите на Тутунски комбинат-Прилеп. Од девет откупни компании кои имаат […]

Светска банка ни прогнозира раст од 1,5 отсто годинава и 3,2 отсто догодина


Поради пролонгираната политичка криза, Светска банка проектира економски раст на Македонија до крајот на годинава од  1,5 проценти. Следната година проекцијата за растот е 3,2 процента, а за 2019 година 3,9 проценти, или во просек  3,5 проценти, во очекување да закрепнат инвестиците и потрошувачката, наведува Светска банка во редовниот есенски економски извештај за Западен Балкан. […]