Стапката на невработеност во третиот квартал 22,1 процент


Стапката на невработеност во третиот квартал годинава изнесува 22,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Тоа е намалување од 0,5 отсто во споредба со вториот квартал, кога стапката на невработеност била 22,6 отсто. Според објавените податоци, на крајот на минатата година стапката на невработеност изнесувала 23,7 проценти. Активното население во Македонија во третиот квартал […]

Светска банка со 150 милиони евра ќе ја унапредува инфрструктурата на Балканот


Светска банка денеска најави дека на земјите од Западен Балкан ќе им даде 150 милиони долари за унапредување на ефикасноста на главниот сообраќаен коридор и за ширење на трговските врски. Цел на Светска банка е да се поедностави процедурата на граничните премини, да се подобри ефикасноста на логистичките услуги и да се примени современа „паметна […]

Македонската економија во третиот квартал порасна за 0,2%


Македонската економија за влакно не падна во рецесија. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека македонската економија во третиот квартал годинава пораснала за минимални 0,2 отсто. По дефиниција една економија влегува во рецесија кога има пад на БДП во два последователни квартали. Во првиот квартал годинава македонската економија стагнираше односно економскиот раст беше нула. […]

Инвеститор за „Фени“ ќе се бара во рамки на стечајната псотапка


Банките доверители во Фени разговараат со потенцијалните инвеститори, а со еден од нив е потпишан Меморандум за разбирање, информираат од Комерцијална банка. Од Банката нагласуваат дека интенцијата на потпишување на Меморандум со заинтересираните инвеститори не е замена за официјалната стечајна постапка, туку само легитимирање на сериозноста на потенцијалните инвеститори. Финалната одлука, како што наведуваат од […]

Горан Трајановски назначен за нов оперативен директор на „Македонски Телеком“


Управниот одбор на „Македонски Телеком“ го назначи Горан Трајановски за главен оперативен директор на друштвото. Трајановски, кој е кадар на СДСМ, ќе ја преземе функцијата од 15 декември. Тој беше советник за телекомуникации и информатика во МВР во периодот додека Оливер Спасовски ја вршеше функцијата технички министер. Трајановски влезе во одборот на директори на „Македонски […]

Балканските лидери се заложија за единствен економски регион


Изградбата на коридорите 8 и 10 е дополнителна можност за раст и развој на регионот на Западен Балкан, како и за приближување на регионот кон ЕУ, порача премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Софија на премиерите од регионот, во рамки на Меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, чиј домаќин е Светска Банка. Светска […]

Стапката на невработеност падна на 22,1%


Стапката на невработеност во третиот квартал годинава изнесува 22,1%, објави државниот завод за статистика. Ова е историски најниска стапка на невработеност во псоледните десет години. Според податоците на статистичарите во третиот квартал годинава во однос на второто тромесечие забележан е пад на невработеноста од 0,5%. Во апсолутни бројки податоците покажуваат дека на квартално ниво ново […]

Македонската прохибиција не издржа


Министерството за економија во наредните два месеца ќе работи на измени на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот, а ќе се овозможи продажба и во киосци со поседување лиценца. Иако трговците бараа и укинување на лиценците за продажба на алкохол, според првичните информации […]

Нов рекорд на биткоинот: Првпат ја надмина границата од 12.000 долари


Биткоинот денеска првпат го надмина нивото од 12 илјади долари продолжувајќи го драстичниот овогодинешен раст. За биткоинот од неодамна се заинтересираа и Волстрит и останатите етаблирани пазри, кои се подготвуваат да го стават на понудата и термински договори во најпознатата дигитална валута. Аналитичарите наведуваат дека токму тој интерес, ја зголеми вредноста на биткоинот над 12 […]

Ограничувањето за продажба на алкохол ќе се укинува


Министерството за економија за два месеца треба да подготви измени на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот и ќе се овозможи продажба и во кисоци со поседување лиценца, информираа денеска од ресорното Министерство. Информацијата за законските измени Министерството за економија ја презентираше на […]

Цените на угостителските услуги непроменети


Цените на угостителските услуги во ноември 2017 година во споредба со октомври 2017 останаа на исто ниво. Споредено по групите на услуги, зголемување е забележано во групата Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во споредба со ноември претходната година се зголемени за 0,8 проценти. Кумулативниот индекс на […]

Бизнисот и државата се разиода за даночната реформа


Се вжештува дебатата помеѓу Владата и бизнисмените за даночната реформа во државата. Новите даноци, кои треба да се воведат од 2019 година, наидоа на силен отпор кај бизнисмените кои  порачаа на Владата дека не смее да има зголемување на персоналецот на повисоки плати и на данокот на добивка. Даночните експерти, пак, се категорични дека даноците […]

Стечајниот управник најави плата и пријавување на сите работници во Фени Индустри


Стечајниот управник на Фени Индустри Мирослав Анастасиевски денеска преку соопштение информира дека по добивањето на решението од Основниот суд Велес, доверителите подносители на пријавата за стечај, ги депонирале потребните средства на сметката на Фени Индустри. Стечајниот управник најавува дека првиот чекор кон стабилизација е исплата на платите на вработените, за што е почната процедура за […]

Од 1 јануари електронски ќе се поднесуваат пресметки за персонален данок на доход


Од 1 јануари 2018 година почнува електронското поднесување пресметки за персонален данок на доход, а од 2019 година треба да почне издавањето пополнета годишна даночна пријава од страна на УЈП, соопшти денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска. На завршниот настан од едногодишниот проект, што овозможи креирање на новата електронска алатка на УЈП – „е-персонален данок […]

Тевдовски: Буџетот за 2018 година ќе биде донесен навреме


Министерот за финансии Драган Тевдовски очекува буџетот за 2018 година да биде донесен на време и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на расправата во матичната собраниска комисија. – Цврсто верувам дека буџетот ќе се донесе. Гледаме дека се одблокира работата на комисијата. За мене е важно што има дебата, а лично би бил најсреќен […]

Второто издание на проектот „Сонуваме.Менуваме“ на Стопанска банка


Стопанска банка АД – Скопје преку организација на второто издание на проектот „Сонуваме.Менуваме“ и овој декември се насочува кон децата со посебни потреби или пречки во развојот и потребата за нивна постојана инклузија во општеството. На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија кои веќе 10 години ја збогатуваат домашната едукативна […]

Сојузот на синдикати ќе бира нов претседател


Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го продолжи Вонредниот конгрес којшто беше прекинат на 11 ноември, а на кој требаше да биде избран нов претседател на ССМ. Продолжението на конгресот е закажано за 12 часот, а ќе се одржи во Скопје во објектот на ССМ. Пред одржувањето на Конгресот најавено е обраќање на претседавачот […]

Ќе се укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот


Ќе се укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот, согласно одлуката што е донесена на денешната владина седница. Владата донесе одлука со која го задолжува Министерството за економија, во рок од два месеци, да достави предлог за изменување на Законот за трговија за укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на […]

ЕУ објави црна листа на држави – даночни раеви


Брисел – Европските министри за финансии објавија црна листа на која се 17 држави за кои се наведува дека се даночни раеви, додека 47 други нации ветија реформи за да избегнат да бидат етикетирани како даночни засолништа Во пакетот мерки што ги усвои Советот на министри за економија и финансии на ЕУ се 17 држави […]

Шпаркасе: Во соработка со МВР спроведуваме истрага за инциденти во сефовското работење


Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно законските прописи спроведува истражна постапка во однос на изолираните пријавени инциденти во сефовското работење, известуваат од банката. „Шпаркасе Банка Македонија продолжува регуларно да ги извршува активностите во доменот на сефовското работење согласно поставените интерни процедури и законските прописи. Банката ги преземa сите мерки за […]