Следната година ќе се даваат мотивациски субвенции за тутунарите


Следната година ќе има измени и дополнувања во Законот за тутун со кои ќе се воведе мотивирачки пораст на субвенциите. За прва класа тутун субвенцијата ќе биде 80 денари за килограм, за втора класа тутун ќе се дава субвенција од 70 денари, а за третата и другите класи останува субвенцијата од 60 денари за килограм. […]

Се влошуваат условите за водење бизнис во Македонија


Изминатава година се влошиле условите за водење бизнис во Македонија. Американскиот магазин „Форбс“ ја рангираше Македонија на 63. место на листата на најдобри земји за водење бизнис. Тоа е пад од 28 позиции споредено со претходната година кога Македонија беше 35. во светот. „Форбс“ регистрира пад на шест од 15 категории, меѓу кои се бележи […]

Македонија со пад од 28 места на листата на „Форбс“ за водење бизнис


Македонија е рангирана на 63 место во светот на листата на најдобри земји за водере на бизнис која ја објавува американското списание Форбс. Тоа е пад од 28 позиции споредено со ланското рангирање каде што Македонија се наоѓаше на 35 позиција во светот. Американскиот магазин мери 15 различни сегменти на развој на бизнисот, вклучувајќи ги […]

НБРМ издаде ковани пари за колекционерски цели


Народната банка на Република Македонија пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“, „Тркало на среќата“, „Јарец“ и „Водолија“ од серијата „Хороскопски знаци“. Кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“ на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани слики на св. Вера (со крст), св. […]

Заев: Ќе се стимулира побарувачката на тутун и ќе се стабилизира прилепскиот комбинат


Откупот на тутунот се одвива непречено, без проблеми. Реколтата е квалитетна и досега е постигната просечна откупна цена од 209,5 денари и заедно со субвенцијата која во рокот ќе се исплати, тутунарите во просек од годинашнава реколта ќе добијат 269 денари или 4,4 евра, што се достоинствени приходи. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев […]

Стратегија и менаџирање со ресурсите за подобар туризам


Стратегија, менаџмент со ресурси и инфраструктура се неопходни за развој на македонскиот туризам, порачаа денеска Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) по потпишувањето на Меморандумот за соработка. Стопанствениците се согласни дека фокус треба да се стави на планинскиот, конференцискиот и бањскиот туризам кои, како што рекоа, стануваат […]

Нов проект за изградба на експресен пат во зоната Визбегово – Стенковец


Премиерот Зоран Заев и претставници на Здружението на приватни стопанственици од индустриската зона Визбегово-Стенковец вечерва на средба во Владата се договориле да се подготви нов проект за експресен пат низ  зона, како решение од заеднички интерес, а општините низ кои минува делницата да изработат нови или да ги усогласат постојните детални урбанистички планови. Состанокот, информираат […]

Капиталните инвестиции крахираа


Во изминатите единаесет месеци едвај се реализирани половина од капиталните инвестиции. Според податоците од Министерството за финансии, Владата потрошила само 225 милиони евра или само 58,4 отсто од вкупно планираната сума за оваа година. Потфрлувањето е уште поголемо ако се земе предвид дека со ребалансот на буџетот веќе еднаш се скратија парите за капитални инвестиции […]

Се фаќаат врски за да се заврши работа на шалтер


За да добијат некоја услуга од јавна администрација, граѓаните треба да фаќаат врски. Така сметаат 63 отсто од испитаните лица во рамките на истражувањето што го направи центарот за европски стратегии „Евротинк“. Вкупно 82 отсто од граѓаните имаат поплаки и се жалат на односот на вработените во јавните институции. Најголемо е незадоволството од здравството и […]

Откажан штрајкот на машиновозачите, ќе ја чекаат ноемвриска плата


Вработените во МЖ Транспорт на денешниот состанок се договорија да не ја спроведат претходно донесената одлука утре да го прекинат железничкиот сообраќај поради најавата дека во текот на неделава ќе им биде исплатена во целост ноемвриската плата, изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје. Раководството на МЖ Транспорт […]

Во октомври 75,4 отсто од потрошената струја од домашни извори


Македонија во октомври годинава вкупно потрошила 564.378 мегават часови електрична енергија, 23.802 милиони нормални метри кубни природен гас, 407.265 тони јаглен и 86.884 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 75,4 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, додека 96,9 отсто од вкупната количина јаглен се употребени за производство на […]

Намалени цените на катастарските услуги


Стапија на сила новите три тарифници со кои во просек од 20 до 90 проценти се намалуваат цените на услугите што ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности. – Во тарифникот за надоместок за запишување на инфраструктурни објекти цените се намалуваат во просек за 90 проценти. Во тарифникот за запишување на недвижности во Катастарот се […]

Сугарески: Ќе се потпишуваат два анекса за автопатот Кичево-Охрид


На кинеската компанија Синохидро најверојатно ќе предложиме два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид. Првиот ќе биде за продолжување на рокот за градба за уште околу три години, а вториот за дополнителната сума за доизградба, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. – За дополнителната сума се уште се прегвара и затоа најверојатно […]

Бензините и дизелот поскапуваат половина денар


Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за еден денар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на Еуросупер БС-95  ќе изнесува 66,50 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 68 денари за литар, на Еуродизелот 55 денари, а […]

Необразованите најмногу меѓу невработените


Над 102 илјади невработени лица чекаат вработување во Македонија. И покрај тоа што стапката на невработеност континуирано се намалува во последните десетина години и достигна историски најниски 22,1 отсто, статистиката на Агенцијата за вработување покажува дека има голем број лица кои тешко можат да најдат работа. Податоците на берзата на труд покажуваат дека најголем дел […]

Алармантни податоци: 600.000 возила нерегистрирани, осигурителните компании бараат Владата да реагира


Во текот на минатата година имало нерегистрирани 573.725 возила од кои на автомобилите отпаѓаат 407.089. На територија на градот Скопје, пак бројот на нерегестрирани возила изнесувал 201.737 од кои автомобили се 158.178, покажува статистиката на МВР. Осигурителните компании во Македонија преку Националното биро за осигурување најдоцна до почетокот на наредната година ќе предложат до Министерството […]

Царовска: Закон ги даде резултатите, 88.000 граѓани добија 12.000 денари плата


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска смета дека иако повеќе фактори влијаат на покачувањето на просечната плата во Македонија, сепак големо влијание има и покачувањето на минималната плата. – За да растат просечните плати во Македонија влијаат повеќе фактори. Но, секако дека минималната плата и Законот го дадоа резултатот. Јас излегов и со […]

Собранието го донесе Буџетот за наредната година


Собранието на Република Македонија во рамки на 26. седница попладнево со 62 гласа „за“ ниту еден против и воздржан го донесе Буџетот за 2018 година во кој вкупните приходи се проектирани на 193,5 милијарди денари, а расходите на 211,7 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 18,2 милијарди денари или 2,7 проценти од БДП, односно […]

Влада: Исклучените од парно нема да плаќаат паушал


Домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје следната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот, што во моментов го плаќаат, информира денеска Владата. Проблемот со кој се соочуваат граѓаните Владата предвиде да го реши во рамки на новиот предлог Закон за енергетика, се наведува во владиното соопштение. Во подзаконските акти на Законот […]

Просечната нето плата во октомври е 23.356 денари


Просечната исплатена нето-плата во октомври изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во споредба со октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, зголемување на нето-платата има во секторите уметност, забава и рекреација, рударство и вадење на камен и преработувачка индустрија. Во однос на септември зголемување на нето-платата е забележано […]