Венецуела ја девалвира валутата за речиси 100 проценти


Централната банка на Венецуела објави објави девалвација на националната валута со над 99 отсто во однос на официјалниот девизен курс. Тоа се случува неколку дена откако Меѓународниот монетарен фонд прогнозираше инфлација од 13.000 проценти во Венецуела во 2018 година. Централната банка соопшти дека првата аукција на новиот систем на ДИКОМ донела девизен курс од околу […]

Коосновачот на „Епл“: Заврши експериментот со биткоинтот


Коосновачот на „Епл“, Стив Возниак откри дека извесен период експерименирал со виртуелната валута биткоин, но потоа ги продал. Тој изјави дека во еден момент одлучил дека му е доста од експериментирање со виртуелните валути и ги продал сите биткоини што ги поседувал. Тој ги продал биткоините кога неговата вредност била околу 20.000 долари. Возниак не […]

Туристичката понуда на Македонија претставена на саем во Брисел


Туристичката понуда на Македонија е претставена на 60. меѓународен саем за туризам во Брисел (Brussels Holiday Fair). Во тек на саемот е остварена средба на претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и на тур-операторот „Томас Кук“, од каде информирале дека бројот на туристи кои патуваат за Македонија од година во година […]

Извозот лани забележал раст од 18,5 отсто


Вредноста на извезените стоки од Македонија минатата година изнесува 5.671.466 илјади американски долари и бележи пораст од 18,5 проценти во однос на претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 7.719.852 илјади американски долари, што е за 14,2 отсто повеќе во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, […]

Поевтинува дизелот, поскапува еуросупер 95


Цените на дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59, односно за 1,21 отсто. Новата малопродажна цена на […]

Укината автобуската линија меѓу Скопје и Солун


Со редовната автобуска линија Скопје-Солун-Скопје изминатиот викенд од кај нашиот јужен сосед се вратија последните патници. Редовниот автобуски превозник „Македонија сообраќај“, по 15 години функционирање, од почетокот на месецот не вози патници на оваа меѓународна линија. Поради спор кој речиси четири години се води во Управниот суд со Министерството за транспорт и врски, македонскиот превозник […]

Падна цената на нафтата на светската берза


Цената на нафтата на светската берза минатата недела падна од највисокото ниво во последните три години, што е последица на растот на производство во САД и јакнење на доларот откако неколку недели беше под притисок. На лондонската берза цената на барел нафта минатата недела се намали за 2,7 отсто, на 68,62 долари, додека на американската […]

РКЕ: Тарифите за водните услуги со законот се формираат транспарентно


Во Република Македонија првпат со Законот за утврдување на цените на водните услуги во јануари 2016 година, тарифите за водни услуги се формираат на транспарентен начин, по методологија која се користи во многу земји во регионот и во рамки на Европската Унија. Ова го посочува Регулаторната комисија за енергетика во соопштение во кое ги демантира […]

Кавадаречка „Фени“ почнува со работа


Кавадаречки Фени Индустри АД – во стечај ќе почне со работа откако Одборот на доверители донесе одлука за склучување договор за преработка на никелова руда на овој комбинат со единствениот понудувач друштвото GSOL, за минимален месечен надомест од 1.200.000 евра, соопшти денеска Одборот на доверители на Фени индустри АД – во стечај. Одлуката на Одборот […]

Лукаревска: Сите физички лица не се обврзници за ДДВ


Новата Влада нема направено никаква законска измена во поглед на ДДВ, а во постапувањето на УЈП не постои промена по ова прашање. Сите физички лица не се обврзници за цели на ДДВ, напротив станува збор за многу мал број лица. Ова го изјави директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска одговорајќи на новинарски прашања […]

НБРМ: Состојбите во економијата се подобруваат


Состојбите во економијата се подобруваат. Податоците на НБРМ за економската активност за третиот и расположливите податоци за четвртиот квартал од минатата година упатуваат на постепено подобрување на состојбата во економијата. – Ваквите поместувања испраќаат сигнали за понатамошно стабилизирање на очекувањата и довербата на домашните економски субјекти. Надворешната позиција на економијата и понатаму се оценува како […]

Заев: Партнерството меѓу владите, приватниот сектор и образованието за напредно општество


Партнерството меѓу владите, приватниот сектор и образовните системи обезбедува мотивирачко и напредно општество, истакна премиерот Зоран Заев на денешното свечено отворање на Институтот за бизнис и менаџмент од Хајделберг со седиште во Скопје, кој во соработка со Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), ја организираа Првата меѓународна конференција со наслов „Меѓународни стандарди за контролинг-имплементација […]

China Railway Group Limited заинтересирана за капитални проекти во Македонија


Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Македонски Железници – Инфраструктура, Ирфан Асани, денеска имаа средба со претставници на кинеската компанија China Railway Group Limited. На средбата, како што соопшти министерството, се разговарало за инфраструктурните проекти во делот на изградба и реконструкција на Железницата во Република Македонија. Сугарески пред претставниците на China […]

Вработени во „Веибо Груп“ го блокираа патот Куманово-Крива Паланка-три месеци не земале плата


Поради протестот на 200 работници од „Веибо Груп“ од Крива Паланка, магистралниот пат Куманово – Крива Паланка беше блокиран три часа. Работниците искажувајќи револт го блокираа патот поради тоа што од денеска останаа на улица со три неисплатени плати и придонеси за здравствено осигурување, како и К-15. На протестот на работниците пристигна и градоначалникот на […]

Ивица Јакимовски нов претседател на Градежна комора на Македонија


Ивица Јакимовски д.и.а., генерален директор на градежната компанија „Голден Арт“ е избран за претседател на Градежната комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). Компаниите членови на Градежната комора на Македонија, на годишното собрание едногласно му го доделија мандатот за следните две години. – Создавање подобра бизнис клима за компаниите од градежниот […]

УЈП: До 15 март да се пријават дополнителни приходи во 2017


Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните до 15 март да поднесат Годишна даночна пријава доколу во 2017 година оствариле дополнителни приходи во земјата и од странство. Како што информираат треба да се пријават приходи остварени по основ на награди, бонуси и други надоместоци од работен однос, кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп), […]

Македонија има 52.210 долари богатство по глава на жител


Глобалното богатство е зголемено за 66 отсто, но богатството по глава на жител во државите со високи приходи е 52 пати поголемо отколку во држави со ниски приходи. Во извештајот на Светска банка „Промени во богатството на нациите 2018“ се нагласува дека намалување на богатството по жител е регистрирано во неколку големи држави со ниски […]

УЈП: Нови рокови и начин на пријавување персонален данок на доход


Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, од 1 јануари 2018 година се воведе нов начин на пресметување и плаќање на персонален данок на доход, со поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок е-пдд.ујп.гов.мк. Треба да поднесат електронска пресметка граѓаните за приходи […]

Македонија, Грција, Албанија и Бугарија заеднички ќе го подобруваат угостителството


Надминување на регионалните проблеми во областа на угостителсвтото и туризмот и развој на заеднички иницијативи предвидува Проектот ХЕЛИКС што ќе се спроведува во наредните две години во Македонија, Албанија, Бугарија и Грција. Носители на проектот во вредност од 600.000 евра, финасиран од Европската унија, се шест универзитети за менаџмент и угостителство од Абланија, Бугарија и […]

Апостолска: Наскоро договори со четири-пет компании за инвестиции во Македонија


Во последните месеци има интензивен интерес за инвестирање во земјава и од странски и од домашни компании, а во многу скоро време ќе следи етабилирање на инвеститори со потпишување на договори, најави денеска министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и посочи дека веќе е потпишан договор со турската компанија Чагатај кабло. – Политичката криза е […]