Израел: Тужба против Икеа поради каталог без фотографии од жени


Во Израел е покрената тужба против Икеа поради родова дискриминација, а случајот се однесува на каталог на овој познат шведски производител на мебел објавен во еврејската држава во кој нема фотографии од жени и девојчиња. Каталогот е креиран посебно за заедницата на ултраортодоксни Евреи, наведуваат израелските медиуми. Тужбата ја поднеле Хана Кацман од градот Петах […]

ССМ предлага зголемување на минималната плата


Сојузот на синдикати на Македонија смета дека има простор да се зголеми минималната плата која во моментов изнесува 12.165 денари. Пресметките на синдикатот покажуваат дека има потреба од зголемување на минималната плата за најмалку 12 проценти. – ССМ укажува дека во услови кога синдикалната минимална кошница за јануари 2019 година изнесува 32.761,00 денари, а само […]

ЕВН Снабдување избран за универзален снабдувач со струја


ЕВН Македонија е избрана за најдобар понудувач на јавното електронско наддавање на тендерот за избор на Универзален снабдувач со електрична енергија. Компанијата  што и до сега ги снабдуваше граѓаните со електрична енергија понудила најниска маржа од 11,5 проценти. Почетната понудена маржа на ЕВН Снабдување беше 14,4 отсто. Денеска, беше организирана електронска аукција, каде што по […]

Нови 212 вработувања во Алкалоид, раст на добивката


„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 7.506.114.294 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци […]

„Еделвајс“ најави летови Цирих-Охрид од април годинава


Швајцарската авиокомпанија „Еделвајс“  објави дека од 6 април годинава ќе лета двапати неделно на линијата Цирих – Охрид и обратно. „Еделвајс“ ќе сообраќа на новата линија од Цирих до аеродормот „Св. Апостол Павле“ секоја сабота, а од јули до август и секој вторник. Линијата ќе ја опслужува со авион од типот „Ербас А 320“. На […]

OKTA во 2018 со зголемена продажбата на странските пазари


ОКТА ја обележа 2018 година со подобрување на продажбата, главно благодарение на значителното зголемување на продажбата на странскиот пазар и успешното одржување на високиот домашен пазарен удел. И покрај сите предизвици со кои се соочи во текот на 2018 година, компанијата успеа да истрае во конкурентното пазарно окружување и да биде еден од двигателите на […]

Богатите Британци – побогати, сиромашните – посиромашни


Приходите во најбогатите домаќинства во Велика Британија растеа минатата година, додека најсиромашните семејства станаа уште посиромашни. Ова го зборуваат податоците за распределба на приходите на британската Канцеларија за национална статистика. Од нив се гледа дека просечниот приход на најсиромашната петтина на населението се намалиле за 1,6 отсто, главно поради падот на просечната вредност на паричната […]

Комплетирана првата транша од 100-те милиони евра евтини кредити од ЕИБ


Со 15 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка – ЕИБ, ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми, кои првично ќе отворат околу 160 работни места. Директорот на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) Драган Мартиновски го информирал министерот за финансии Драган Тевдовски дека со ова е комплетирана првата транша […]

Тевдовски: Преку 30 милиони евра за локални проекти во Битола


Министерот за финансиии Драган Тевдовски најави повеќе локални проекти за општина Битола, за време на трибината која денеска се одржа во овој град со наслов „Фер општество-шанса за сите“. До крајот на годината, рече Тевдовски, се очекува почеток на изградбата на Пречистителна станица Битола, а во текот на годината треба да заврши изградбата на уличната […]

Се пресметува дали општините можат да преземаат нови надлежности


Работна група формирана од Владата проверува дали општините имаат доволно пари да ги финансираат надлежностите кои им се пренесени со децентрализацијата. Не е целта да им се одземат надлежности, зашто тогаш нема фискална децентрализација, вели Ширет Елези, заменик-министер за финансии. „Тоа би било враќање назад и непочитување на европската и домашната регулатива. Целта е да […]

Рајанер и Визер не смеат да наплаќаат повеќе за поголем рачен багаж


Италија им изрече парични казни на авиопревозниците Рајанер и Визер за нивните нови правила за рачен багаж. Агенцијата за заштита на конкуренцијата во Италија (АГЦМ) соопшти дека таксите од пет до 25 евра, кои компаниите ги наплаќаат на патниците, за да земат поголеми куфери во авионот, претставуваат прекршување. Рајанер е казнет со три милиони евра, […]

Даути: Во Косово се извезува македонско брашно


Во Косово се извезува македонско брашно, а српскиот министер Расим Љајиќ проблемот со косовските такси за српските производи треба да го решава во Брисел, а не преку трговците во Македонија, порачува сопственикот на „Даути комерц“, Џемаил Даути. -Факт е дека македонските мелничари увезуваат пченица од Србија, но ние имаме и сопствено производство. Брашното што се […]

„На кафе во Солун“ – нов проект на македонските и грчките железници


Македонски железници – Транспорт е во преговори со грчкото железничко претпријатие TrainOSE за воведување на нови поаѓања од Скопје за Солун, за туристичките центри Лептокарија и Неи Пори, но и за директна врска од Скопје до Истанбул, јавува „Мета“. Проектот „На кафе во Солун“ ќе овозможи секојдневно железничко поврзување меѓу Скопје и омилената дестинација за […]

„Алкалоид“ ќе соработува во програмата за практикантство со уште два факултети при УКИМ: Медицинскиот и Технолошко-металуршкиот факултет


Со цел да се поттикне развојот на креативноста кај студентите, личното и професионално профилирање како и подготвеноста за соочување со идни професионални предизвици „Алкалоид АД Скопје“ потпиша „Меморандум за соработка за програмата за практикантство“ со уште два факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје – Медицинскиот и Технолошко-металуршкиот факултет. Практикантството во „Алкалоид АД […]

Тевдовски: Успешно се реализираат мерките од Програмата за економски реформи


Министерството за финансии ќе продолжи да го зајакнува управувањето со јавните финансии, да ја подобрува фискалната дисциплина и транспарентноста во трошењето на јавните пари, истакна Министерот за финансии Драган Тевдовски на средбата со мисијата на Европската комисија за оцена на Програмата за економски реформи (ПЕР) за периодот 2019 – 2021 година. Делегацијата на ЕК ја […]

Тевдовски: Во 2018 година највисок раст на платите последните девет години


Во 2018 година имаме највисок раст на просечната нето-плата во последните девет години, дури неколкукратно повисок во однос на претходните години, вели за МИА министерот за финансии Драган Тевдовски. Како што наведува, во 2018 година се чуствува ефектот на раст на минималната плата, но исто така влијание има и растот на продуктивноста. -Во декември 2018 […]

До јуни рок за општините да одлучат како ќе се гасифицираат


Владата ги притисна општините – мора до јуни да се изјаснат како ќе ја туркаат гасификацијата. Тоа е рокот што го имаат за да одлучат дали сами ќе ја прават дистрибутивната мрежа со која гасот треба да стигне до крајните корисници или тоа ќе ѝ го препуштат на централната власт. „Ако општината има капацитет, може […]

Папас: Преспанскиот договор ќе се спроведува според предвидените рокови


Преспанскиот договор е доста детален и спроведувањето ќе се случува со предвидените временски рокови, рече денеска грчкиот министер за дигитални политики и телекомуникации Никос Папас, одговарајќи на новинарско прашање зошто на граничните премини за влез во Грција на граѓаните на Северна Република Македонија покрај печатите во пасошите се уште им се бараат и формулари.   […]

Заев ги охрабри албанските бизнисмени за поголеми инвестиции, најави подобро инфраструктурно поврзување


Албански компании заинтересирани да инвестираат во различни области во Северна Македонија вчера остварија средба со премиерот Зоран Заев и дел од членовите на Владата од економските сектори. Од премиерот добија охрабрување да ја зголемат трговијата и меѓусебното инвестирање и дека Владата работи на сериозни инфраструктурни проекти за подобро поврзување на земјите. Премиерот Заев, како што […]

Новиот Форд Фокус – автомобил на годината во Македонија


Комплетно новиот Ford Focus е прогласен за Автомобил на годината за 2019 во Македонија, откако оваа титула претходно ја понесе во Словенија и во Хрватска. Исто така, Focus е еден од седумте автомобили на кратката листа за наградата Европски автомобил на годината, која ќе биде најавена во март. Стручно жири, по 24-ти пат, ги вреднуваше, […]