Со Арбитража споровите се решаваат за шест месеци


Идентичен соодносот на постапки што се поведуваат со и без меѓународен елемент покажаа статистичките податоци за работењето на Постојаниот избран суд – Арбитража. Во последните две години, 46 отсто од поведените постапки биле спорови што имаат карактер на спор без меѓународен елемент, додека пак 54 отсто биле постапки поведени во спорови со меѓународен елемент. Прилично […]

Квадрат стан во Скопје лани чинел 760 евра, во другите градови 550


Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2018 година изнесувала 43.155 денари, што е за 3,2 отсто повеќе во однос на 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во Скопје, метар квадратен лани чинел 46.764 денари, што е за 7 отсто повеќе од 2017 година, додека во останатите населени места во државата цената била […]

Извозот во Русија се одвива непречено и бележи постојан раст


Македонската економија во првите неколку месеци од годинава бележи зголемување на вкупниот извоз на пазарот во Русија за 41 процент, од кои само кај земјоделските и прехранбените производи растот изнесува 90 проценти за месец јануари, споредено со истиот месец минатата година. Ова беше истакнато на денешната свеченост по повод одбележувањето 14 години Македонско-руска стопанска комора […]

Пчеларството во тренд, станува и семеен бизнис


Пчеларството оди во нагорна линија и е важен елемент во сите сфери на современиот човек. Имаме пчелари од сите бранши и од сите старосни структури. Пчеларството станува семеен бизнис. Голем број млади се определуваат да се занимаваат со пчеларство, истакна денеска претседателот на Пчеларската федерација, Јане Марков на отворањето на Пчеларскиот саем на плоштадот „Македонија“ […]

Стапката на невработеност во 2018 била 20,7 отсто


Стапката на невработеност во 2018 година изнесувала 20,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на невработеност во 2017 година, покажуваат податоците на заводот, била 22,4 отсто. Активното население во 2018 година изнесува 957.623 лица, од кои вработени се 759. 054, а 198.569 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е […]

Градежна комора при ССК: Становите ќе поскапуваат поради зголемените трошоци


Повисоки цени на становите во наредниот период поради постојаниот раст на трошоците за градежни материјали и за вработените, очекува Градежната комора  при Сојузот на стопански комори. – Ако сакаме, а мораме да градиме квалитетни станови, факт е дека цената ќе оди во нагорна линија, а колкав ќе биде процентот ќе покаже пазарот и тоа е […]

Просечна плата во јануари 24.517 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година изнесува 24.517 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава во однос на јануари 2018 година, бележи зголемување од два отсто. Растото се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности […]

Заев со бордот на „Македонија 2025“: Да го искористиме огромниот потенцијал за соработка


Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со новата директорка на бордот на директори на „Македонија 2025“ Вера Ставроф и новиот главен извршен директор Никица Мојсоска-Блажевски за можностите на продлабочување на соработката во насока на поддршка на економскиот развој на земјата. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ја посочил важноста на процесот на зачленувањето […]

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории


Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија. -Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за […]

Ќе се забрани увоз на лисици за мачење


Македонија и со регулирање на трговијата треба да покаже дека е против мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување и дека ја почитува Европската конвенција за човекови права. Министерството за економија веќе го подготвува законот за контрола на надворешно-трговскиот промет со одредени стоки кои може да се користат за смртна казна, тортура или друго сурово, […]

Нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен


Со првиот лет на авиокомпанијата „Виз ер“ од меѓународниот аеродром „Скопје“ до германски Баден-Баден денеска официјално беше одбележано воведувањето на две нови дестинации од скопскиот аеродром. До Баден-Баден ќе се патува два пати неделно, секој вторник и сабота, а покрај оваа дестинација од скопскиот аеродром двапати неделно, во среда и недела, ќе има лет и […]

Брегзит не ги засега – најниска стапка на невработеност во половина век


Најновиот извештај за невработеност во Велика Британија покажува дека стапката на невработеност на Островот достигна најниско ниво во последните 44 години. Стапката на невработеност изнесува само 3,9 отсто, што е пад за 4 отсто колку што изнесуваше минатиот месец. Тоа е најниско ниво од јануари 1975 година, кога Харолд Вилсон беше премиер на Велика Британија. […]

Од 1 април почнува доставувањето на претпополнетите годишни даночни пријави


Управата за јавни приходи од почетокот на наредниот месец ќе почне да ги доставува на граѓаните претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот на 2018 година. Пријавата граѓаните ќе ја добијат електронски и ќе треба да ја потврдат или коригираат. Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава. До […]

Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен


На Скопскиот аеродром денеска ќе биде одбележано почнувањето на новите летови од и до германските градови Баден-Баден и Бремен на кои линии ќе лета  нискобуџетната авиокомпанија „Визер“. На свеченоста се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во државава. Согласно со […]

Цела производна линија на „Горење“ од Велење се сели во Валјево


Преселбата на последната преостаната производна линија за разладни уреди од Велење, Словенија во фабриката „Горење“  во Валјево, ќе заврши во април, пренесуваат регионалните медиуми. Капацитетот на фабриката во Валјево така ќе се зголеми за 150.000 уреди годишно. Со проширување на производството и изградбата на дополнителните производни хали, „Горење“ Валјево ќе стане центар за производство на […]

Нов правилник: Ќе се знае колку вода, а колку месо има во ќебапчињата


Потрошувачите ќе знаат колку вода, протеини и адитиви има во пакуваното мелено месо, полуготовите ќебапчиња и плескавици што се продаваат во месарниците. Според новиот правилник кој стапува во сила од 1 мај годинава, на декларациите, покрај протеините, ќе мора да биде наведена и содржината на колаген во протеините од месото и дали се подготвени од […]

Од 1 мај на сила новиот Правилник за пакуваните продукти од мелено месо


На пакуваните полуготови ќебапчиња и плескавици што може да се купат во маркетите или месарниците, од 1 мај годинава ќе мора да пишува колку протеини и вода имаат, кои адитиви ги содржат, дали се направени од свежо или замрзнато месо,… Ова се само дел од обврските што ги наметнува новиот Правилник за мелено месо со […]

Државата лани изгубила над 18 милиони евра поради нелегалниот бизнис со режан тутун


Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје деновиве заплени над 317 килограми сечкан тутун за пушење кој требал да биде пуштен на продажба на „Бит пазар“ во Скопје, а за кој не била платена акциза во висина од околу 500.000 денари. Под сомнение за шверц на режан тутун против три […]

Бешлиев: Извозот во Русија без проблеми, прифатени сертификатите со новото име на државата


Руските царински власти потврдија дека увозот на македонски производи се реализира без никаков проблем. Три камиони свежо овошје и зеленчук или околу 60 тони веќе ја поминале границата со декларација на која стои ПЈРМ и сертифкат на кој го пишува новото име – Република Северна Македонија. Како што изјави директорот на Македонско-руската стопанска комора Дејан […]

Од полноќ поскапуваат бензините


Бензините поскапуваат за 1,5 односно 1 денар по литар, додека цената на дизелот се намалува за половина денар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на седницата одржана денеска. Според објавената одлука, од полноќ, литар ЕУРОСПУЕР 95 ќе се продава за 1,5 денари поскапо и ќе чини 66 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР 98 кој […]