Анѓушев: Цените на горивата во рамки на претходно утврдените од РКЕ


Цените што нафтените компании ги дефинираа на пазарот, односно на нивните бензиски пумпи се исти или слични какви што би биле и по методологијата што до скоро се применуваше. Што значи дека тие направија еден коректен пристап кон пазарот и не ги зголемија цените, иако пазарот во овој период е либерален, се до донесувањето на […]

Манчевски: Данокот на добивка за ИКТ компаниите ќе се намали на три проценти


Многу скоро ќе го намалиме  данокот на добивка за ИКТ компании за одредени дејности на три проценти и се надеваме дека  голем број домашни и странски компании ќе ги зголемат своите капацитети, ќе отворат нови  работни места со многу подостоинствени плати, како што тоа го нудат ИТ компаниите, изјави денеска министерот за информатичко општество и […]

Државните претпријатија трошат пари речиси без контрола


Државниот завод за ревизија во последните 15 години спровел само 110 ревизии во 60 државни претпријатија, односно во 42 отсто од вкупниот број. Доминантен дел од претпријатијата (58 отсто) немале ревизорска контрола ниту еднаш во изминатите 15 години. Притоа, најголемото државно претпријатие АД „Електрани“ последен пат било субјект на целосна финансиска ревизија во 2007 година. Станува […]

Од утре поевтини повици и пораки меѓу земјите во ЕУ


Од 15 мај 2019 година телефонските оператори веќе нема да можат да наплаќаат повеќе од 19 центи за минута за разговори во Европа. Телефонските оператори веќе нема да можат да наплаќаат високи тарифи за повици и текстуални пораки меѓу европските земји. Се очекува оваа мерка, која беше усвоена од страна на пратениците на Европскиот парламент […]

Пратениците бизнисмени не ги пријавиле фирмите во Антикорупциска


Само пратеникот Панчо Минов од ГРОМ во својата имотна листа го пријавил Друштвото за угостителство, трговија, производство и услуги „Пели“ ДОО Кавадарци. Станува збор за друштво со ограничена одговорност чија приоритетна дејност се ресторани и други објекти за послужување на храна. Останатите не пријавиле дека поседуваат компании, а се работи за уште 14 пратеници кои […]

Нов рок за автопатот до Штип е крајот на месецов


По неколку најави за сигурно пуштање за сообраќај на автопатот Миладиновци-Штип, и потоа одложувања, вчера стигна нов рок – за 10-15 дена. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов изјави дека уште 10-ина километри автопат немаат заштитна мрежа и кога таа ќе се допостави ќе може да се вози по автопатот. „На мое […]

Трговците од денеска сами ги определуваат цените на горивата


Трговците од денеска сами можат да ги определат малопродажните цени на нафтата и нафтените деривата кои ги продаваат на нивните бензински пумпи, поради правниот вакуум предизвикан со не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател Ѓорге Иванов заради што не можеше навреме да биде донесена новата методологија по која Регулаторната комисија за […]

Тевдовски: Се подобрува реализацијата на капиталните инвестиции


Има подобрување во реализацијата на капиталните инвестиции, ги следиме приходната и расходната страна на Буџетот и кога ќе утврдиме дека е потребно да се прават корекции тоа ќе го соопштиме, рече министерот за финансии Драган Тевдовски, во одговор на новинарско прашање за реализацијата на капиталните инвестиции и евентуален ребаланс на буџетот по неодамнешната изјава на […]

Макпетрол за еден денар ќе ја намали цената на бензините


„Макпетрол“ АД Скопје од ноќеска на полноќ  за еден денар ќе ги намали малопродажните цени на бензините, цената на дизел горивото ќе поскапи за половина денар, а на екстра лесното масло за домаќинство за два денара по литар. – Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 71 денари за литар, Ultra 100 Race Pro за […]

Томески: Дождовите се добредојдени за земјоделските култури


Дождовите се очекувани и добредојдени и за есенските и за пролетните земјоделски култури, велат од Агенцијата за поттикнување на земјоделското производство во Прилеп. Според Горан Томески, агроном-советник во Агенцијата, очекуваните дождови ќе ја подобрат хидролошката состојба што беше лоша поради сушниот период во раната пролет. Житните култури се во одлична состојба, а дождот е добар за […]

Тевдовски: Министерството за финансии целосно посветено на реформите


Министерот за финансии Драган Тевдовски во коментар на најавите за промени  на функционери од централната и локалната власт истакнува дека е задоволен од промените и реформите што се направени во Министерството и органите во негов состав, на кои, како што вели, се целосно посветени. -Министерството за финансии е целосно посветени на реформите и веќе се […]

(Фото) Како изгледа животот во Словенија по 15 години во Европската Унија?


По 15 години членство во Европската Унија, Словенија има 268.039 приклучоци на канализациската мрежа, а пред интеграцијата имаше 171.555. Речиси сто илјади приклучоци повеќе. Можеби овие бројки имаат призвук на иронија, но статистиката покажува дека Словенија по една и пол деценија од интеграцијата во Европската Унија, е навистина подобро место за живеење. Просечниот животен век […]

Словенија има недостиг од работници: Дури и кадрите од поранешна Југославија не се доволни


Ситуацијата со недостиг на квалификувана работна сила во Словенија се влошува и изгледа полоша отколку пред кризата во 2008 година. Како што пренесува агенцијата СТА, речиси 50 отсто од работодавците се соочиле со недостиг на персонал во текот на изминатите шест месеци, а големите компании во тоа учествуваат со 70 отсто, објави СТА. Според Бирото […]

Завршува изградбата на Коридорот 10: Од сабота по автопат низ Грделичката Клисура


Српската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ најави дека в саботата, 18 мај, ќе биде отворен целиот јужен крак од Коридорот 10. Михајловиќ изјави за РТС дека овој пат е важен за регионално поврзување, како и за цела Србија. Министерката вели дека граѓаните од сабота ќе бидат во можност да ја поминат Грделичката […]

РКЕ: Не очекуваме трговците со нафта и нафтени деривати да предизвикаат ценовен шок


Трговците од ноќеска на полноќ сами ќе можат да ги определат малопродажните цени на нафтата и нафтените деривата кои ги продаваат на нивните бензински пумпи, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски ги повикува да не предизвикуваат ценовен шок за граѓаните. Според него, доколку се следат движењата на светската берза на нафтата […]

Од денеска до 28 јуни Скопјани може да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата


Од денеска до 28 јуни годинава граѓаните на Скопје ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот. -Корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода […]

Забрзувањето на евроатлантските интеграции може значително да ги зголеми странските инвестиции


Забрзувањето на процесот на интегрирање во Европската Унија и членството во НАТО може да донесе бројни придобивки за нашата економија. Искуствата на економиите кои веќе минаа низ овој процес покажуваат дека зголемувањето на извесноста за побрзо приклучување во ЕУ е исклучително важен и позитивен сигнал за перспективите на една економија каква што е нашата.  Тие посочуваат […]

Во март зголемени увозните цени на горивата


Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во март годинава се повисоки за 3,8  отсто на месечно ниво и за 13,3 отсто на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на моторниот бензин пораснала за 11,1 отсто на месечно ниво, на дизелот за 2,5 отсто, на керозинот за 5,3 отсто, […]

Регистар на вистински сопственици на фирми до крајот на годинава


Заклучно со февруари годинава од Централниот регистар се избришани вкупно 3.603 фирми по основ на недоставена годишна сметка, невпишан влог и неупис на поштенско сандаче, како и уште 3.200 субјекти поради ликвидација и стечај. Како што соопшти денеска на прес-конференција директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски, годинава, до денеска, се основани 2.637 деловни субјекти, […]

Со бугарска помош до подобра примена на мерките за енергетска ефикасност


Македонски и бугарски експерти ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства од областа на енергетската ефикасност. Тоа го овозможува Меморандумот за соработка што го потпишаа Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и Бугарската агенција за одржлив енергетски развој во рамки на работилница на тема „Одржлив енергетски развој – структура, улоги и активности“ што  се одржа […]