Поевтинуваат горивата


Од еден до еден и половина денар се намалува малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика. Според одлуката, за еден денар се намалува цената на Еуросупер БС 98, додека за денар и половина поевтинуваат Еуросупер БС 95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на […]

Царината не прифаќа извозни декларации на хартија  


Од ноќеска на полноќ стартуваше новиот царински софтвер за обработка на царински документи. Македонија е прва земја во регионот што ги исфрла хартиените царински декларации и ги заменува со дигитални. Прва обработена декларација, пет минути по полноќ, беше она на американската компанија „Адиент“ што работи во зоната во Струмица, а втората и третата беа на […]

Од милионскиот канабис-бизнис само полни магацини


Од канабис-бизнисот најавен како милионски, производителите по две години имаат само полни магацини со цвет и масло. Не можат да го продадат ни на домашниот ни на странскиот пазар. За да ги променат состојбите на незнаење, немање соодветна регулатива и неангажираност, компаниите што се лиценцирани за одгледување на канабис преку здружение во Стопанската комора, „Макканабис“, […]

Министерски мерак


Министерот за финансии Драган Тевдовски вчера се качи на еден од ровокопачите во дворот на битолската компанија „Синпекс“. Министерството за финансии информираше дека 30 општини добија механизација преку Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП). Станува збор за десет ровокопачи во вредност од 45,7 милиони денари, кои се обезбедени како грант-средства од ЕУ. Во 2013 […]

Доставено барање за стечај на штипски „Бетон“


Тројца доверители доставиле барање до штипскиот Основен суд за покренување на стечајна постапка на градежната компанија „Бетон“ од Штип. Судијата и портпарол на Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова вели дека на 13 јуни е закажана претходна постапка, односно рочиште на кое ќе се изнесуваат докази и извешати, а по изнесените докази ќе се одлучи […]

Анѓушев: Петпати зголемени странските инвестиции во првиот квартал


Капиталот на странски фирми кои донеле пари во нашата држава за да градат фабрики во првиот квартал од годинава изнесуваат 78,8 милиони евра. Тоа е петпати повеќе  од просекот  во последните седум години за истиот период или за 227 проценти повеќе од претходно најуспешната година 2012  кога биле донесени 34,7 милиони евра, порача денеска вицепремиерот […]

Од утре плаќање во кеш најмногу до 500 евра


Министерството за финансии ја продолжува борбата против сивата економија и за таа борба има институционален капацитет, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски. За време на денешната работна посета во Битола, министерот Тевдовски потврди дека од утре стапува на сила законското решение според кое во платниот промет, во кеш ќе може да се плаќа само до […]

Мицкоски: Заев донесе црн рекорд во економијата, а ќе биде и полошо


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оцени како катастрофална економската политика на владата и оцени оти поразите и измамите на Зоран заев и неговиот тим се секојдневие. „По катастрофалното лошо ниво на капитални инвестиции реализирани во првите четири месеци, поразителни се и бројките за странски директни инвестиции. Имено ова е најлош резултат во изминатите 10 […]

Од утре стартува дигиталната царина


Дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) стартува од ноќеска на полноќ. СОЦДАД е систем кој е во ранг на најсовремените системи што се користат од страна на земјите членки на ЕУ, и со негова примена, нашата земја е чекор понапред кон исполнување на барањата за влез во Европската Унија. Со имплементацијата […]

Даночните обврзници уште денеска можат да ги потврдат или корегираат податоците во годишната даночна пријава


Истекува рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за 2018 година што значи дека даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонлен данок имаат можност уште денеска преку своите кориснички профили да ги потврдат или корегираат податоците во даночната пријава. По истекот на овој рок, даночните пријави ќе добијат статус на конечни пријави согласно […]

Раст од 7,9 отсто на индустриското производство во првите четири месеци


Индустриското производство во април годинава порасна за 5,5 проценти во однос на минатогодишниот април, а во првите четири месеци од годинава порастот изнесува 7,9 проценти во споредба со истиот период од 2018 година. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април годинава во однос на истиот месец лани бележи пораст од 3,5 проценти, […]

Крушево, Маврово и Шара први за активен туризам


Крушево, Маврово и регионот околу Шар Планина се примарните дестинации на кои ќе се развива авантуристички туризам од типот на екотуризам, набљудување на птици, џип-сафари, искачување по карпи, параглајдинг. Веднаш зад нив се Демир Капија, Смоларските Водопади, Пониква, Беласица и Прилеп. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, за развивање на активниот туризам во земјава […]

Спортски комплекси на земјоделско земјиште под закуп


Земјоделците ќе можат да земат земјоделско земјиште под закуп од државата и на него да подигнат спортско-рекреативни комплекси, угостителски објекти, ресторани и други капацитети. Оваа можност ја најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски, објаснувајќи ги клучните измени во Законот за земјоделско земјиште, кои беа усвоени на последната седница на Владата и пратени во Собрание. „Клучно […]

Заев: Владата е фокусирана да обезбеди решенија за пласманот на земјоделските производи


Светска банка обезбеди 30 милиони евра да помогне во изведба на откупно – дистрибутивните и преработувачки центри низ државата со кои ќе ги максимaлизираме приносите и профитабилноста на земјоделците, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. Заев, во вториот дел од собраниската седница посветена на пратенички прашања, посочи дека Владата е фокусирана […]

Работникот не смее да се откаже од годишен одмор


Работникот не може да се откаже од платениот годишен одмор. Според уставните судии членот 32 став 4 од Уставниот суд предвидува дека вработените не може да се откажат од правото на платен годишен одмор. Затоа тие на вчерашната седница поведоа постапка за ставовите 1 и 2 од членот 145 од Законот за работни односи, донесен […]

Заев најави голема реализација на капиталните инвестиции


Оваа година ќе имаме голема реализација на капиталните инвестиции заради тоа што имаме проекти со избрани изведувачи, со кои разговараме да го зголемат интензитетот на изградба за да можеме да ја забрзаме исплатата, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на денешната седница на која се поставуваа пратенички прашања. Посочи дека во моментов не е задоволен од реализацијата […]

Заев: РКЕ да биде сервис на граѓаните, а не на компаниите


Ја поддржувам Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да биде сервис на граѓаните, а не на компаниите. Цената на нафтата и на бензинот е најниска во регионот и тоа така и ќе продолжи, порача денеска премиерот Зоран Заев. -Просечната маржа на трговците со нафта и нафтени деривати во текот на минатата година е 6,7 денари по […]

Тевдовски задоволен од Извештајот на ЕК: Покажуваме сериозен капацитет и одиме напред


Министерот за финансии Драган Тевдовски е задоволен од Изештајот за напредокот на земјата на Европската комисија во кој, како што оценува, јасно се потенцира дека МФ во соработка со ММФ, Светска банка, ЕК и ЕУ спроведе реформи со кои е подобрен системот на јавните финансии. -Во извештајот се јасно потенцирани клучните реформи што се направени […]

Македонците слабо плаќаат со картички на интернет


Народната банка ја објави Годишната информација за плаќањата во земјава во 2018 година. Во Информацијата се анализираат состојбите во платниот промет и платните инструменти во земјава со споредбен осврт на клучните показатели со показателите на ниво на Европската Унија (ЕУ). Учеството на трансакциите со платежни картички за вршење плаќања кај интернет-трговијата е на ниско ниво […]

Значителен пад на Волстрит втор ден по ред


САД – Цените на акциите на Волстрит значително паднаа втор ден по ред, што е последица од стравувањата на инвеститорите дека трговскиот судир меѓу САД и Кина ќе предизвика забавување на растот на светската економија. Дау Џонс (Dow Jones) ослабе 221 поен или 0,87 отсто, на 25.125 поени, додека ЕсендПи (S&P) падна 0,69 отсто на 2.783 […]