Странските туристи во Охрид сакаат активен одмор


Повеќето странски туристи во Охрид преферираат активен одмор, па одлучуваат да уживаат во недопрената природа на Галичица, погледот кон Охрид и Охридското Езеро. Доаѓаат добро информирани и со испланирана агенда, а одвојуваат еден ден за да пропешачат. Имаат на располагање три тури, од девет, 12 и 18 километри, а ја избираат најчесто првата. Од тимот […]

Се поголем интересот за органски производи, промоцијата слаба


Временските непогоди, се уште неорганизираниот и незагарантиран пласман, како и слабата промоција, се клучните предизвици со кои во моментов се соочуваат домашните производители на органска храна. Како што рекоа денеска на Фестивалот за органска храна во Скопје, задоволни се од субвенциите, иако сметаат дека државата може да одвои малку повеќе поддршка. Според производителите, од органското […]

Анѓушев: Економскиот раст над предвидувањата, економијата запловува во помирни води


Растот на економијата во првите два кварталa просечно е над предвидувањата. Очекувањата за третиот и четвртиот се дека бројките ќе бидат подобри и поохрабрувачки, а крајот на годината да се заврши и со повеќе од просечното во првите два од 3,6 отсто. Ова го истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната прес […]

Бизнис предностите на земјава презентирани на македонско-турски бизнис форум


Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан е во работна посета на Република Турција, каде што учествува на 88-миот Меѓународен саем во Измир. На саемот, соопшти денеска Кабинетот на министерот Хасан, учествуваат високи делегации од цел свет кои имаат можност да ги зајакнат трговските врски, а исто така да придонесат и за развој […]

Гувернерката и министерката за финансии ќе ја продолжат соработката воспоставена на високо ниво


Успешната соработка меѓу Народната банка и Министерството за финансии е клучна за донесувањето и спроведувањето на дел од политиките со кои се поттикнува економскиот развој на земјата. Со заеднички заложби, очекуваме дека соработката и комуникацијата меѓу двете институции и натаму ќе се остварува на веќе воспоставеното исклучително високо ниво, со максимална посветеност на заедничките приоритети […]

Преговорите за зголемување на минималната плата во тек, не се знае колкаво ќе биде покачувањето


Во тек се преговорите со сите засегнати страни за зголемување на минималната плата која во моментов изнесува 12.507 денари. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека во оној момент кога ќе има конечен став за ова, јавноста ќе биде навреме информирана. – Кога ќе има конечен став и која ќе биде […]

Невработеноста падна на 17,5 отсто


Стапката на невработеност во вториот квартал 2019 година падна на 17,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци бројот на невработени лица во земјава изнесува 168.180 лица, а бројот на вработени 794.283 лица. Стапката на активност во вториот квартал е 57,1 отсто, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 17.5. Стапката […]

Исплатена дополнителнатa поддршка за лозарите


На вкупно 6.240 лозари денеска им се исплатени дополнителни субвенции од еден денар за килограм предадено грозје во регистрирани винарски визби. Како што соопшти министерот за земјоделство Трајан Димковски, за оваа намена на сметките на лозарите се префрлени вкупно 66,2 милиона денари. – Со оваа исплата ја заокружуваме комплетната реализација на субвенциите во лозарството. Пред […]

Угостителските услуги во август на исто ниво, намалување од 0,1 отсто кај храната


Цените на угостителските услуги во август 2019 година, во споредба со јули 2019 година, немаат промена, забележано е само намалување во групата храна за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во август 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,3 отсто. Кумулативниот индекс на […]

Заев очекува мерката за субвенционирање на придонесите за платите да даде голем ефект


Новата мерка за субвенционирање на придонесите на платите ќе даде голем ефект, оцени премиерот Зоран Заев, но нагласува дека треба да се креира законско решение што ќе спречи непланирано одлевање на средствата. – Нашата дебата моментно е отворена и поголемо мнозинство во Владата смета дека ќе биде огромна искористеноста на мерката и дилема е дали […]

Бектеши: Укинати се трговските бариери меѓу Северна Македонија и Косово


Министерството за трговија и индустрија на Косово денеска го извести Министерството за економија на Северна Македонија дека се укинати бариерите за извоз на мед и компир. Според договореното на состанокот меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрид Шала кој што се одржа пред две недели, Агенцијата за […]

Приходи од 281,2 милиони евра лани на пазарот на електронски комуникации


Вкупните приходи на пазарот на електронски комуникации лани изнесувале 17.297.466.000 денари или 281,2 милиони евра и бележат раст од 0,34 проценти споредено со 2017 година, покажува Годишниот извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2018 година, што го објави Агенцијата за електронски комуникации. Според извештајот, се намалува бројот на активни претплатници во мобилната […]

Три приоритети за заштита на сметководствената дејност


– Важноста на финансиските извештаи, годишните сметки и на другите финансиски информации е од големо значење како за корисниците на сметководствените услуги така и за другите ентитети од општествената заедница, државата, банките и инвеститорите. Во таа насока Комората на сметководители смета дека е неопходно да се подигне квалитетот за нивното изготвување, понатаму да  намали нелојалната конкуренција […]

Кулев: Владата ќе субвенционира два денари по килограм грозје


Владата ќе субвенционира два денара по килограм грозје, рече Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари” на денешната прес-конференција во Кавадарци. – Овие мерки не се доволни за обештетување на лозарите, но во услови на немање разбирање од винариите да ги покачат цените за оваа година, тоа е максималната помош од Владата. Ние сме неполитичко […]

ТАВ Македонија ја прими наградата од ACI за квалитетот на услугите на скопскиот аеродрoм


Меѓународниот аеродром Скопје ја доби наградата за квалитет на аеродромските услуги (Airport Service Quality Award–ASQ) за 2018 година на свеченост во рамки на Глобалниот самит за искуство на клиентите на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International–ACI)ACI, кој се одржа во Бали од 2 до 5 месецов. Анџела Гитенс, генерален директор на ACI World, му […]

МАТТО: Претседателот Пендаровски и натаму да се залага за политичка стабилност


Претседателот Стево Пендаровски и натаму да се залага за политичка стабилност и политичка предвидливост во земјата, бидејќи тоа ги охрабрува компаниите да ги зголемат инвестициите, бараат бизнисмените – членови на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО). На средбата кај шефот на државата, тие предочиле и дека во последнава декада инвестициите од Турција достигнале две милијарди […]

ОКТА и Хеленик Петролеум ќе стипендираат тројца македонски студенти


Тројца македонски дипломци денеска во седиштето на ОКТА, потпишаа договор со кој компанијата ОКТА и Групацијата Хеленик Петролеум им доделуваат стипендии за постдипломски студии на Универзитетот во Пиреја, Грција. Двајца од нив, Ѓорѓи Калпакоски и Марио Менчовски добиваат целосна стипендија, во која покрај платените студии, вклучени се и трошоци за живот во висина од 1.000 […]

Анѓушев: Со новите мерки сакаме да станеме партнер на компаниите во зголемувањето на платите


Со новите мерки за економски развој, промовирани од премиерот Зоран Заев, сакаме Владата да стане партнер на компаниите во зголемувањето на платите. Секој совесен стопанственик, а познавам многу такви, сакаат да ги задржат своите вработени и да ги мотивираат со повисоки плати, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев. -Сите компании кои ќе покачат плата на вработените во […]

Јанчев: Ланскиот денар за килограм грозје до четврток и плус интервентна субвенција за грозјето


Ланскиот денар интервентна поддршка за килограм грозје од државата на лозарите да им биде пуштен до четврток, а сезонава поради лошата гроздоберска година и сушата, повторно да се даде интервентна субвенција за грозјето, со тенденција тоа да биде двојно повеќе од минатата година. Ова било сумирано на средба во Владата, со премиерот и министерот за […]

Анѓушев: Намалените 50 милиони евра од капиталните инвестиции ќе се инвестираат во човечки капитал


  Намалените 50 милиони евра од капиталните инвестиции со ребалансот на Буџетот, ќе бидат инвестирани во човечки капитал, во обезбедување соодветна работна сила, кадар што му недостига на македонскиот пазар на труд, соопшти денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за капитални инвестиции преку Програмата за рурален развој, Анѓушев потенцира […]