Преку ИПА реализирани 450 проекти од 557 милиони евра, ЕУ бара одржливост


Преку ИПА фондовите, со првата и втората програма, досега се реализирани 450 проекти во вкупна вредност од 557 милиони евра. Со ИПА три програмата веќе станува извесно дека успешноста на државава да ги користи парите што се на располагање од европските фондови и да обезбеди одржливост на финансираните проекти ќе влијае на можностите да добива […]

Заев: Како земја аспирант за ЕУ мора сериозно да се бориме против сивата економија


Премиерот Зоран Заев смета дека е добро тоа што државата е подобро рангирана на листата на „Херитиџ“ во однос на економските слободи, но вели дека како земја аспирант за членство во ЕУ, мораме сериозно да се бориме против сивата економија затоа што со нелегалната економија не губи само буџетот, туку и граѓаните. Коментирајќи го најновото […]

И за хибридните автомобили ќе се плаќа данок


Со постојната регулатива, патничките автомобили на хибриден погон, со комбинација на мотор со внатрешно согорување и електромотор, се ослободени од акциза. Со новиот закон за данок на моторни возила, кој ќе важи од ноември, хибридите ќе се оданочуваат. „Досега законот даваше привилегии за хибридите, затоа што целта беше да се поттикне возењето на автомобили со […]

„Херитиџ“: Северна Македонија е најслободна економија во регионот


Северна Македонија е рангирана на 33-то место во светот според индексот на економски слободи за 2019, што го изработи фондацијата „Херитиџ“. Со резултат 71,1 Северна Македонија е најдобро позиционирана во регионот. Зад неа е Бугарија на 37. место, Косово е 51., Албанија на 52., Србија 69., БиХ 83., Хрватска 86., Црна Гора 92., а Грција […]

Балкански претприемачки самит во Скопје


Балкански претприемачки самит во организација на Стопанската комора на Македонија и Центарот за неформално образование „Creative Hub“, кој годинава се најде на листата на „Форбс“, денеска ќе се одржи во Скопје. На претприемачкиот самит, настан кој на едно место обединува голем број успешни претприемачи кои во својство на панелисти ќе ги претстават своите идеи пред […]

Сугарески: Градежништвото со раст од 2,8 отсто во вториот квартал


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најави дека растот на градежништвото ќе продолжи и во наредниов период што според него се должи на реализацијата на инфраструктурните проекти. – Најавивме економска година и интензивно работиме на реализација на инфраструктурните проекти така што, резултатите се веќе видливи. Тоа го потврдуваат и последните податоци за Бруто Домашниот […]

Хрватска летна работна дестинација за македонските граѓани


Хрватското крајбрежје летово беше дестинација на многу македонски граѓани, но не како туристичка, туку како дестинација каде работат. Мотивите и целите им се различни, но главно се задоволни од она што им е понудено, а задоволство од нивниот ангажман изразуваат и хрватските работодавци. Кирил и Наташа се двајца меѓу многуте што ја поминуваат оваа туристичка […]

Помало загадување, помал данок на возилото


Од ноември ќе стартува променет начин на оданочување на новите возила. Со новиот Закон за акцизи не е предвидена акциза за автомобилите, туку од први ноември за нив ќе се плаќа нов данок на моторни возила. Со предлог-законот предвидено е пресметката на данокот на моторните возила да се врши врз основа на вредноста на моторните […]

Народна банка: Дијаспората ќе префрла повеќе пари


Народна банка оценува дека нема нерамнотежи во економијата. Економската активност продолжи да расте и во вториот квартал на 2019 година, движена од домашната побарувачка, додека нето-извозот има негативен придонес. Се очекува дека растот на економијата во 2019 година ќе достигне 3,5%. Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите осум месеци од годинава изнесува 1,1 […]

Лозарите со барање: Да се прогласи елементарна непогода – суша и да се добие отштета од државата


Да се прогласи елементарна непогода – суша и да се добие отштета од државата, побараа производители на грозје на мирен протест во Неготино. Протестот беше организиран на градскиот плоштад од новоформираното регионално Здружение на лозароовоштари. Во името на лозарите, претседателот Златко Стојчев побара исплата на старите долгови кои некои визби им ги должат на лозаропроизводителите […]

Субвенции за инвертор клими во Скопје, Тетово, Битола и Кичево


Во општините во Градот Скопје, во Тетово, Битола и во Кичево, Владата согласно Планот за чист воздух ќе започне со доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертор клими, соопшти денеска на прес-конференција заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. Тој информираше дека граѓаните во зоните […]

Модернизирано царинско работење за олеснета трговија и елиминирање на корупција


Царината во последните две години има преземено повеќе мерки за олеснување на трговијата и царинската постапка. Од 1 јуни годинава почна примената на системот за бесхартиено работење, 40 отсто од царинските постапки се вршат преку овластените економски оператори, а наскоро ќе почне и проект со Светска банка за едношалтерски систем. Ова го посочи директорот на […]

Народна банка очекува раст на БДП од 3,5 отсто согласно со проекциите


Растот на економијата се очекува да достигне 3,5 отсто согласно со проекциите, оценува  Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, кој смета дека и монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови и оти економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. -Според објавените проценети податоци за БДП, […]

Албанските возови најбавни во Европа, македонските втори на листата


Хрватска има најбавни возови во Европската Унија, со просек од само 58,2 км на час, а единствените европски земји со побавна железница што не се во Европската Унија се Босна и Херцеговина (54,5 км на час), Србија ( 54,3 км на час), Македонија (53,1 км на час) и Албанија (27,6 км на час). Според инфографикот […]

Според Нацрт-законот работодавачите ќе добиваат за покачување на плати од 600 до 6.000 денари


Министерството за труд и социјална политика на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) го објави нацртот на законот за субвенционирање на придонесите за покачување на патите, чија цел, е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој на  државата. Според […]

Бизнисмените ќе можат онлајн да ѝ се пожалат на Владата


Владата со апел до компаниите да аплицираат за мерките за поддршка на инвестициите и за субвенционирање на платите, а бизнисмените со апел да се намалат административните пречки што им оневозможуваат да работат. На вчерашната средба во Стопанската комора на Македонија, вицепремиерот Кочо Анѓушев дојде да им ги каже последните мерки за поттикнување на конкурентноста а […]

Протест на оризопроизводителите поради цената или поради политиката?


Штип – Со трактори и друга земјоделска механизација група оризопроизводители од кочанскиот крај изутринава го блокираа патот Штип-Кочани сред селото Облешево. Револтираните земјоделци рекоа дека ова е само предупредувачки штрајк заканувајќи се со целосна блокада на овој патен правец. Тие денес блокираа само една од двете коловозни ленти но рекоа дека наскоро, ако нивните барања […]

Ребалансот на буџетот во Собранието од следната недела


Ребалансот на Буџетот најверојатно ќе се најде пред собраниската Комисија за финансирање и буџет на 18 септември, информираат од Собранието. Вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228, 3 милијарди денари. Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот […]

Во август најголем раст на трошоците на живот за зеленчук и туристички аранжмани


Трошоците на живот во август годинава во однос на претходниот месец бележат раст од 0,3 отсто, а во однос на август лани 0,8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, цените на мало во однос на јули годинава немаат промена, а во однос на август лани се зголемени за 0,2 отсто. Пораст […]

Во јули 284 градежни дозволи, нови 1.184 станови


Во јули годинава се издадени 284 одобренија за градење, за 2,9  проценти повеќе во однос на јули лани. Предвидена е изградба на  1.184 станови, од кои  599 во скопскиот  регион, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.735.790.000 денари, за 1,4  проценти повеќе во однос на […]