Влада: Северна Македонија ја задржа лидерската позиција во регионот на Дуинг бизнис


Во последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2020‘‘ Република Северна Македонија е рангирана на 17-то место меѓу 190 држави во светот. Оваа позиција на листата и понатаму ја прави нашата земја лидер во регионот, и според условите за водење бизнис и е рангирана подобро од Турција (33), Словенија (37), Србија (44), Црна Гора (50), […]

Северна Македонија на 17-тото место во Дуинг бизнис 2020


Светска банка во најновиот извештај Дуинг бизнис за 2020 година со 80,7 поени ја рангира Северна Македонија на 17-тото место според условите за водење бизнис во конкуренција од 190 земји. – Олеснето е склучувањето и спроведувањето на договорите и поедноставено е пресметувањето на давачките за спроведување, што го направи целиот процес поевтин, се наведува во […]

„Герешајмер“ почна да гради фабрика во Бунарџик, ќе вработи 400 луѓе


Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик го означи почетокот на изградба на новата фабрика за медицинска пластика. Ова е прва фабрика на реномираната германска компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со Србија и Романија. Премиерот Зоран Заев, обраќајќи се на церемонијата, рече дека […]

На почетокот на ноември готова физибилити-студијата за Чебрен


На почетокот на ноември се очекува да биде готова променетата физибилити-студија за изградба на браната Чебрен, по што ќе биде распишан тендерот за избор на концесионер. – Ако во почетокот на ноември ја добиеме документацијата, веднаш ќе ги објавиме постапките за да може во процедура како што е пропишана во закон, да избереме изведувач, изјави […]

ФИТР: Со измените во Среднорочната програма нови можности за македонските компании


 Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) отвора нови можности и скратени процедури за македонските компании со измените на среднорочната програма кои беа усвоени од Владата. Со овие промени, до крајот на годината предвидени се два нови повици – едниот наменет за технолошки развој и вториот за поддршка на стартап компании, соопштија од ФИТР. Со […]

Без Косово, Албанија се повлекува од „мини шенген“


Доколку Косово не биде вклучено во планот за „мини шенген “ на Балканот, Албанија најави повлекување од оваа иницијатива. Како што вели министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај, вклучувањето на Приштина во регионалниот „мини шенген“ е суштински услов на премиерот на Албанија Еди Рама и за тоа нема да преговара. Дополнително, официјална Тирана […]

Муртезани: За Железницата има работа, со нови локомотиви ќе бидеме поконкурентни


Постои голем потенцијал на пазарот, но треба најбрзо што можеме да ги добиеме и пуштиме во употреба новите локомотиви, за да можеме да бидеме поконкурентни и побрзи во превозот, истакна во интервју за МИА директорот на железници Транспорт АД Скопје, Орхан Муртезани. Приходите од товарниот сообраќај во првите девет месеци од годинава во споредба со […]

Автомобилите поскапуваат од јануари


Од 1 јануари идната година Европската комисија ќе ги казни производителите на автомобили за секој вишок јаглерод диоксид (СО2) над зацртаниот просек од 95 грама на секој поминат километар. Казната ќе изнесува 95 евра за секој грам. Ова произлегува од строгата регулатива со која се поставуваат стандарди за емисија на CO2 за нови автомобили и […]

Германски „Герешајмер“ ја почнува изградбата на првата фабрика во ЈИЕ со седиште во Скопје


Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик ќе ги постави темелите на новата фабрика за медицинска пластика. Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со Србија и Романија. На свеченоста ќе се обрати премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за […]

Средба Бектеши – Џанг: Кина е важен трговски партнер на Северна Македонија


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Кина во земјава, Џанг Ѕуо со кого разговараше за досегашната соработка помеѓу двете земји, но и за можностите за соработка во иднина, особено на полето на економијата. Како што соопшти Министерството за економија, Бектеши го изразил своето задоволство за успешната реализацијата на досегашните […]

Стопанската комора бара да се укине Законот за трговија на зелените пазари


Стопанската комора на Македонија бара целосно да се укине Законот за трговија на зелените пазари, или пак да се интервенира со измени на останатите закони што ја регулират дејноста. Одложената примена на Законот донесена во февруари годинава истекува за два месеца. Со неговото стапување во сила, според комората, закупците на тезги би биле непотребно финансиски […]

Пониски цените во трговијата на мало во третиот квартал


Раководителите на деловните субјекти во трговијата на мало оценуваат дека економската состојба во третото тримесечје е поповолна и во однос на претходното и во однос на тој квартал во минатата година, објави Државниот завод за статистика.  Податоците покажуваат дека финансиската состојба во третото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на  претходното од 2019 […]

Поевтинуваат бензините, дизелот останува непроменет


Од полноќ се намалува цената на бензините од денар до денар и пол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета. Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енрегетика, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по пониска цена за 1,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 за еден денар. Така, новата цена […]

Банкарите на „Комерцијална“ трчаат најбрзо во македонскиот бизнис


Тимот на „Комерцијална Банка“ од Скопје, составен од Миомир Алексовски, Снежана Димовска, Маријан Шамоски и Бобан Нефовски е победник на штафетната трка на македонската општествено – деловна заедница одржана викеднот во Скопје. Настанот се одржа на кејот на Вардар, кај хотелот „Парк“ во Скопје. Штафетната трка беше со четири измени по два километра во која […]

УНИБанка со највисока каматна стапка до 4% за депозит „Детско штедење – Фикс Јуниор“


УНИБанка АД Скопје, деновиве промовира уште еден депозитен продукт со висока каматна стапка. Депозитот е наменет за малолетни лица, односно деца до 18 годишна возраст. Она што е најинтересно за “Детското штедење”, е високата каматна стапка што УНИБанка ја нуди за овој вид на депозит и тоа 4% за период од 5 години. Воедно, каматата […]

Битола: Ќе топлат ли инвертер-климите на минус 40 степени?


Мерните станици сè уште не покажале високо загадување на воздухот поради топлото време, па сепак, каков воздух ќе дишат битолчани оваа зима беше тема за политичко препукување откако група граѓани  ја пречекаа владата во понеделникот со транспаренти за  загадениот воздух. Битолчани  се пошегуваа дека овој дочек и не бил многу скап, затоа што опозициската ВМРО-ДПМНЕ […]

Нови правила за домашната ракија


Измените на Законот за акцизи, кои стапуваат во сила на 1 јануари следната година, ќе овозможат низа поволности за производителите на ракија. Ова го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Трајан Димковски на отворањето на 20. „Валандовска ракијада“. – Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна […]

НБ: Монетарната политика е соодветна, постигнато е историски највисоко ниво на девизните резерви


Монетарната политика во земјата е соодветна. Со монетарното олабавување остварено во првиот квартал од оваа година, Народната банка повторно испорача клучна поддршка за вкупната активност во македонската економија. Важно e и што успешното одржување на ниска и стабилна инфлација  и поволната позиција на билансот на плаќања, годинава, редовно придонесуваат за интервенции со откуп на девизи од […]

Азески: Подготвени сме да ги ставиме сите свои капацитети во процесот кон европските вредности


Од денес мора да продолжиме да работиме исто како да сме добиле датум минатата недела – Македонија нема друга алтернатива и мора да продолжи да оди по европскиот пат. Заради тоа, повикувам сите политички чинители во државата да ги преземат сите дејствија за доекипирање на тимовите кои би учествувале во преговарачките процеси и да се […]

Светски ден на контролорите на летање, во просек дневно опслужуваат 100.000 летови


Контролорите на летање низ  светот имаат заедничка цел која посветено ја реализираат, а тоа е преку синтеза на безбеден, ефикасен и економичен систем на контрола на летање и сопственото специфично знаење, вештини и искуство светот да добие безбеден авиосообраќај, истакнуваат од Македонска навигација (М-НАВ) по повод Светскиот ден на контролорите. Претседателот на Управниот одбор и […]