Неделава оглас за вградување плински уреди во возилата


Во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарско прашање во Владата, министерот Бектеши рече дека јавноста дополнително ќе биде известена за условите што треба да ги исполнат сите заинтересирани граѓани. Ова е една од сетот мерки насочени кон […]

Пензионерите предлагаат комбиниран начин на усогласување на пензиите


Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија смета дека во формулата за пресметување на процентот за усогласување на пензиите, покрај порастот на индексот на трошоците на животот, треба да се земе предвид и дел од растот на платите, заради одржување на реална вредност на пензиите. – Ваквото системско решение ќе овозможи избалансираност на овие два […]

Турски „Пурпласт“ ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје 2, прва надвор од Турција


Турската компанија од автомобилската индустрија „Пурпласт“ ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје 2, во која првично ќе вложи пет милиони евра и ќе отвори 100 работни места. Вкупната инвестиција во фабриката, што според планот, треба да биде отворена следната година, ќе изнесува 12 милиони евра со вкупно 300 вработувања. Ова е прва фабрика на турската […]

Лицата со бенифициран стаж да изберат дали ќе членуваат во задолжителните пензиски фондови


Членовите на задолжителните пензиски фондови со бенифициран стаж имаат право до 30 следниот месец да изберат дали ќе го продолжат членството во тие фондови или пак парите ќе им бидат префрлени во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување. Согласно со законските измени од 2 септември годинава членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж […]

Високите откупните цени на „ајварката“ ја креваат производствената цена


Продолжува побарувачката и на крајот од сезоната за црвената пиперка „ајварка“ во Струмичко, која се откупува од 18 до 30 денари за килограм во зависност од квалитетот. -Преработувачите плаќаат од 18 денари за трета категорија пиперка до 30-32 денара за прва класа исчистена во гајби. Иако бербата на „ајварката“ е пред крај и ја има […]

Јавноста може да следи колку капитални инвестиции реализирал секој буџетски корисник


На веб-страницата на Министерството за финансии денеска е објавена нова алатка за транспарентност преку која може да се следи реализацијата на капиталните инвестиции за секое министерство, дирекција, агенција, односно секој буџетски корисник одделно и преку тоа да влијае на институциите да го подобрат извршувањето. Новата алатка покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја […]

Промоција на самоводечки тури за самоорганизирани туристи


Во земјава првпат беше промовиран нов прогресивен начин на организација на самоводечки туристички тури со мобилна апликација и подготвени рути во природа, како дел од потпроектот „Подобрување на постоечката туристичка понуда на активности во Македонија со изработка, организација и продажба на самоводечки тури за самоорганизирани туристи“. Потпроектот е спроведен од страна на Националната асоцијација за […]

Без напредок во преговорите за транзит на гас меѓу Русија, Украина и ЕУ


Белгија – Последната рунда преговори помеѓу Москва, Киев и Брисел за транзитот на гас кон Европа во пресрет на зимата не донесе напредок, изрази разочараност  комесарот задолжен за енергетската унија Марош Шефчович. Сегашниот договор завршува на крајот на годината и станува сѐ поитно да се постигне компромис помеѓу трите страни, иако ЕУ ја смирува јавноста дека […]

„Фершпед“ ја продава винаријата „Сковин“ за 3,35 милиони евра


Одборот на директори на „Фершпед” АД Скопје донел одлука за продажба на винаријата „Сковин” АД Скопје каде е сопственик на мнозински дел од акциите. Компанијата преку Македонската берза соопшти дека се предвидува продажба на недвижниот и подвижниот имот на винаријата, пренос на трговските марки, како и засновање на заложно право (хипотека) врз недвижностите кои се […]

Сугарески: Годината ќе ја завршиме со над 500 километри обновени патишта


 Градежните активности за унапредување на патната мрежа во државата насекаде се одвиваат со силно темпо, оцени министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по увидот во работите на делницата од магистралниот пат Гостивар – Кичево. Според него, годинава ќе заврши со над 500 километри обновени патишта. – По увидот во работите на патниот правец Здуње […]

Ќе се менува моделот за субвенции во туризмот


Ќе се менува моделот за субвенциии во туризмот и според првичните предлози тие ќе се доделуваат и кога не е сезона, а ист износ без оглед на дестинацијата од каде доаѓа туристот. На крајот на годината истекува постојниот модел на субвенционирање и тој, според носителите на дејноста, ги дал своите ефекти. Поради тоа, како што […]

Димковски: Земјоделците да не ги палат нивите и стрништата


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски апелира земјоделците да не ги палат нивите и стрништата. Со нивното палење, како што вели, не само што предизвикуваат еколошка штета и опасност од непосакувано проширување на пожарот, туку ги уништуваат и органските материи кои се битни за подготовките на почвата и додатоците кои се потребни за […]

Прв мастерклас на УНКТАД во Скопје: Ги охрабруваме жените да целат повисоко


-Потребна е поголема вклученост на жените во носењето клучни политики, решителност да го рашират својот глас, искористување на потенцијалот на технологиите за нивна поголема инклузија и креирање на локални, регионални и глобални мрежи на жени претприемачи, се поентите од првиот Мастерклас „е-Трговија за жени“ организиран од УНКТАД (Конференција за трговија и развој на Обединетите нации) […]

Бензините со повисоки цени за половина денар, дизелот останува непроменет


Цените на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се зголемуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, од полноќ ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 69 ден/лит. Според […]

Брзите кредити сè поприфатливи за граѓаните, ги избираат едноставноста и брзината


Итните потреби за средства граѓаните сè повеќе ги покриваат со позајмување од финансиските друштва. Над 120 илјади корисници ја препознале предноста и им ја дале довербата на финансиските друштва што нудат брзи кредити за клиентите. Најчеста сума што ја барале е до 30 илјади денари, а каматата што ја нудат финансиските друштва е до пет […]

Милиони дадени за субвенции, земјоделците пак незадоволни?


Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорија дека има навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците. Според нив, веќе се подготвуваат решенијата за исплата на субвенцијата за откупена пченица од домашно производство од родот 2018 година, за што во ребалансот се проектирани 40 милиони денари. Веднаш потоа, следува исплатата на субвенциите за предадени […]

Партиска злоупотреба на земјоделците


Зоран Заев и СДСМ со специјалци и борбени оклопни возила се обидоа да спречат мирен земјоделски протест, како во најцрните времиња на комунизмот, обвини Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој нагласи дека земјоделците во моментов го живеат најцрниот период во 29 години самостојна македонска држава. „Големиот одѕив, и покрај полициските сили и притисоци […]

Бензините поевтини за еден денар


Бензините од денес ќе се продаваат според новите пониски цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по пониска цена за 1,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 за пониска цена од еден денар итн. Исто така, се намалува и цената на мазутот за 0,740 ден/кг во однос на претходно утврдената […]

Македонците имаат најниски плати од сите во регионот


Највисоки просечни плати во регионот се евидентирани во Словенија и Хрватска, а најниските во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, покажуваат последните официјални статистички податоци. Според словенечкиот Завод за статистика, просечната нето-плата во таа земја изнесува 1.114 евра, јави Анадолија. Во исто време, тоа е единствената плата во земјите од регионот која го надминува […]

МЗШВ : Исплатени 314,5 милиони евра за субвенции – земјоделците сепак незадоволни


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во следниот период ја продолжува политиката за навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците, соопштија од ресорното министерство додека пед Владата траат протестите на земјоделците.. – Според динамиката за исплата, се подготвуваат решенијата за исплата на […]