Ангеловска-Бежоска: Денарот е и ќе остане стабилен, депозитите сигурни


Девизниот курс на денарот останува стабилен и нема да има промени во неговото ниво, изјави денеска за МИА, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, по одржувањето на седницата на Комитетот за финансиска стабилност. Таа додаде дека централната банка располага со низа инструменти со кои ја гарантира стабилноста на денарот, а вчера, на прес-конференцијата за економските […]

„Дрекслмаер“ ги праќа вработените на одмор, работењето на технички минимум


Најголем дел од околу пет илјади работници од „Дрекслмаер“ од понеделник ќе користат одмор. Од фабриката потврдуваат за МИА дека од следната седмица ќе работат со значително намален капацитет, речиси на технички минимум. Сево ова, како што додаваат, согласно препораките за заштита од корона вирус и актуелната состојба во автомобилската индустрија. „Работниците колективно ќе користат […]

Никој не сака да го вози за Италија македонското јагнешко


Министерството за земјоделство бара алтернативни пазари за извоз на македонското јагне со оглед на ситуацијата во Италија поради корона вирусот. Како што информира за МИА, направени ќе бидат сите можни обиди за пласман, но доколку тие во целост не се реализираат, државата ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите. Одгледувачите на овци предупредуваат […]

„Кромберг и Шуберт“ од утре времено запира со работа


Фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“ во Битола, од утре времено запира со работа. Прекинот на производството ќе се одвива 14 дена, по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија, изјавија за МИА од Секторот за човечки ресурси на фабриката. Дистрибуцијата на […]

Се бара начин како да се исплатат пензиите на пензионерите кои сакаат готовина


Банките почна консулатации со Владата за тоа како да се изврши исплатата на пензиите по новонастанатата ситуација со коронавирусот. -Од понеделник влегуваме во последната недела од месецот што значи дека се ближи исплатата на пензиите. Сите знаеме како изгледаат бакарските шалтери кога се исплаќаат пензиите, а во моментот токму оваа категорија од населението е најранлива […]

НБ и МФ: Банкарскиот систем е стабилен


Народната банка и Министерството за финансии координирано ги следат состојбите во економијата и потенцијалните ризици заради соодветно делување, информираат од Народната Банка на Република Северна Македонија. Во соопштението на Народна Банка, се вели дека денеска се одржала електронска седница на Комитетот за финансиска стабилност – меѓуинституционално тело за следење на состојбите во финансискиот систем во […]

Пауновски: Сите цени кои се зголемени по 11 март, ќе бидат вратени


Граѓаните не треба да имаат паника од зголемување на цените на основните артикли. Трговците и производителите имаат дадено збор дека нема да вршат зголемување, а сите цени кои се зголемени после 11 март 2020 година, согласно одлуката на Владата, ќе треба да се вратат на нивото на кое биле дотогаш. Ова го истакна директорот на […]

Зелен коридор во ЦЕФТА регионот за камиони со храна и медицинска опрема


Директорите на царините од  ЦЕФТА регионот попладне преку видео конференција треба да договорат воспоставување т.н. зелен коридор со приоритетни ленти за камионите со храна, репроматеријали за прехранбената индустрија, за медицинска опрема и материјали, информира денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски. На состанок во Министерството за економија денеска се расправаше за барањето на прехранбениот и […]

Нина Ангеловска: ДДВ се враќа најбрзо што може


Министерството за финансии ќе направи се што може Данокот на додадена вредност да се враќа што побрзо кон фирмите со цел да се заштити и да се подобри нивната ликвидност, рече денес министерката за финансии Нина Ангеловска. Во текот на овој месец веќе се исплатени односно вратени кон фирмите 1,6 милијарди денари ДДВ. „Оваа недела […]

Комерцијална банка однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година


Комерцијална банка, имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозната опасност од ширењето на Ковид-19 во нашата земја, однапред изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година, информираат од банката. Како што наведуваат во соопштението, со тоа веднаш е исплатен вкупен износ од 120.000.000 денари, […]

Малта ќе ги депортира странците кои ќе останат без работа


Приоритет на Владата на Малта е во време на криза да ги заштити работните места на своите државјани и сите странци кои ќе добијат отказ или останат без работа, ќе бидат депопртирани, најави министерот за економија Силвио Шембри. Тој додаде дека во тек се разговори со Министерството за внатрешни работи сите странци да ја напуштат […]

Корона вирусот го затвори и тргувањето на паркет на берзата во Њујорк


Тргувањето ќе продолжи само електронски. Берзата во Њујорк е симбол на американскиот капитализам и демократија Берзата во Њујорк привремено ќе ја затвори својата иконска сала за тргување во долниот дел на Менхетен и целосно ќе премине на електронско тргување од понеделник како мерка на претпазливост заради појавата на корона вирус, јавија вечерва медиумите во САД. […]

Порака од бизнис секторот: државата да ја спаси економијата, за подоцна тој да ја спаси државата


Никој не бара да бидат простени долговите, туку да се размисли да се одложат даночните обврски, велат од асоцијациите на стопанствениците Бизнис секторот не е задоволен од мерките кои денес беа објавени како првична поддршка за компаниите, а пред се за микро, малите и средни претпријатија. И двете најголеми асоцијации на стопанствениците во земјава, Стопанската […]

Словенија: За една година се одложува плаќањето на кредите на компаниите


Словенечката Влада подготви предлог закон кој предвидува одложување на плаќањето на кредитите за компаниите. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, одложувањето е договорено во соработка за банките и ќе трае 12 месеци. Оваа уредба како една од повеќето кои се однесуваат на ублажување на последиците од корона вирусот ќе можат да ја користат […]

И во вонредна состојба банките, штедилниците, менувачниците продолжуваат да работат


Народната банка вечерва информира дека и по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за кои таа е надлежен регулаторен и супервизорски орган – банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари, продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе бидат достапни. […]

Има доволно пченица, не извезуваме во Косово


Има доволно резерви на пченица, нема неконтролиран извоз, ниту камиони полни со македонска пченица се извезуваат во Косово, ги демантираше попладнево Министерството за економија сите наводи во некои од медиумите дека во земјата има резерви за само 26 дена. „Некои медиуми денеска објавија дека камиони со македонска пченица се извезуваат во Косово и дека имаме […]

ОН: Ковид-19 може да затвори 25 милиони работни места


Пандемијата на Ковид-19 значително ќе ја зголеми глобалната невработеност, присилувајќи приближно 25 милиони луѓе да останат без работа, соопштија денеска Обединетите нации. „Економската и трудовата криза, создадена од пандемијата на Ковид-19, може да ја зголеми глобалната невработеност за речиси 25 милиони“, соопшти Меѓународната организација на трудот, презентирајќи нова студија. Во неа се додава дека меѓународно […]

Превозниците бараат да се укинат патарините за камиони и автобуси


Асоцијацијата Македонија сообраќај Америт бара укинување на патарините за превозниците во автобускиот и товарниот сообраќај, поради загубите што се предизвикани од кризата со корона вирусот. „Од минатата недела бројот на патници е намален за 70 проценти, а автобуските линии се редуцирани за 52 процента. Бараме итно Владата да донесе мерка барем за укинување на патарините, […]

Словенија ќе ги помага фирмите да исплатат плати за вработените


Словенија донесе одлука да даде директна финансиска помош на компаниите што поради корона вирусот не можат да обезбедат плата за вработените. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, оваа одлука ја донесе Националниот комитет за труд при собранието, а беше изгласана без ниту еден глас против. Уредбата предвидува компаниите кои поради епидемијата со корона […]

Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен вечерва од полноќ


Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен вечерва од полноќ, за патнички летови, сè до следното известување, согласно одлуката на Владата од синоќешната седница за спречување на внесување и ширење на корона вирусот, соопшти вчера концесионерот ТАВ Македонија. Оттаму ги информирале сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, којашто М-НАВ ја објави во НОТАМ – […]