Србите за три недели потрошиле 16,6 милиони евра за да си обезбедат домашни залихи


Домаќинствата во Србија потрошиле речиси две милијарди динари (околу 16,6 милиони евра) за помалку од три недели за да купат залихи во страв од пандемијата, објави „Политика“. Регистрирано е зголемувањето на потрошувачката од 20 проценти и најголемо учество на пазарот имаа големите синџири за трговија, додека уделот на малите продавници е намален. Во Србија, за […]

Банките многу скоро со информации на веб-страниците за поповолните услови за кредитите


Деталите како ќе ја спроведат Уредбата за олеснување на договорните кредитни услови банките најавуваат дека ќе ги објават многу скоро. Информациите, како што информираат дел од нив, ќе ги споделат на своите веб-страници. Велат дека интензивно работат на концептите за репрограмирање на кредитната изложеност на физичките лица и на фирмите кои ги исполнуваат критериумите од […]

Работниците ќе бидат потребни и по завршување на корона кризата


Целосно или делумно прекинатото производство во дел од фабриките во индустријата и затворените угостителско-туристички објекти поради коронакризата ги доведуваат во прашање работните места на илјадници лица. Дел од работодавачите засега наоѓаат модалитети да ги задржат работниците, но невладините организации за работнички права веќе информираат за случаи дека работници се одјавени, а воопшто не знаеле. Експертите, […]

Владата ги исклучи градинарите од полицискиот час


Владата на денешната седница, појасни дека исклучокот од утврдениот полициски час за време на викендот се однесува на  земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период. Дополнително, оние земјоделци, фармери, сточари и други земјоделски работници кои преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе […]

НЛБ банка ја прераспредели добивката, акцијата падна 10 отсто


НЛБ банка денес објави дека ќе ја прераспредели нето добивката за 2019 година и на тој начин прва меѓу банките реагираше на укажувањето на Народната банка на Македонија банките да се откажат од делење дивиденда поради корона – кризата. Според новиот предлог до акционерите, добивката во износ од 1.849.917.998 денари (околу 30 милиони евра), да […]

На матичен лекар дознале дека добиле отказ


Работниците да не потпишуваат спогодбени откази, ниту пак празни листови. Првите вакви случаи ги забележавме во странските компнаии, но и во текстилните фабрики, алармираше денеска Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Таа забележува дека ваквите измами и потпишувања на спогодбени откази за работниците ќе значи дека ќе немаат никаква правна помош, а работодавачите ќе можат […]

Странските инвеститори преземаат мерки за да нема отпуштање од работа


Обуки за вработените, користење на неискористен дел од редовниот годишен одмор и мал дел од одморот за годинава, евентуално користење принуден одмор, се мерките што ги преземаат компаниите од Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија со цел да нема отпуштања од работа ,и покрај прекинот на производствените процеси во автомобилската индустрија поради […]

Сметководители заболени од Ковид-19, се бараат итни мерки за заштита


Со Ковид-19 се заразени и сметководители, поради што бараме состојбата итно да се разгледа и ако е можно да се донесат дополнителни мерки за заштита на фелата, соопшти денеска Институтот на сметководители. Институтот во барањето, кое е испратено до Владата и до Министерството за финансии, нагласува дека сметководителите не се опфатени со владините мерки, а […]

УЈП од утре ќе прима странки од 8 до 14 часот


Управата за јавни приходи (УЈП) од утре го продолжува работното време од 8 до 14 часот за прием на странки во регионалните дирекции, одделенијата и шалтерите, информираат од УЈП. – Причина за  оваа одлука на Управата за јавни приходи во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот Ковид-19, е да им излезе во […]

Сметководителите со барања за помош


Да се плати административна такса за документите потребни за аплицирање на повикот за бескаматната поддршка на фирмите објавен вчера, а Развојната банка да ги обезбеди електронски, по службена должност, за да намалат дополнителните трошоци, времето и ризикот по здравјето на сметководителите. Ова е едно од барањата што го испорача денеска Комората на сметководители на Македонија. Комората […]

Турканица пред УЈП за кредити од Развојна банка


Откако вчера беше објавен првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка на Македонија, денеска пред УЈП турканица, пишува МКД.мк. Онлајн е пријавувањето за кредитите, но за вадењето на документите е на шалтер.

Мартенс: По кризата сакаме да играме водечка улога во преструктуирањето на глобалните синџири на добавувачи


Директорот на Делегацијата на германското стопанство во земјава Патрик Мартенс ги потсетува компаниите членки дека стартуваше почетниот сигнал за отпочнување на преговорите за пристапување во Европската Унија за Албанија и Северна Македонија и им вели дека по завршувањето на кризата со коронавирусот сака да играат водечка улога во преструктуирањето на глобалните синџири на добавувачи. – […]

Сега банките се на потег – како да се одложат кредитите и ратите


Ако физичкото лице во рок од десет дена писмено или електронски не ја извести банката/штедилницата дека го одбива понуденото олеснување на финансискиот товар, ќе се смета дека понудата за промена на договорните услови е прифатена   Создадени се неопходните услови банките да почнат да ги одложуваат обврските на граѓаните и на фирмите, кои трпат последици […]

Мизо: Ако ги отпушиме работниците, која е гаранцијата дека ќе се вратат


Виктор Мизо, генерален менаџер на „Костал“, во интервју за „Утрински брифинг“ ја анализираше состојбата во економијата, од аспект на пандемијата и фактот дека  Македонија 70 отсто од својот БДП го остварува преку стоковата размена со светот.Според Мизо, кризата во автомобилската индустрија започнала пред девет недели. -Сите оние ланци на добавување, особено во Кина, Азија почнаа да […]

Од денеска аплицирање за бескаматни кредити, најавена економска поддршка и од ЕУ


Од денеска, микро, малите и средните компани во секторите угостителство, туризам и товарен транспорт може да аплицираат за бескаматните кредити од 3.000 до 30.000 евра, што ги најави Владата. Повикот беше објавен вчера. Поднесувањето на потребната документација, согласно владините препораки за заштита од коронавирусот, е електронски, на е-адресата: [email protected] Средствата ќе се пласираат преку Развојната […]

Владата донесе уредба за промена на договорните услови на кредитите


Владата донесе повеќе уредби за олеснување на финансиската изложеност на граѓаните и компаниите во услови на криза, меѓу кои и за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците. „Со неа се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната […]

Димитриевска-Кочоска: До крајот на месецот се очекуваат понудите од банките за 400 милиони евра


Најдоцна до 5 мај се очекува да се добијат 400-те милиони евра што државата ги бара од комерцијалните банки, за обезбедување дополнителни средства за надминување на кризата предизвиката од коронавирусот, а банките своите понуди да ги достават до крајот на овој месец, вели дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочоска. -Во саботата ставив потпис […]

Заев: Мицкоски предлага помала плата од минималната


Лидерот на СДСМ Зоран Заев го отфрли предлогот на Христијан Мицкоски дека платите треба да се намалат до 50 отсто од просечната плата, бидејќи тоа би значело дека би изнесувала 12.500 денари,а со предлозите на СДСМ се одредува минимална плата од 14.500. „Мицкоски предлага кратање, а кога ние предлагаме кратење не му се допаѓа. Истовремено, […]

Заев: Скративме 7 милијарди денари непродуктивни трошоци, но треба многу повеќе


Штетите од коронавирусот доправа доаѓааt од месец април и по буџетот и по компаниите, pосочи претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во дневникот на ТВ Сител. Тој негираше дека  државата доцни со барањето на помош, бидејќи според него процедурата е започната на почеток на месец март, но со оглед на тоа дека ниедна земја […]

„Тетекс“ прв реагира на корона кризата – ја преполови дивидендата, а ја зголеми нераспределената добивка


Акционерите на „Тетекс“ ќе добијат двојно помала дивиденда од првично предвидената, стои во предлог-одлуката на Одборот на директори до акционерите на компанијата. Причината е кризата со корона вирусот, влијанието врз економијата и препораките на Владата. „Износот што се исплатува во вид на дивиденда на иматели на акции се намалува од 29.912.672 денари на 15.186.408 денари, […]