Македонија 2025: Да се поддржат и платите за март, мерки и за средните и големите фирми


Македонија 2025, невладината организација  во која членуваат бизнисмени од дијаспората и менаџери од државава, во осврт на новит сет мерки од Владата денеска го повтори ставот дека поддршката на плати треба да се применува од март, а не од април, а предлага и да се креираат мерки за средните и големите фирми, особено на тие […]

Со пристапот „трговија без контакт“ непречен извоз во и од Турција


„Трговија без контакт“ е пристапот што почна да го применува Турција за непречено одвивање на трговската размена без да дојде до контакт меѓу луѓето и да се создаде каква било можност од евентуална зараза со корона вирус. На компаниите им е дадена можност за замена на приколка, полуприколка или контејнер, а оние што нема да […]

Бесполезни се планирања и очекувања од туристичка сезона во Охрид во услови на вонредна ситуација


Новонастанатата ситуација со светската епидемија на коронавирусот секако ќе ги засегне сите сфери на општественото живеење. Во услови кога светот се обидува да се справи со болеста, секако погодена е и економијата. Но, затворањето на границите и ограничувањето на движењето на луѓето без двојби најмногу ќе го погоди туризмот како стопанска гранка. Туристичката дејност која […]

Стопанска комора: Продолжува застојот на транспортот во Турција


Сé уште не решен проблемот со задржувањето на македонските камиони на турската граница и застојот на транспортот во Турција, а се прават напори и за обезбедување суровини од регионот за потребите на домашните производствени компании, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија. „Ова се тешки времиња во кои не е лесно да се обезбеди достапноста на […]

АХВ за четири дена спроведе 277 контроли и изрече 22 мерки


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 28 март до 1 април спроведе 277 надзори во повеќе градови низ државата. Притоа изрече пет решенија на месарници и маркети за констатирана лоша општа хигиенска состојба и им нареди веднаш да извшат дезинфекција, дератизација и дезинсекција. Како што соопшти на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, […]

Менаџерите на Тутунски комбинат во Прилеп ќе се солидаризираат, ќе земаат минимална плата


Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп (ТКП) донесе одлука на целокупниот менаџмент во компанијата за месец април да му биде исплатена минимална плата во висина од 14.500 денари. Според донесената одлука која е во согласност со усвоените економски мерки од страна на Владата за справување со кризата од СОVІD -19, минимална плата ќе […]

 Нема одлука за колективен одмор 


Заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар изјави дека не е донесена одлука од понеделник сите вработени лица да користат колективен одмор, како еден од мерките за справување со коронавирусот и оти тие ќе се креираат согласно потребите. – Во моментот нема таква одлука. Кризниот штаб ја следи состојбата и мерките ќе ги креира […]

Во Тетово остануваат без работа 160 работници, биле принудени на нови договори


Во Тетово над 160 работници во фабрика за производство на предиво и волница остануваат без работа, а луѓето обвинуваат дека од страна на раководството им било извршено принуда да потпишат анекси на договорите за работа. Велат дека иако добиле договори за работа на три месеци, биле принудени за истите да потпишат анекси и со тоа […]

Минималец за менаџерите на Тутунски комбинат Прилеп, разликата ќе ја донираат во фондот за солидарност


Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп (ТКП) донесе одлука на целокупниот менаџмент во компанијата за месец април да му биде исплатена минимална плата во висина од 14.500 денари. Според донесената одлука која е во согласност со усвоените економски мерки од страна на Владата за справување со кризата од Ковид -19, минимална плата ќе […]

(Во живо) Прес на Инспекцискиот совет – какви неправилности се пронајдени?


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – Директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова – Директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висаре Риза – Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљадин Хавзиу – Директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини – Директор на државен инспекторат за транспорт и […]

За две недели во САД околу 10 милиони луѓе останале без работа


Ситуацијата во САД, каде се очекува бројот на позитивни случаи да надмине 250.000, има дополнителни проблеми со тоа што за само две недели без работа останаа 10 милиони луѓе. Бројот на луѓето кои останаа без работа оваа недела надмина 6.6 милиони, што е двојно повеќе во однос на минатата недела кога работата ја загубија 3.3 […]

Вархеји: ЕУ подготвува економски план за развој на Западен Балкан


Европската унија подготвува економски план за развој на земјите од Западен Балкан што ќе биде претставен на Самитот ЕУ-Западен Балкан што треба да се одржи во Загреб во мај, соопшти еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. Економскиот план е еден од трите чекори што ги презема Европската комисија во рамки на реформата на […]

Ангеловска: Најбрзо ги очекуваме средствата од ММФ


Најбргу ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да дојдат во текот на месецов, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“. Посочи дека ќе се користат средства и од Светската банка, Европската унија, како и од обврзницата за премостување. Овие средства, како што […]

Ќе се укине забраната за извоз на брашно, залихи има, мелничарите работат одлично


Ќе се укине забраната за извоз на брашно што беше воведена поради вонредната состојба, одлучи денеска Министерството за економија по средбата со мелничарите. Како што соопшти министерот Крешник Бектеши, одлуката е донесена откако е утврдено дека мелничката индустрија работи одлично во моментов, залихи има и во приватните млинови и во стоковните резерви, а увозот на […]

Лукоил Македонија дава 15 тони гориво на институциите кои се справуваат со корона вирусот


Лукоил Македонија донесе одлука да додели гориво во вкупна количина од 15.000 литри на институциите кои се во првите борбени редови во справувањето со коронавирусот и тоа на Министерство за здравство, центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Црвениот крст, информираат од компанијата. Институциите, посочуваат, ќе добијат картички за гориво издадени од Лукоил […]

Ангеловска-Бежоска: Очекуваме олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за фирмите


Очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор. Токму тоа и беше цел на измените на регулативата за работењето на банките, коишто ги донесовме. Претходно направивме детални анализи, за да се дојде до решение со коешто истовремено ќе се помогне на населението и на компаниите и ќе се […]

Комерцијална банка подели парични награди за членови на Надзорниот одбор


Сава Димитрова, Таки Фити, Александра Максимовска Стојкова, Сашо Наумоски, Горан Антевски, Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми повторно се избрани за членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, соопшти Банката откако се одржа Собранието на акционери.>Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години, а надоместокот што ќе им се исплаќа за нивно учество на седниците […]

Што, всушност, се случува со вториот пензиски столб во Естонија


Мирче Јовановски Предлогот на ВМРО–ДПМНЕ за блиц реформа во пензискиот систем во земјава стана жешка тема на расправа во јавноста кај нас. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, повикувајќи се на реформите во Естонија, се заложи Вториот пензиски столб во земјава (или Задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување) да се припои на државниот пензиски фонд и така […]

Светска банка помага за надминување на последиците од пандемијата


Светска банка денеска го одобри првичниот глобален пакет од 1,9 милијарди американски долари за надминување на кризата предизвикана од пандемија на вирусот што 25 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и оние во Европа и Централна Азија, ќе можат да го примат и користат по итна постапка. Покрај тоа, како што одлучи Одборот на директори […]

Заев: Јас лично, но и Владата очекуваме банките да ги намалат каматите


Владата се обратила до Банкарската асоцијација со барање банките да ги намалат каматите, изјави вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за Канал 5. „Ние бараме таквата камата да биде намалена. Јавно кажувам дека Владата се обрати до банките со вакво барање, затоа што Народната банка ја намали задолжителната резерва која беше трошок за […]