Ангеловска: Подготвуваме анализи за акцизата на нафтените деривати


Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција најави дека во подготовка се анализи во врска со акцизата на нафтените деривати, вклучително и за екстра лесното гориво. – Дали решението што ќе биде предложено до Владата ќе биде изедначување или покачување на цената на нафтата, дополнително ќе излеземе и информираме, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско […]

И без еврообврзница Македонија обезбеди околу 450 милиони евра поддршка


Македонија уште сега може да смета на финансиска поддршка од странство од околу 400-450 милиони евра и без издадена еврообврзница. Од тоа, 176 милиони евра се веќе одобрени од Меѓународниот монетарен фонд, а се очекува и Светската банка да одобри околу 100 до 140 милиони евра. Дополнително, Македонија смета и на сличен износ од Европската […]

И сопствениците на фирми ќе земаат помош од Владата


Министерката за финансии Нина Ангеловска објаснуваше како компаниите можат да ги искористат мерките за поддршка од Владата за намалување на последиците предизвикани од состојбата со коронавирусот. Мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари за вработените за месеците април и мај, вели може да ја искористат сите компании кои имаат намалување на приходите од најмалку 30 […]

Прилепските стопанственици се борат да ги одржат компаниите


На стопанството му требаат преструктурирање и државна помош, велат од Регионалната стопанска комора Како да се крене на нозе стопанството? Во ситуација од опасноста од заразата со коронавирусот да ги затвори фабриките, работодавците на работ на опстојувањето да ги испуштат работниците и кога работниците не знаат што би правеле во ситуација на принуден одмор? Првите […]

Рецесијата тропа на врата, како да се справиме со неа


Првата помош стигна од ЕУ – 65 милиони евра, ММФ одобри кредит од 176 милиони евра, наскоро се очекуваат и околу 140 милиони евра од Светска банка, во подготовка е и еврообврзница… Но, дали ќе биде доволно? Мирче Јовановски Како да се подготвиме за живот во рецесија – е прашање што си го поставуваат барем […]

Модел на крофна – кој е економскиот минимум кој му е потребен на луѓето


  Размислувајчи за животот по пандемијата, Амстердам одлучи да го прифати таканаречениот модел на крофна. Моделот на крофна ја отфрла глобалната поврзаност за (неограничен) економски раст и законите на понуда и побарувачка и служи како водич кој може да покаже како е можно да се живее во рамнотежа со планетата. Главната претпоставка на моделот е […]

Не се точни информациите дека велешанката починала пред еден месец


По наодот дека велешанката, која со својот син беше пронајдена мртва во нивниот дом пред два дена, е позитивна на коронавирус, Министерството за здравство информира дека ја проширува истрагата во која се вклучуваат повеќе институции, посочувајќи дека информациите оти тие биле починати повеќе од еден месец не се точни. Министерството за здравство соопшти дека денеска […]

Милионерот Пино се откажува од дел од платата заради корона-кризата


Франција- Франсоа-Анри Пино, шеф на француската луксузна група „Керинг“, се согласи да се откаже од четвртина од своите фиксни плати до крајот на годината и од целокупната негова променлива компензација за 2020 година, соопшти компанијата во петокот. Луксузната група, која вклучува брендови како Гучи, Сен Лоран, Баленсијага и Боттега Венета, е стабилна кон „сегашниот контекст […]

Бајрактар: Отпуштањата да бидат како технолошки вишок, а не со спогодбени откази


Доколку работодавците  не можат да ги задржат  вработените поради последиците  предизвикани од пандемијата со КОВИД-19,  тогаш отпуштањето да биде како  технолошки вишок, а не со спогодбени откази,  за вработените да имаат право  да се пријават во Агенцијата за да добијат надомест, апелираше денеска заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар во информативната видеосесија на […]

ММФ ни прогнозира пад на БДП од 4 отсто


Обезбедени се 176 милиони евра од ММФ, со многу ниска каматна стапка од 1,05 проценти и пет години рок на отплата   Финансиската поддршка од 176 милиони евра што ја одобри денеска за нашата држава Меѓународниот монетарен фонд ММФ е со каматна стапка од 1,05 проценти, рок на отплата од пет години и грејс период […]

„Фајнанс тинк“ прогнозира пад од 3,8 проценти на македонската економија


Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ прогнозира пад од 3,8 проценти на економијата во државава годинава. Се очекува најголем интензитет во вториот квартал за кога се проектира намалување на БДП од 12.7 проценти, а следните квартали да забележат економска консолидација. Динамиката на економските активности, како што соопшти денеска Фајнанс тинк, ја проектираат врз […]

Уредба за минимална плата за април и мај за функционерите и сите назначени лица во јавниот сектор


Владата ја донесе Уредбата за определување минимална плата од 14.500 денари за април и за мај за сите министри, пратеници, судии, обвинители, директори и сите други избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба. Целта  е да се обезбедат средства за имплементација на економските мерки донесени од Владата за справување […]

Сојузот на стопански комори е против зголемување на акциза на горивата во криза


Сојузот на стопански комори на Македонија  е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата. -Ова барање за зголемување кое до Владата го предложила Стопанската комора, ќе предизвика дополнително оптоварување на домаќинствата, земјоделците, ќе ги зголеми цените на транспортот, како и цената на голем број производи и услуги. Мерка која е во корист на две-три […]

ММФ одобри 176 милиони евра за Македонија


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри финансиска поддршка за нашата земја, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра. Преку овој инструмент се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е […]

Третина од граѓаните ја одбија понудата на банките да го одложат плаќањето на кредитите


Меѓу 30 и 40 отсто од граѓаните не ја прифаќаат понудата на банките за одложување на плаќањето на обврските. Кај некои банки веќе рокот за пријавување заврши, кај некои треба да заврши деновиве и следната недела треба да се има конкретнтно колку од клиентие не ја прифатиле можноста за одолжување на обврските по кредитите. Банките […]

ЦЕФТА: Приоритет во прекуграничниот транспорт ќе имаат храната и лековите


Земјите од Централноевропскиот трговски договор (ЦЕФТА) го одобрија списокот на основни производи на кои треба да се даде приоритет кога станува збор за прекуграничниот транспорт, со цел да се обезбеди соодветно снабдување во услови на кризата со Ковид-19. Станува збор за храна и медицинска опрема што во иднина ќе имаат приоритет при таканаречените „зелени коридори“, […]

Препораки од Агенцијата за пошти за безбедно онлајн купување и сигурна достава


Настанатата ситуација со кризата со коронавирусот придонесува со забрзан чекор да се поттикне електронската трговија и во нашата држава, па во таа насока и да се зголеми бројот на онлајн нарачките и тоа со достава до врата. Доколку се најдете во улога на купувач преку телефони, компјутер, таблети,… пред да започнете со процесот на е-купување, […]

Жбогар: Големи последици по кризата ако економијата остане парализирана предолго


Пакетот од 66 милиони евра е првична поддршка, но ние веќе разгледуваме повеќе проекти, повеќе идеи како да ви излеземе во пресрет. Постои голема опасност од последиците кои ќе следат по кризата, и не само тука, туку ширум Европа, ако економијата остане парализирана предолго, вели во интервју за Македонско радио евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој очекува […]

Партиско-бизнис препирки околу акцизите за нафтени деривати


Власта и опозицијата се поделија за предлогот на Стопанската комора на Македонија за зголемување на акцизите на дериватите и за изедначување на екстралесното гориво со дизелот Акцизите на нафтените деривати повторно се најдоа во средиштето на вниманието во јавноста, но послужија и како поле за своевидна партиско-бизнис пресметка. Овој пат поводот е предлогот на Стопанската […]

НЛБ Банка: Бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31 мај


Согласно барањата клиентите за продолжување на периодот за бесплатно користење на мобилното и електронското банкарство, нивна поддршка во користењето на дигиталните услуги, како и обезбедување на поголема заштита на вработените и клиентите од Корона вирусот, НЛБ Банка го продолжува периодот за бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31- ви мај. Со ова, на […]