При ископ на земја во Битола пронајдени пет гранати од Првата светска војна


При ископ на земја на поранешниот отпад „Битолска Суровина“ лоциран на улицата „Индустриска“ во Битола пронајдени се пет гранати кои потекнуваат од Првата светска војна. Како што информира МВР, случајот бил пријавен вчера во 11:47 часот во СВР Битола. Од пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување, гранатите се подигнати за понатамошна постапка.

За препродавање артефакти, кривична пријава против 14 лица


Кривична пријава за дела против културното наследство и природните реткости е поднесена вчера против вкупно 14 лица, од кои по едно лице се трага, а другите 13 се приведени. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски соопшти дека кривичната пријава е поднесена во рамки на акција на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со […]

Обвинителство бара да му се активира условната пресуда на градоначалникот на Ново Село


Основното јавно обвинителство од Струмица бара градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, да се упати на издржување на казна затвор од две години за кривично дело за кое бил осуден во 2015 година. Барањето на струмичкото Обвинителство е доставено до Основниот суд во Струмица, а оттаму информираат дека по него ќе одлучува кривичен совет. Градоначалникот […]

Возило излета од патот кај Катланово, двајца загинати


Две починати лица биле извлечени вчера од возило што било излетано од локалниот пат Катланово-Бадар, во близина на мостот на река Пчиња. Како што информираат од МВР, вчера околу 12.00 часот било пријавено дека возилото било забележано на посочената локација, а по пријавата, интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Таа извадила патничко возило […]

Болест на судијката го одложи рочиштето за „Тотал“


Поради болест на судијката Совче Гаврилова Ефремова одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“ на СЈО, во кој е обвинет новинарот Драган Павловиќ-Латас. Павловиќ-Латас е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра, преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице. Последното рочиште за овој […]

МОН и општина Аеродром со осуда за случајот во „Ѓорѓија Пулевски“


Министерството за образование и наука и општина Аеродром попладнево преку соопштенија го осудија случајот со фрлањето на ученичка од прозорец од страна на нејзините соученици во основното училиште Ѓорѓија Пулевски“. Во соопштенијата испратени од двете институции се наведува дека осудуваат секаков вид на насилство меѓу учениците и оти работат на целосно расчистување на случајот. Од […]

Ограбено десетгодишно дете во Скопје


Десетгодишно дете вчера било ограбено на „Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје. МВР соопшти дека вчера во 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Г.М. (45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.40 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ две непознати лица извршиле разбојништво во обид врз неговиот десетгодишен син. Додека детето се […]

МВР приведе повеќе лица за престрелката на „Рузвелтова“


Повеќе лица се приведени во СВР-Скопје на информативен разговор со цел да се утврди точниот мотив за оружениот напад, што се случи во петокот вечерта на ул. „Франклин Рузвелт“ во центарот на Скопје. Во нападот едно лице е убиено кога непознати сторители од возило во движење пукале во автомобил „сеат алтеа“ во кое се наоѓал […]

Момче пронајдено мртво во хотелска соба во Скопје


Во текот на вчерашниот ден нешто пред 20 часот, од страна на Итната медицинска помош било пријавено починато лице во хотел кој се наоѓа на улица „Качанички пат”. По увидот на МВР, било констатирано дека станува збор за 23-годишниот К.Н. од Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Нов инцидент во станот кајшто беа најдени пелените – бабата заборавила тенџере на оган


Нов инцидент се случи вчеравечерта во станот во трговскиот центар „Скопјанка“ каде со месеци беа чувани валкани пелени кои ширеа непријатна миризба поради која пред извесно време беа евакуирани сите станари од првиот влез. Противпожарната екипа вчера интервенирала во станот откако соседите пријавиле дека од станот излегува чад. Пожарникарите морале насилно да влезат во станот, […]

Скопјанец нападнат со тупаници во кафе-бар поради став за референдумот


Вчера во полициската станица Центар било пријавено дека во 00.15 часот, во кафе-бар во Скопје, додека И.Е. бил со негов пријател му се приближил Ј.Л.(33) од Скопје, со кој се познаваат од претходно, и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот […]

Пожарот близу Арачиново изгаснат, штетата незначителна


Пожарот близу Арачиново што избувна синоќа околу 21 часот на местото викано „Шамак“, бил изгаснат после час откако интеревенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Како што изјави за МИА в.д. командирот на ТППЗ на Скопје, Звонко Томевски, станува збор за опожарена поголема површина сува трева, трска и пченка. Поради конфигурацијана на теренот и близината […]

Детали за пукањето на Рузвелтова: Уште едно лице подлегна на повредите


Од повреди од пукањето во престрелката што ноќеска половина час по полноќ се случила на ул. „Франклин Рузвелт“ починал уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа“. Од Ургентен центар потврдија дека на повредите им подлегнал и 47-годишен кој два часа по приемот, односно околу 3 часот по полноќ, им подлегнал на тешките повреди […]

Детали од убиството на Рузвелтова


Едно лице е убиено ноќеска половина час по полноќ на ул. „Франклин Рузвелт“ во центарот на Скопје кога непознати сторители од возило во движење пукале во возило „сеат алтеа“ во кое се наоѓал убиениот. Според извори од истрагата, убиен е 44-годишниот Н.А. кој починал од тешки повреди на самото место, а други двајца сопатници во […]

На 1 октомври продолжува судењето за „Тенк“ на СЈО, а на 3 октомври завршни зборови


Остварениот профит на економскиот опетатор е во рамки на вообичаениот профит од продажба на возилото „мерцедес С-600“, односно нема остварено екстра профит, истакна денеска во Кривичниот суд во Скопје вештото лице за материјално и финансиско работење Страхил Глигоровски. Вештачењето го направил по наредба на СЈО за да го утврди профитот на дилерот од продажбата на […]

Mигранти од Иран пронајдени во скопско возило


На автопатот Скопје-Гевгелија, на делницата од Неготино до Гевгелија, во патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблици се пронајдени девет лица мигранти од Иран. Како што денеска соопшти МВР, полицијата имала сознанија дека две патнички возила „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки превезуваат мигранти. – Полициски […]

Повредено дете, му паднала тенда врз глава


Едно тринаесетгодишно дете е повредено откако вчера попладнето од силниот ветар врз глава му паднала тенда на игралиште во Топаанско Поле во Скопје. Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера попладнето околу 17:30 часот на игралиште на улица „Ѓорги Поп Христов“ во Топаанско Поле во Скопје додека 13-годишното дете играло со други деца. По […]

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во Скопје


Осумнаесетгодишен скопјанец загина, а две лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила ноќеска 02:27 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје. Како што е наведено во полицискиот билтен ноќеска во 02:27 часот во Скопје на улица „Јадранска магистрала“ скопјанецот Д.К.(18) управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото […]

Испукани 30 куршуми во Ченто, има повредени


Напаѓачи со полуавтоматско оружје испукале повеќе од 30 куршуми во автомобил во движење вчера во скопската населба Ченто. Инцидентот се случил на улицата „Алија Авдовиќ“, пред Основното училиште „25 Мај“. Повредени се две лица, едното возач на автомобилто во кој било пукано, а вториот повреден, веројатно бил случаен минувач. Од полицијата сè уште немаат соопштено […]

Мотоциклист загина, а пешак е повреден во сообраќајка


Мотоциклист загина, а пешак е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне во Охрид. Како што соопшти МВР, вчера во 18,30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Абаз Емин“ со улицата „Железничка“ мотоцикл „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од С.И. (36) од Охрид, удрил во пешакот Р.С. (52) од Охрид, […]