Нови рочишта за „Тендери“ и „Транспортер“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“ и „Транспортер“. Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште треба да бидат сослушани двајца сведоци. Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на претседателот на судeчкиот совет Осман Шабани. Во предметот првообвинета е поранешната министерка […]

Обвинителката Русковска од здравствени причини го напушти рочиштето за „27 април“


Обвинителката Вилма Русковска предмалку во придружба на полициски службеник го напушти судењето во предметот „27 април“ откако и се слоши во судницата. Русковска од судијката Добрила Кацарска побара да и дозволи да ја напушти судницата од здравствени причини. Судењето продолжува со прегледување видео снимки од телевизиските куќи. Во судница се присутни сите 32 обвинети, освен […]

Повреден работник во велешки „Брако“


Вработен во „Брако“ вчера утро се здобил со тешки телесни повреди додека работел на машина за обработка на жица. Од СВР – Велес вчера околу 09.00 часот во ДПТУ „Брако“ – погон клинчара, додека лицето Ѓ.Д.(41) од Велес работело на машина за обработка на жица истиот бил вовлечен во машината и приклештен од жицата по […]

Пожар во стан во Велес, сопственичката е пренесена во болница


Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека вчера околу 12.30 часот на улица „Ѓорѓи Војтех“ во Велес во стан сопственост на К.М.(77) настанал пожар во една од собите при што е опожарен мебелот. – Од страна на ТППЕ пожарот е локализиран околу 13.30 часот. Сопственичката на станот е пренесена во ЈЗУ Општа болница – […]

„Титаник“ денеска до 13 часот за да можат Груевски и Димовски да присуствуваат на собраниска комисија


Со преслушување на „бомби“ денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Повеќето од разговорите се на екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од 6 април 2013 година, во периодот меѓу првиот и вториот круг на локалните избори во 2013 година. Од разговорите се слуша […]

Ново одложување на судењето против Латас


Поради спреченост на претседателот на судечкиот совет, одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“. Новото судско рочиште е закажано за 21 декември во 10 часот. На денешното рочиште беше присутен обвинетиот Драган Павловиќ Латас и неговите бранители. Тој во предметот на СЈО „Тотал“ е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра преку правните […]

Џејха тргна да се види со сестра си, но никогаш не стигна


Во скромниот дом на семејството Меџити во гостиварското село Здуње од рано утрово доаѓаат пријатели и роднини да им изразат сочувство на родителите и двете сестри на Џејха, средношколката која синоќа се удави во водите на Вардар. Трагичниот случај одекна во јавноста и заради бизарноста, бидејќи таа во обид да се спаси од напад на […]

(ВИДЕО) МВР со детали за апсењето на инспекторот: Примил поткуп од 5.000 евра


Полицијата пондесе кривична пријава за Љ.С.(62), инспектор во УЈП, кој се сомничи дека од сопственик на угостителски објект, побарал и примил поткуп во износ од 5.000 евра. Во вршењето на кривичното дело му помогнале З.К.(60) и нејзиниот сопруг Љ.К.(63) двајцата од Скопје, ангажирани како сметководители од оштетената страна. „Пријавениот во својство на службено лице, даночен […]

Еден загинат и петмина повредени во сообраќајка кај Струга


Едно лице го загуби животот, пет се повредени во сообраќајна несреќа што изутрината во 5:45 часот се случи на магистралнот пат Струга – Охрид на крстосницата кај струшкото село Мислешево. До несреќата дошло при судар на автобус со охридски регистерски таблички и патничко возило „Шери“ со струшки ознаки, со кое управувало лицето кои се здобило […]

Девојчето што падна во Вардар најдено мртво


Девојчето кое што  падна во водите на реката Вардар во Гостивар, е најдено без знаци на живот во близината на Балиндол, пишува „Гостиварпрес“. Телото било пронајдено од страна на жители на селото, а било извлечено од страна на полициски служби. Лекарите констатирале смрт. Се очекува на терен да излезе и Јавен Обвинител кој ќе изврши […]

Спасовски: Се преземаат мерки за инцидентот на навивачите во Тетово


МВР ги презема сите потребни мерки во врска со вчерашниот инцидент со навивачите во Тетово, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -За навивачите кои скандираа националистички пораки во Тетово, во рамки на СВР-Тетово се преземаат мерки и во делот на едната или другата група. Денеска дадовме посебна задача во делот на превенцијата за […]

Тинејџери се степале, едниот прободен со нож


Седумнаесетгодишно момче завршило со рана на левата нога по расправија со една година помлад родина во гостиварското село Чегране. Според СВР Тетово, шеснаесетгодишник синоќа околу 21 часот, во салон за забавни игри во Чегране, најпрво физички се пресметал со 17-годишник, негов родина, а потоа од панталоните извадил нож и му нанесол убодна рана во левата […]

(ВИДЕО) Воз удри во автобус во скопско Свиларе, повредени две лица


На патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево, кај село Свиларе, вчера околу 10.15 часот се случила железничка незгода, во која две лица се повредени. Како што соопшти денеска МВР во железничката незгода товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од скопското село Грчец. […]

Пожар над селото Габрово


Од синоќа гори борова и букова шума на планината Беласица, над селото Габрово, информираа од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица. Според Никола Ристов, шеф за заштита на шуми при Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица, на местото на пожарот се испратени 12 вработени, кои се обидуваат да го стават под контрола. Додава дека пожарите зачестиле откако […]

Изминатите три дена 21 сообраќајка во Скопје, три лица тешко повредени


Три лица биле потешко повредени во три од вкупно 21 сообраќајна несреќа во текот на изминатите три дена во Скопје. Во 10 биле полесно повредени 15 лица, а во осум била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто педесет […]

Кривична пријава за скопјанка за нелегални онлајн трансакции


Триестгодишна скопјанка заработи кривична пријава поради сомнение дека со платежна картичка на оштетено физичко лице направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари. – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе до Основното јавно обвинителство -Скопје кривична пријава против скопјанката Ј.И.(30) поради постоење основи на […]

Кај штипјанец пронајдени 77 килограми марихуана


Кај 40-годишен штипјанец пронајдени се 77 килограми марихуана и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Портпаролката на СВР – Штип, Гордана Панајотова денеска на прес-конференција истакна дека марихуаната е пронајдена кај Б.С. кој пред два дена со велосипед се движел по регионалниот пат Штип-Плачковица, кај селото Стар Караорман. Тој не застанал […]

Исчезна маж од Дебар


Во Полициската станица од општа надлежност во Дебар вчера е пријавен за исчезнат жител на градот. Исчезнувањето го пријавиле негови роднини, кои со него немаат контакт од вчера претпладне кога заминал на риболов на брегот на реката Дрим. Полициски службеници од дебарската полициска станица го пребаруваат теренот. Лицето е на околу педесет годишна возраст, бил […]

Приведени девет лица за престрелката во Куманово


Надлежен јавен обвинител од кумановското Основно јавно обвинителство и увидни екипи од Министерството за внатрешни работи извршија увид на местото во Куманово каде што вчера попладнето се случи оружена престрелка меѓу две семејства, при што жовтот го загуби едно лице. По наредба на јавен обвинител обезбедени се траги од местото, пронајденото ладно оружје и испуканите […]

ТНТ: СЈО изведува докази за уривањето на „Космос“


Со изведување материјални докази на СЈО денеска продолжи главната расправа за предметот „Т.Н.Т“. Обвинителот Бурим Рустеми 1,5 час презентираше договори, анекси, одлуки, барање на мислења и елаборати во врска со комплексот „Космос“. Рустеми на барање на одбраната продолжи со детално читање на 129-те од вкупно 684 докази, што се од суштинско значење за овој предмет. […]