Жител на село Горна Бањица починал во пожар


Осудесетитригодишен старец во село Горна Бањица, гостиварско, починал најверојатно од задушување со чад откако во собата каде што престојувал избувнал пожар. Полицијата соопшти дека вчера во 14:30 часот во село Горна Бањица, гостиварско, во неговата куќа бил пронајден починат М.Ш. (83). Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото […]

Одложени рочиштата за „Тотал“ и „Труст“, Латас не дојде на суд


Новинарот Драган Павловиќ Латас кој е осомничен за даночно затајување во предметот на СЈО „Тотал“, како што информираше неговата одбрана, поради лични и семејни причини не присуствуваше на денешното рочиште. Одбраната на Латас за неговата неможност да присуствува, пред Судот достави доказ од клиника. Новинарот Драган Павловиќ-Латас е осомничен за даночно затајување како сопственик и управител […]

Бездомник пронајден починат кај Зелено пазарче


Бездомник утрово е пронајден починат на плочникот кај месарниците на Зелено пазарче во Скопје. Случајот во полиција утринава во 6.30 часот го пријавил граѓанин. Од МВР информираат дека станува збор за педесетгодишен маж. Пазарџиите коментираат дека го познавале и дека тој речиси секојдневно се движел околу пазарчето и низ центарот на Скопје. Екипи на полицијата […]

Села не дојде на суд


Пратеникот Зијадин Села денеска не дојде на рочишето во Кривичниот суд, кое се води против десетмина обвинети за обид за негово убиство на 27 април минатата година во Собранието на РМ. Иако претходно беше најавен дека ќе пристигне на судењето откако ќе бидат сослушани двајцата сведоци, Села не дојде и своето присуство го најави за […]

(Фото) Пронајдени околу 10 килограми марихуана, осомничен дилер од Дебар


Во две црни вреќи, а по претходно добиени сознанија, полицијата вчера пронашла девет и пол килограми марихуана кај местото викано Раички Мост во Дебар. Според полицијата, осомничен за дрогата е дебарец добро познат на органите на прогонот. Како што соопшти МВР, по преземени мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето инволвирано во овој случај, […]

Ново судско рочиште за „Труст“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Труст“ на СЈО, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија. Минатото рочиште беше одложено поради боледување на […]

Продолжува судењето за нападот врз Села


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Судијката Славица Андреевска, која го води процесот, на минатото рочиште рече дека главната расправа ќе продолжи на 8 февруари со доказна постапка и изјави […]

Татко го нападнал синот со тупаници зашто не сакал да ги плаќа сметките за струја


Б.Б. (40) од село Шемшово, Тетовско, пријавил дека вчера околу 13 часот неговиот 71-годишен татко физички го нападнал во дворот од нивната куќа, додека со секира сечел дрва. „Таткото најпрво започнал расправија околу неплатени сметки за електрична енергија, по што со тупаница го удрил по лицето. Пријавителот го турнал татка си, но тој веднаш станал […]

Новата обвинителка Трајчева ги добила предметите на Раичевиќ


Предметите во кои до пред само една недела постаувала обвинителката Лидија Раичевиќ во иднина ќе ги работи нејзината колешка Ивана Трајчева, која од 31. минатиот месец е дел од тимот обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што дознава правосудство.мк предметите на Трајчева и биле дадениминатиот петок, само два […]

Утре продолжува судењето за нападот врз Села


Во Кривичниот суд утре треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Судијката Славица Андреевска, која го води процесот, на минатото рочиште рече дека главната расправа ќе продолжи на 8 февруари со доказна постапка и изјави […]

Кривичниот суд ќе расправа за однесувањето на Панчевски


Претседателот на скопскиот кривичен суд, Иван Џолев, вели дека нема никакви ингеренции за да го санкционира недоличното однесување на судијата Владимир Панчевски, но ветува дека веќе на првиот нареден судски колегиум ќе го отвори и ова прашање. Според сознанија на правосудство.мк некои судии веќе му ги доставиле на Џолев сите коментари што Панчевски ги напиша на […]

Охриѓанец незаконски користел телекомуникациска мрежа на мобилен оператор


Кривична пријава е поднесена против 33-годишен охриѓанец кој набавил и користел незаконска SIMBOX опрема и вршел сомнителна комуникациска активност во радиофреквентниот опсег на еден мобилен оператор. Со тоа, С.Б. во периодот од 1 октомври до 17 ноември лани се стекнал со противправна имотна корист од 3.950 евра, на штета на мобилниот оператор. Од идентификуваните 114 […]

Владина делегација го посети опожарениот дом на семејство Зулбеари во Тетово


Владина делегација денеска го посети опожарениот дом на семејството Зулбеари во Тетово и изрази длабоко сочувство за трагедијата во која животот го загубија мајката Фатиме и четири малолетни деца. Во владината делегација беа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Мила Цароска како и министерот задолжен за спроведување на Охридскиот […]

Петар Арсовски не го кодошел Ристо Шишков


По цели девет години судење, актерот Петар Арсовски успеа да докаже дека не бил кодош, а дека поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Шамбевски го клеветел со намера да ги наруши неговите углед и чест. Апелацискиот суд во Скопје деновиве донесе пресуда со која само се потврдува првостепената пресуда, а според која тужениот Шамбевски изрекол клевета […]

СЈО врши увид на предмети во судот во Кичево


Обвинителката Фатиме Фетаи е денеска во работна посета на Основниот суд во Кичево и, според информациите со кои располага правосудство.мк, таа била придружувана од уште еден службеник од Специјалното јавно обвинителство. Во Кичево, обвинителката Фетаи извршила увид во неколку судски предмети. Извори на правосудство.мк велат дека не е познато за што точно се интересирала Фетаи, […]

Судот не му дозволи на Тарчуловски да го следи обраќањето на Столтенберг во Собрание


Судот не му дозволи на Јохан Тарчуловски, кој се наоѓа во домашен притвор, да присуствува на утрешното обраќање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Собранието на Република Македонија. Тарчуловски е осомничен за тероризам и уставно загрозување, во врска со настаните од 27-ми април 2017 година во македонскиот Парламент. – Постапувајќи по барање на […]

Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 27 март, со нов судија


Судењето за предметот “Таргет-Тврдина“, што се однесува за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето, е одложено за 27 март. Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска […]

Мијалков и Јанкулоска пристигнаа во судот за „Таргет-Тврдина“


Во Кривичниот суд, каде што треба да се одржи судење за споениот предмет „Таргет – Тврдина“, кој се однесува за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето, претспалденво пристигнаа поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, кои се дел од обвинетите, како и обвинителката Ленче Ристовска […]

Скопјанец починал од прострелна рана во главата


Шеесет и двегодишен скопјанец вчера е пронајден мртов со прострелна рана од огнено оружје во главата, соопшти полицијата. – Во единицата за информации и команда Скопје вчера во 07:26 часот, Љ.П. пријавил дека со прострелна рана од огнено оружје во главата го пронашол неговиот дедо Ж.М. (62) во неговиот дом на ул. „Иван Наумов Алабакот“ […]

СЈО води истрага за Орце Камчев


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отворило истрага која се однесува на продажбата на земјиштето спроти „Рамстор“, во центарот на Скопје, а како осомничен се води сопственикот на „Орка холдинг“, Јордан Камчев, пренесе порталот „правосудство мк“. Според објавените информации, Специјалното јавно обвинителство веќе доставило барања до редовните обвинителства за предавање на веќе отворени предмети, а во кои […]