Штипјанец напредувал со фалсификувана диплома


Штипјанец со иницијали Г.Д. (51) е осомничен дека со фалсификувана диплома напредувал на работното место, поради што полицијата му поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека пријавениот во 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во […]

(ФОТО) Отворена „Опел омегата“, се потврди дека е истиот автомобил


Крим техничар го отвори автомобилот Опел Омега и според бројот на шасијата се потврди дека возилото било истото она што е вештачено во првата постапка за случајот монструм. И адвокатите кои се сомневаа дека тоа е истото возило се уверија дека шасијата се совпаѓа. Во возилото беа најдени биолошки траги од Алил Демири, првообвинетиот за […]

Обезбедувач во „Телеком“ пронајден мртов на работно место


Лицето М.Ц. (46) од Охрид синоќа бил пронајден мртов пред објектот на „Македонски телеком“ за кој бил задолжен да го обезбедува. Неговото безживотно тело го пронашол вработен во Телеком – Охрид и случајот го пријавил во полицијата. Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Со […]

Две лица загинаа во сообраќајка кај Прилеп


Две лица го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 00.20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп. Патничко возило „Опел Астра“, управувано од О.И.(37) од Прилеп, изгубило контрола, удрило во заштитна ограда од мост и излетало од патот во провалија, соопшти денеска МВР. Притоа, возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале […]

Повредено момче во пекара во Скопје


Дваесет и едногодишниот Б.И. е повреден еден час по полноќ откако количката со која влегол во лифт во пекарата на „Груица Војвода“ во Скопје, а во која имало леб, од непознати причини се превртела и го потиснала. МВР информира дека повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки […]

Познат мотивот за убиството во Дебар: На Блерта не ѝ дозволиле да се омажи за Италијанец


Познат мотивот за тројното убиство во Дебар Постарата ќерка на убиеното семејство, Блерта Поцеста (28) признала дека го организирала убиството, но не и дека го извршила, пишува Коха повикувајќи се на извори од истрагата. Според весникот, на Блерта од страна на нејзиното семејство ѝ било забрането да стапи во брак со италијански државјанин. Форензичкиот тим […]

Скопјанец се обидел да ја убие сопругата


Кривична пријава е поднесена против 54-годишен скопјанец кој на 2 септември по вербална расправија се обидел со нож да ја убие својата сопруга. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека Б.А. се сомничи за кривично дело „убиство во обид во вршење семејно насилство“. Тој на 2 септември околу 20 часот во семејниот дом, по кратка […]

Српски камионџија повреден во сообраќајка на патот Градско-Прилеп


Српски државјанин, кој возел влекач „Сканија“ со полуприколка, вчера попладне излетал од патот Градско-Прилеп и паднал во провалија. МВР денеска соопшти дека несреќата се случила во 16 часот, а 41-годишниот возач С.П. се здобил со тешки телесни повреди и со возила на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Прилеп каде е задржан […]

МВР го расчисти убиството на жената од Велгошти


Министерството за внатрешни работи (МВР) го расчисти убиството на Б.П. (47) во охридското село Велгошти, а на осомничениот И.К. (62) од Охрид му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Како што соопшти МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава […]

Сообраќајка на Стража, се вози наизменично по една лента


Сообраќајна несреќа се случи утрово на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево кај селото Церово. Според СВР Тетово, утрово околу 9:30 во близина на селото Церово, дошло до соораќајна несреќа во која две лица се повредени, од кои едното потешко. Од сé уште неутврдени причини се судриле три автомобили: „ауди“ со тетовски ознаки, „форд-мондео“ со скопска регистрација […]

Аболицијата од Иванов не му помогна на Мијалков


Судијката Џенета Бегтовиќ од Кривичниот суд во Скопје, на денешното рочиште за случајот „Тврдина-Таргет“ на СЈО го одби барањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за прекинување на постапката против него за за масовното нелегално прислушување. Мијалков се повика на аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, ама судијката Бегтовиќ рече дека за аболицијата судот веќе […]

Сведочење на Манчевски: Се закануваа дека ќе нѐ убијат


Сите триесет и тројца обвинети за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година се присутни на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на кое треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од Обвинителството. Денешното рочиште почна со сослушување на сведокот Дамјан Манчевски, сега министер за информатичко општество и администрација, а треба да сведочат […]

Груевски доби уште еден ден за „Тенк“


Апелацискиот суд во Скопје ја одложи за еден ден расправата по жалбата на првостепената пресуда за случајот „Тенк“, за кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор, а помошникот министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години. Причина за одложувањето на расправата беше неприсуството на Груевски, како и на неговите четворица адвокати. […]

Почна судењето на Јанкулоска за „Тенк“


Во Кривичниот суд во Скопје почна одново судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е една од обвинетите во предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес. Во судницата е присутна обвинетата Јанкулоска, а претседателка на судечкиот совет е Добрила Кацарска. На Јанкулоска ѝ се суди во раздвоена постапка бидејќи имаше ризична бременост […]

Нападнато 17-годишно момче во центарот на Скопје


Седумнаесетгодишно момче од скопското село Црн Врв синоќа, околу 21 часот, во паркот „Жена борец“ било физички нападнато од неколку лица. Непознатите му побарале пари, а откако не ги добиле со нож му нанеле расекотини и побегнале. Како што соопшти МВР, случајот во полиција изутрината во 1:30 часот го пријавил таткото на детето, Џ.Б.(57). Момчето […]

РСБСП: Лани загинале 72 лица, поради брзо возење


Брзото и неодговорно однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици, укажува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во одредени ситуации, како што соопшти денеска РСБСП, намалувањето на брзината на возење од само 5 километри на час може да биде клучно дали одредена незгода ќе се […]

Двегодишно дете почина на клиника во Скопје


Двегодишно дете вчера починало на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Детето било донесено со болничко возило во 11:30 часот од Прилеп со тешка менингококцемија со флуминантна пурпура или сепса. Директорка на Универзитетската клиника за инфективни болести и фербилни состојби во Скопје Милена Стевановиќ изјави дека болеста почнала неполни 24 часа пред […]

Инженер починал при минирање рудник


Инжинер во фирма „Мак-Дрил“ од Кавадарци починал кога од камен бил погоден за време на минирање на ископ во рудникот „Говрлево“, соопшти полицијата. Вчера околу 14:25 часот од итна медицинска помош било пријавено починато лице М.Н.(54) од Кавадарци, вработен како инжинер во фирма „Мак-Дрил“. Тој, како што се наведува во соопштението од МВР, при минирање […]

„Монструм“: Судијата ќе оди да го види клучниот доказ


Црвената „опел омега“, која беше клучен доказ на Министерството за внатрешни работи во расветлувањето на петкратното убиство кај Смилковското Езеро, се врати во фокусот на судскиот процес за овој случај познат во јавноста како „Монструм“. Судијата Огнен Ставрев соопшти дека идната недела ќе закаже термин кога заедно со обвинителите и адвокатите ќе одат да го […]

„Монструм“ на СЈО продолжува на 31 август


Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година, продолжува на 31 август со сослушување на загрозениот сведок од страна на судот. На денешното рочиште заштитениот сведок одговараше за прашања на адвокатите од одбраната, откако на рочиштето на 22 август заврши сослушувањето од страна на […]