За една деценија во Турција се убиени над 2.000 жени


Вкупно 2.337 жени се убиени во Турција во iизминатите десет години од страна на нивните партнери или роднини, јави турската телевизија НТВ. Убиствата главно се случиле кога жените побарале да се разведат или да донесуваат одлуки за себе. Во изминатите десет години е забележано зголемување на бројот на убиени жени во Турција, забележува НТВ. Според […]

Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година


Албанскиот министер за туризам и животна средина Бленди Клоси соопшти дека Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година. Според него, овој чекор на Владата е со цел да се намали загаденоста на воздухот во земјата. Како што јави дописникот на МИА, гостувајќи во емисјата „Отворено студио“ на тиранската телевизија Њуз 24, Клоси […]

Поранешниот руски шпион и неговата ќерка отруени со нервен гас


Британската полиција соопшти дека верува оти поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија биле затруени со нервен гас. Шефот на антитерористичкиот оддел на лондонската полиција Марк Рули изјави дека нападот врз Скрипал и неговата ќерка претставува обид за убиство. Тој додаде дека двајцата во моментов се наоѓаат в болница во критична состојба. Скрипал […]

Самопрогласената мини држава Либерланд отвори претставништво во Белград


Самопрогласената мини држава Либерланд, што ја фомираше Чехот Вит Једличка на „ничија земја“ меѓу Хрвтска и Србија, денеска го отвори своето претставништво во Белград. „Претседателот на Либерланд“, Једличка истакна дека целта на неговата „држава“ е да биде фактор за поврзување на народите и се надева дека претставништвото ќе привлече повеќе луѓе да дојдат во Србија […]

Делави: Добро е што Србите и Албанците не се обвинуваат меѓусебно за убиството на Ивановиќ


Амерканскот амбасадор во Приштина, Грег Делави смета дека е добро што Србите и Албанците не се обвинуваат меѓусебно за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ. Во интервју за „КоССев“, Делави изјави дека ова убиство нема меѓуетнички карактер. – Животот продолжува, тоа е нешто добро. Мислам, станува јасно дека ужасното […]

Поради Србија и Косово доцнат дигиталните часовници во Европа


Поради намалување на фреквенцијата во европската електрична мрежа, многу дигитални часовници во Европа доцнат, што е настан без преседан, соопшти денеска Европската аоцијација на операторите на електродистрибутивните мрежи. Според Асоцијацијата со седиште во Брисел, причина за отстапувањето од стандарната фреквенција на струјата во Европа од 50 херци, е недоволното снадување со електрична енергија од реонот […]

Крис Волкер: Се надевам дека Русија ќе побара мир во источна Украина


Специјалниот пратеник на САД за Украина, Курт Волкер изјави дека се надева оти Русија „ќе побара мир и ќе се повлече од источна Украина“, а ако го направи тоа, Вашингтон е подготвен да ја одигра својата улога во процесот на транзиција. Според Волкер, кој е во посета на Варшава, САД и предложиле на Русија, сили […]

Харадинај: Немаме доволно гласови за демаркација на границата


По три неуспешни обиди во косовското Собрание за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше потпишан на 26 август 2015 година во Виена, се уште не е сигурно кога тој одново ќе се најде пред пратениците, бидејќи според денешното признание на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, владејачката коалиција се уште […]

Советот на Европа препорачa државите да промовираат независно и истражувачко новинарство


Советот на Европа денеска им препорача на 47-те држави членки од организацијата да го промовираат независното и истражувачко новинарство. Препораките содржат повик за развој на национални стратегии за разновидноста на средствата за информирање – јавни, локални, прекугранични и малцински. Притоа на државите им се препорачува да обебзедат услови за целосна редакциска и оперативна медиумска независност. […]

ИД ги повика муслиманите од целиот свет да и се придружат во Авганистан


Џихадистичката група Исламска држава (ИД) упати повик до муслиманките од целиот свет да им се придружат на нејзините борци во авганистанските провниции Џаузџан и Нангархар. Како што јави АФП, повикот е упатен преку 25-минутно видео насловено „Светот на Алах е голем“, во кое се прикажани борци на ИД во реонот на Тора Бора. – Повик […]

Принц Мохамед бин Саламан: Турција е дел од „триаголникот на злото“


Саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман изјави дека Турција е дел од „триаголникот на злото“ заедно со Иран и исламските екстемистички милитантни групи. Како што објави денеска египетскиот весник „Ал Шурук“, саудискиот принц, исто така, ја обвини Турција дека се обидува да го возобнови Исламскиот Калифат, кој пропадна пред повеќе од еден век со падот […]

На белгиските граѓани им се делат таблети со јод во случај на нуклеарна катастрофа


Белгиските власти им поделиле денеска на своите граѓани таблети со јод, кои се конзумираат во случај на нуклеарна катастрофа. Таблетите, според наводите на европските медиуми, им се поделени на оние жители кои живеат на растојание од 100 километри од секоја нуклеарна централа. Не се објаснува зошто таблетите се делеле токму денеска, но тоа не е […]

Куртулмуш: Сериите се „мека сила“ на Турција


Турскиот министер за култура и туризам Нуман Куртулмуш денеска изрази жалење поради одлуката на најголемиот емитер во арапскиот свет „МБЦ груп“ да го прекине прикажувањето на турските серии во арапските земји, при тоа истакнувајќи дека одлуката е политичка. – Не е работа на двајца или тројца политичари, кои на маса одлучуваат каква програми ќе гледаат […]

Ирска: Судот отвори пат за одржување референдум за абортус


Ирскиот Врховен суд денеска отвори пат за одржување на референдум за абортус планиран за крајот на месец мај, донесувајќи одлука дека неродените немаат директни уставни права и покрај правото на живот, по осмиот амандман на ирскиот Устав. Владата во јануари предложи одржување на референдум кон крајот на мај, нудејќи им на избирачите можност за првпат, […]

Пападимулис: Меѓународен договор со надуставна сила е најдоброто решение


Најдобриот начин за да постигнеме решение во македонското прашање е да ја завршиме Времената спогодба од 1995 со меѓународен договор со надуставна сила, смета потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис. Во изјава за радиото 247, тој како пример го споменува Лозанскиот договор од 1923 помеѓу Грција и Турција. – […]

УНИЦЕФ: На Србија ѝ се заканува брз пад на населението


Од 2011 до 2016 година бројот на деца во Србијa е намален за речиси 40.000, а вкупниот број на жители до 2041 година ќе падне на 5,5 милиони, што е пад за 23 отсто во однос на податоците од пописот на населението во 2011 година. Ова денеска го соопшти директорот на УНИЦЕФ во Србија, Мајк […]

Делави оптимист за демаркацијата на косовско-црногорската граница


Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави, е оптимист дека во текот на неделава косовскиот Парламент ќе го  ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Во интервју за порталот „КосСев“, Делави изјави дека изгласувањето за демаркацијата не било никогаш поблиску отколку деновиве. – Признавам дека сум виновен за фактот што сум оптимист. Сметам дека […]

Од Франција вратени 178 албански граѓани по одбиен азил


Поголема група албански граѓани денеска од Франција се вратени во Албанија, откако тамошните власти им го одбиле барањето за азил. Од Минстертвото за внатрешн работи во Тирана потврдуваат дека станува збор за 178 албански државјани, кои се транспортирани со авонски лет, овозможен од фрацуската канцеларија за миграција и интеграција. – Други летови на доброволна или […]

Во Германија недостигаат приближно 1,2 милиони работници


Во Германија во последниот квартал од мината година бројот на слободни работни места достигна до рекордни речиси 1,2 милиони, соопшти Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ) во Нинберг. Според стаистиката најголема побарувачка за работници има во преработувачката индустрија и градежниот сектор. Германските градежни фирми во моментот бараат околу 100.000 работници од различни профили. […]

Сорос обвинет дека се обидува да ја дестабилизира Словачка


Американскиот инвеститор со унгарско потекло Џорџ Сорос денска ги отфрли како неосновани обвинувањата на словачкиот премиер Рпберт Фисо дека е вклучен во обид за дестаблизијација на Владата на Словачка. Фицо вчера го обвини претседателот на Словачка, Андреј Киска дека го користи убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница, за да ја дестабилизира земјата, […]