Во Албанија уапсени 12 функционери поради корупција


Еден градоначалник и уште 11 функционери се уапсени во Албанија поради илегална продажба на државно земјиште во близина на морето, соопшти Обвинителството. Осомничените, меѓу кои и Фран Фрокај, градоначалник на Леж, се обвинети за злоупотреба на функцијата и фалсификување документи. Тие подготвувале лажна документација за 300.000 квадратни метри државно земјиште и планирале да го продадат […]

Коха: Рахој не доаѓа на Самитот бидејќи не сака фотографија со Тачи


Шпанскиот премиер Маријано Рахој нема да присуствува на самитот на Европската унија и Западен Балкан идниот месец, објави „Коха“, повикувајќи се на шпански „Ел Паис“. „Коха“ пренесува дека шпанскиот весник објавил оти Рахој не планира да оди на тој самит бидејќи не сака да се фотографира со косовскиот претседател Хашим Тачи бидејќи лидерите на сепаратистите […]

Павел: НАТО сака стабилна, целовита и безбедна Европа


НАТО соработува со Евроспката унија, бидејќи негова цел е стабилна, целовита и безбедна Европа, изјави денеска во Белград претседавачот на Воениот комитет на Алијансата, генерал Петр Павел. По средбата со српскиот министер за одбрана Алексадар Вулин, Павел изјава дека ги разбира чувствата на Србија кон НАТО, но додаде дека низ исотијата има многу случаи кога […]

Нова демократија-најпопуларна политичка сила во Грција


Грчката опозициска конзервативна партија Нова демократија и натаму е најпопуларна политичка сила во Грција. Има предност од девет процентни поени пред владејачката Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА), покажува последното истражување на јавното мислење во земјата. Според анкетата на агенцијата „Пулс“, изработена за грчката телевизија „Скај“, доколку сега се одржат избори во грчкиот Парламент ќе влезат […]

Саудиски принц: Ако Иран развие атомска бомба и ние ќе го сториме истото


Саудиска Арабија ќе развие атомска бомба доколку нејзиниот најголем непријател Иран го направи тоа, изјави саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. – Саудиска Арабија не сака да поседува атомска бомба, но без сомнение, доколку Иран развие нуклеарна бомба, веројатно набрзо потоа и ние ќе го следиме тој пример, изјави принцот во интервју за Си-Би-Ес, кое во […]

Магна и Лифт заедно ќе развиваат такси возила без возачи


Канадскиот гигант за производство на автоделови Магна денеска информираше дека ќе соработува со компанијата за такси превоз Лифт за производство на возила без возачи. Канадската компанија најави дека ќе инвестира 200 милиони долари во развој на новата технологија. Договорот предвидува Магна да биде ексклузивен снабдувач на Лифт за уреди со кои возилата може да се […]

Петер Пелегрини ќе биде нов премиер на Словачка


Досегашниот вицепремиер за инвестиции и дигитализација Петар Пелегрини (42) ќе биде новиот премиер на Словачка, откако денеска шефот на државата Андреј Киска соопшти дека ја прифатил оставката на Роберт Фицо. Пелегрини претходно соопшти дека до претседателот на Словачка доставил 79 потписи од 150 пратеници во словачкиот Парламент кои докажуваат дека мнозинството се согласува тој да […]

ДПА: Германија и натаму продава оружје на Турција


Дури и по спорната воена интервенција во Северна Сирија за да го исчисти регионот од курдската милиција, Германија продолжува да продава оружје на Турција во вредност од милиони евра, јави ДПА. Во првите речиси 40 дена од почетокот на турската операција „Маслиново гранче“ против курдските Сили за заштита на народот во Африн биле одобрени 20 […]

Ѕанакопулос за преговорите за името: Чекориме по позитивен пат


Можам јасно да кажам дека во овој момент чекориме по еден доста позитивен пат, вели портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос и додава дека преговорите за името продолжуваат со интензивен ритам. На денешниот брифинг со новинарите, Ѕанакопулос рече дека нацрт спогодбата ја разработува грчкото МНР, а набргу е планирана посета на шефот на дипломатијата Никос […]

Борисов: Има напредок во инфраструктурното поврзување на Западниот Балкан


Напредокот во иницијативите за зголемување на меѓусебната поврзаност на Западниот Балкан е едно од постигнувањата меѓу приоритетите на бугарското претседавање со ЕУ, што се однесуваат на европерспективата на регионот, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на средба со потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович. Како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, на средбата било изразено […]

Брнабиќ: Реконструкцијата на српската Влада е отворено прашање


Реконструкцијата на Владата е отворено прашање, изјави денеска српската премиерката Ана Брнабиќ во врска со медиумски написи за можни промени во нејзиниот Кабинет. – Реконструкција на Владата е секогаш отворено прашање. Таквата политика е добра и добро е што е тоа тема, изјави Брнабиќ гостувајќи на ТВ Пинк, додавајќи дека за тоа прво ќе разговара […]

Косово: Самоопределување и официјално се подели


Претседателството на Собранието на Косово вечерва го прифати барањето на 12 пратеници на „Самоопредлеување“ за формирање нова пратеничка група – Група на независни пратеници на чело со Дардан Сејдиу. До раскол во „Самоопределување“ дојде откако таа партија на минатогодишните предвремени избори освои најголем број пратенички места, вкупно 32, но во последните месеци многу пратеници поднесоа […]

Албанија и Косово го поздравија донесувањето на Законот за употреба на јазиците


Официјална Тирана и Приштина го поздравија донесувањето на Законот за употреба на jазиците во македонскиот Парламент. – Ја поздравувам решеноста да се донесе законот за употреба на албанскиот јазик од страна на македонскиот Парламент, како важен историски и голем чин, не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија. Честитки!, стои во реакцијата […]

Конференција на француските и германските амбасадори од Западен Балкан


Амбасадорите на Германија и на Франција акредитирани во земјите од Западен Балкан, како и повеќемина претставници на германските и на француските министерства за надворешни работи имаа состанок во Сараево со цел да направат преглед на ситуацијата во земјите од регионот и да ги разгледаат можностите за заеднички проекти за да ја продолжат поддршката тука. Учесниците […]

Централната банка на Унгарија ќе врати три тони злато од Лондон


Централната банка на Унгарија најави дека ќе врати во земјата 100.000 унци или три тони злато од Лондон. Одлуката за враќање на резервите на злато, во вкупна вредност од околу 33 милијарди унгарски форинти (130 милиони долари) е образложена како потег од безбедносни причини, во случај на потенцијална геополитичка криза. Исто така, одлуката е согласно […]

Хоџај: Ја замолувам „Српска листа“ да гласа за демаркација на границата


Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, од собраниската говорница, призна дека владата го нема потребното мнозинство за ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и додаде дека „ќе ја замоли Српска листа да гласа за договорот“. Посочи дека Договорот треба да се изгласа во парламентот и оцени дека договорот е технички,но оти се претворил […]

Единаесетта жртва на морбили во Србија


На Клиниката за инфективни болести во Ниш, поради тешко белодробно воспаление предизвикано од морбили, почина 32-годишна жена, со што смртниот биланс од ситните сипаници во Србија се искачи на 11 лица. Директорот на клиниката Миоград Врбиќ изјави дека заболената жена имала натежок облик на компликации – акутен респираторен дистрес синдром. Тој појасни дека пациентката била […]

Протести на младите во САД: 17 минути за 17 убиени на Флорида


Десетици илјади ученици, студенти и просветни работници во САД денеска излегоа од училиштата во знак на протест, поради, како што велат, неуспехот на Конгресот да се справи со насилството со оружје во училиштата. Протестот е осмислен на тој начин што тие ќе ги напуштат училниците на 17 минути, по една минута за секој убиен при […]

Францускиот министер за финансии најави тужба против Гугл и Епл за злоупотреба


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер најави тужба против Гугл и Епл поради злоупотреба на деловните практики, што може да резултира со казна од повеќе милиони евра. Ле Мер ги обвини двете технолошки компании за „искористување“ на програмерите, бидејќи, според договорот, наплаќаат провизија на продажбата на нивните апликации преку продавниците на Епл, „iTunes App […]

Вучиќ: Треба да го сочуваме мирот со Албанците


Подршката на европскиот пат на Србија, регионалната безбедност и односите со Косово беа главна тема на разговорие во Белград на американскиот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Постои голема подршка од САД, како и одговорност за лидерите во регионот, за стабилност и за евроатланските интеграции, […]