Борисов: Бугарија, Романија и Романија да помогнат за Србија да стане членка на ЕУ


Бугарија, Грција и Романија треба да направт се што е можно за Србија да стане дел од Европската унија. Тоа го нагласи денеска премиерот на Бугарија Бојко Борисов на прес-конференција во Будимпешта, по средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Бугарија, Романија, Србија и Грција. Третата средба меѓу лидерите на четирите држави се […]

Шаља: Нема ЗСО пред конечен договор меѓу Белград и Приштина


Заедницата на српски општини во Косово нема да биде формирана пред потпишување на конечен договор меѓу Косово и Србија, тврди Блерим Шаља, политички советник на косовскиот претсеател Хашим Тачи. – Нема да има ЗСО без правно обврзувачки договор, иозјави Шаља за телевизијата Т7. Тој тврди дека прашањето не може да се третира како посебен проблем […]

Tуск во Тирана: Преговорите со ЕУ не се лесни


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, откако му честиташе на албанскиот народ за препораката на Европската комисија, изјави дека земјата “ќе има многу предизвици и голема работа, почнувајќи од зајакнување на правната држава, борбата  против организираниот криминал и реформата во правосудството“. – Преговорите со ЕУ не се […]

Теодоракис: Уставите лесно се менуваат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО


Некои устави можат лесно одново да се сменат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис и додава дека Движењето за промена, во чија коалиција е и неговата партија, бара решение со сложено име за севкупна употреба со конкретни гаранции врз основа на Меѓународен договор дека запира […]

Македонец измамил фирма за цвеќе во Еквадор


Полицијата во Нови Сад уапси двајца државјани на Македонија и на Италија, поради сомневање дека ја службената положба. Четириесет и двегодишниот Н.Н. и С.Н. (61) се товарат дека од ноември 2016. до мај 2017 година, со лажен документ, купувале цвеќе од компанија во Еквадор врз основа на фалсификувани банкарски потврди за плаќање. На тој начин […]

„Златна мапа на Косово“ за српската активистка Наташа Кандиќ


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска и го врачи признанието „Златна мапа на Косово“ на директорката на Фондацијата за хуманитарни права од Белград, Наташа Кандиќ. Харадинај високо го оценил  ангажирањето на српската активистка Кандиќ во сферата на човековите права, додавајќи дека асоциацијата која таа ја раководи до сега објавила најточни податоци за убиените лица за време […]

Хан: Сега треба лидерите на Западен Балкан да ја преземат топката


Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска нагласи дека Европската комисија со Стратегијата за проширување нацртала јасен пат кон посилна и поширока Унија. – Сега е ред лидерите на државите од регионот да ја преземат топката, нагласи Хан, претставувајќи го Пакетот проширување пред пратеници од Надворешнополитичкиот одбор на ЕП. Тој додаде дека […]

Црна Гора има 64 милионери кои не плаќаат данок на богатството


Црна Гора има 64 милионери, но тие не плаќаат данок на своето богатство. Голем број иницијативи до Владата да воведе дополнителен данок на луксуз останаа без одговор. Претставници на невладиниот сектор реагираат што граѓаните плаќаат такси за гориво, струја или цигари, а нема волја да се оданочат енормно богатите. Најбогатиот Црногорец на својата банкарска сметка […]

Инциденти на Лезбос: Радикални десничари ги нападнаа мигрантите


Неколку лица се повредени во вчерашните инциденти на грчкиот остров Лезбос меѓу радикално десничарски групи граѓани, бегалци и мигранти кои протестираа на плоштадот во градот Митилини и полицијата. Инцидентите, според грчките медиуми, завршија во 5.30 часот утрово со интервенција на полицијата, празнење на плоштадот и насилно пренесување на бегалците и мигрантите во прифатниот центар Морија. […]

Анархисти ја нападнале Амбасада на Франција во Атина


Грчката полиција уапси член на анархистичката група Рубикон, откако нејзини членови ја нападнале и фрлале со бои врз Француската амбасада и Францускиот конзулат во Атина. Електронското издание на „Катимерини“ јави дека уапсените најверорајно се дел од вкупно 130 лица кои од време на време учествуваат во такви акции. На анархистичка интернет страница групата објави дека […]

Унгарците масовно против Орбан: „Врати ни ја демократијата“


Десетици илјади Унгарци протестираа денес против владината контрола врз медиумите, која, како што велат, му помогна на премиерот Виктор Орбан во неодамнешната убедлива изборна победа. Ова е втор масовен протест против Орбан од изборите на 8 април, а демонстрантите ги повикаа опозициските партии да се здружат против десничарската националистичка партија Фидес, која освои две третини […]

Ѓукановиќ ќе ги подобрува односите со Русија


Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ рече дека во неговиот нов мандат има намера да се позанимава со подобрување на односите со Русија. – Црногорско-руските односи ги одредува вековна традиција на пријателство, па затоа ние сме должни, такви и денес да ги одржиме и модернизираме. И јас како претседател ќе се погрижам тоа да биде […]

Шпенд Маџуни нов косовски прв разузнавач


На предлог на косовскиот претседател Хашим Тачи, а со согласност на премиерот Рамуш Харадинај, за нов директор на косовската тајна служба АКИ е именуван Шпенд Маџуни. Како што јави дописникот на МИА, Маџуни, досегашен генерален директор на косовската полиција, доаѓа на местото на Дритон Гаши, кој поднесе оставка на барање на Харадинај, по случајот со […]

Вуцис: Во интерес на Грција е да се најде заемно прифатено решение за името


Изнаоѓање заемно прифатено решение за името, заведено во Уставот и за севкупна употреба, е во интерес и на Грција, смета претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис. Вуцис имаше поздравно обраќање на промоцијата на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“, во просториите на Стопанската комора во Атина, а во неговиот говор се задржа на […]

Изгоре бугарски автобус на пат за Македонија


Бугарски автобус, со 46 патници кои патувалке кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир. Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија. Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18. 30 часот, но причините не се соопштуваат. Според првичните сознанија, […]

Вучиќ: Не се согласувам со Могерини


Косово и анализа на напредокот на Србија во европските реформи, кои се оценети како позитивни посебно на економско поле, но и слабиот напредок во реформите во владеењето на правото беа теми на денешната средба во Белград на високата преставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедонсна политика Федерика Могерини и српскиот претседател Александар Вучиќ. […]

Српска листа се откажа од едностраното прогласување на ЗСО


Најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, денеска соопшти дека се откажува од едностраното формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), што претходно го најави за 20 април. Ваквата најава уследи по денешната средба во Звечани на претставници на Српската листа со членовите на работната група што ја формираше косовската Влада, со задача да го […]

Харадинај: Ултиматумот на Српска листа за ЗСО падна во вода


Заедницата на српски општини (ЗСО) ќе биде формирана врз основа на одлуката на Уставниот суд на Косово, а ултиматумот на Српската листа дека ако Владата не превземе конкретни чекори, на 20 април косoвските Срби еднострано ќе ја формираат ЗСО, нема да има никаков ефект, изјави денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај. – Ситуацијата е сменета. Косово […]

Стан во Прага изнесува 3.700 евра за метар квадратен


Во источниот дел на ЕУ прекинато е намалувањето на цените на недвижности. Стан во центарот на Прага чини 3.700 евра за метар квадратен, а во Љубљана таа цена изнесува 3.200 евра. Но во главниот град на Словенија можат да се купат станови и за 2.200 евра за метар квадратен. Просечната цена на станбен квадрат во […]

Хрватска делегација ја прекина посетата на Србија поради непримерното однесување на Шешељ


По инцидентот во српското Собрание, кога лидерот на радикалите Војислав Шешељ ја пцуеше хрватаската делегација и го газеше хрватското знаме, хрватската делегација предводена од претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ одлучи да го откаже состанок со министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ и се повлече во Амбасадата на Хрватската во Белград. Од Хрватската Влада информираа дека […]