Уапсени 13 Албанци за трговија со дрога преку Македонија, Грција, Италија и Турција


Албанската полиција денеска соопшти дека во соработка со Обвинителството за тешки кривични дела разбила меѓународен синџир за трговија со кокаин, хероин и марихуана во западно европските земји. Според полицијата уапсени се 13 Албанци, а петмина од групата се веќе в затвор, од кои четворица во Турција и еден во Македонија. Водач на групата бил Мет […]

„Српски телеграф“: Западот подготвува план со притисоци и уцени за Србија


Весникот „Српски телеграф“ објави 11 „клучни точки“ од документот наречен “План за поддршка на меѓународната интеграција на Косово“, кој,според наводите, во Вашингтон го усвоиле САД, Германија, Франција, Велика Британија и Италија. Во нив, како што тврди весникот, детално е разработен план со притисоци и уцени, чија крајна цел е уништување на Србија, односно целосна независност […]

Спречен дипломатски скандал во Србија, Чанак ги повикал Каталонците


Претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ изјави дека Ненад Чанак без да се консултира, на меѓународниот собир „Со идеја на ЕУ до мир и развој“, покрај парламентарци од Приштина повикал и пратеници од каталонскиот парламент. Во изјава за денешното издание на „Политика“, Гојковиќ вели дека бил спречен голем дипломатски скандал, бидејќи доколку повикот се реализирал […]

ЕУЛЕКС ќе се трансформира во советодавна мисија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска најави дека Мисијата на ЕУ во Косово за владеење на правото ЕУЛЕКС, од идниот месец ќе добие советодавна улога. Харадинај денеска имаше средба со раководителката на ЕУЛЕКС, Александра Пападопулу, со која разговарал за улогата на Мисијата по 15 јуни, кога истекува нејзиниот сегашен мандат. Во 2008 година, кога Приштина прогласи независност од […]

Рама го разлути американскиот амбасадор во Тирана


Амбасдорот на САД во Тирана, Доналд Лу остро му возврати на албанскиот премиер Еди Рама на неговата вчерашна изјава во албанскиот Парламент, во која иронично го спомена американскиот дипломат. – Револтиран сум од употребата на моето име во Собранието на Албанија. Рама да зборува во свое име, а ние ќе зборуваме во наше. САД ги […]

Тачи: Приштина сака да го затвори поглавјето на конфликти со Белград


Приштина е подготвена да го затвори поглавјето на конфликти со Србија, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи во телефонски разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. – Во тој контекст за Косово и за Србија и натаму е важно да постигнат правно обврзувачки договор за нормализација на односите и за […]

Ердоган го одбра Сараево пред Скопје


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сети како да ги заобиколи европските држави што му забрануваат собири во нивните земји. Идната недела ќе ги собере турските иселеници од цела Европа, а за локација го одбра Сараево. Иако во Босна и Херцеговина не живеат голем број Турци, наклонетоста на поголемиот број од муслиманското население му ги […]

И СПЦ ќе одбележува 1 000 години Охридска архиепископија


Српската православна црква годинава ќе ја одбележи илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија, се наведува во соопштението издадено по годишното заседани на Светиот архиерески собот на СПЦ што се одржа во Пеќката патријаршија и во Белград ов 29 април до 10 мај. Во соопштението се посочуваат одлуките и темите за кои ова највисоко тело на […]

ЦИА: 40 отсто од земјоделците во Албанија на граница на сиромаштијата


Албанскиот бизнис сектор не може да се дефинира поинаку освен како сиромаштија, се наведува во извштајот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за економскиот развој на Албанија за 2017 година. – Бизнис секторот во Албанија е многу сиромашен, поради тоа што над 40 отсто од вработените во секторот земјоделство живеат на граница на сиромаштија, оценува […]

Косово отвори амбасада во Абу Даби


Косово од денеска има своја Амбасада во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. На свеченоста на отворањето на Амбасадата присуствуваа косовскиот претседател Хашим Тачи и првиот потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата Беџет Пацоли. Пацоли во објава на Фејсбук наведува дека ОАЕ е прва арапска држава која ја признала независноста на Косово. […]

Кинези влегуваат во „Горење“


„Горење“ ја одбра кинеската групација „Хајсенс Електрик“ за стратешки партнер, чија понуда од 12 евра по акција е оцената за најприфатлива меѓу другите два кинески инвеститори. Азијците ставија услов понудата да важи само доколку им бидат обезбедени 50 проценти плус една акција, односно доколку станат мнозински сопственик. Словенечките аналитичари оценуваат дека е очигледен интересот на […]

(ВИДЕО) Големо невреме во Солун: Градот поплавен за неколку минути, има исчезнати


Солун го погоди силно невреме придружено со дожд, град и ветер. Улиците во центарот на градот се поплавени за само неколку минути, а една жена се води како исчезната. Сообраќајот во градот е отежнат, а во некои делови е целосно онеспособен. Морските бранови ги преплавија брегот и пристаништето. Сите релевантни градски служби се ангажирани и […]

Грчкиот парламент донесе Закон со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца


Грчкиот Парламент денеска го изгласа Законот, со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца. Законот беше донесен и покрај спротивставувањето на десницата. Текстот беше изгласан со гласовите на 161 пратеници, а 103 гласаа против. Во салата присуствуваа 264 пратеници од вкупно 300-те во Парламентот, откако неонацистичката партија Златна зора побара поединечно гласање […]

Шпенд Ахмети избран за лидер на Социјалдемократската партија


Актуелниот градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети, кој до скоро беше една од клучните личности во Движењето Самоопределување, ќе ја предводи Социјалдемократската партија. Ахмети денеска беше избран за нов лидер на партијата, на вонредното партиско собрание. За потпретседател на партијата е избран Висар Имети, додека за генерален секретар Аида Дргути и двајцата поранешни членови на Самоопределување, а […]

Протест во Подгорица поради нападот врз новинарката Оливера Лакиќ


Повеќе од стотина НВО активисти, новинари и граѓани се собраа денеска пред Владата на Црна Гора во знак на протест поради вооружениот напад врз новинарката на „Вјести“ Оливера Лакиќ. Нападот се случи  синоќа, пред влезот на зградата во која живее новинарката Лакиќ, на истото место каде пред шест години беше претепана. Извршниот директор на „Вјести“ […]

Хрватските новинари: Наградата за известувањето за самоубиството на Слободан Праљак е некоректно


Единаесет од вкупно 16 добитници на наградата на Хрватското новинарско здружение (ХНД) ја вратија наградата во знак на протест поради овогодинешното доделување на тоа признание за телевизиско новинарство на Ивана Петровиќ од Нова ТВ поради известување за самоубиството на генералот Слободан Праљак во Хаг за време на изрекувањето на пресудата. Во заедничката изјава тие наведуваат […]

Принцот Чарлс и војвотката Камила пристигнаа во Атина


Со авион „Ројал ер форс“ (Royal air force), кралската брачна двојка принцот Чарлс и војвотката Камила попладнево пристигнаа во Атина. Од атинскиот аеродром, принцот Чарлс и војвотката Камила, се упатија кон плоштадот пред грчкиот парламент за да положат цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Чарлс и војвотката Камила […]

(ВИДЕО/ФОТО) „Објект 99“: Титова вила за која знаеле само неколкумина одбрани


Вилата „Извор“, или како што ја нарекуваат локалните жители и работниците во Националниот парк Плитвице – „Објект 99“, е сместена далеку од погледите, во зафрлен дел од националниот парк и во прилично руинирана состојба, која потсетува на некогашниот сјај. При изградбата, вилата „Извор“ важела за најскапата претседателска резиденција. Градена е по Втората светска војна, од […]

Вучиќ: Без Русија е невозможно да се дојде до решение за Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ по синоќешниот  состанок во Москва со рускиот претседател Валдимир Путин изјави дека Русија недвосмислено и јасно ќе ги изнесе своите ставови за Косовското прашање. – Русија недвосмислено и јасно ќе ги изнесе своите ставови за Косово, а без Русија е невозможно, она што е многу важно и што му кажав на […]

Во Подгорица застрелана новинарка пред нејзиниот дом


Новинарка на црногорскиот дневен весник „Вијести“, Оливера Лакиќ вечерва е повредена од огнено оружје. Инцидентот се случи пред нејзиниот дом во Подгорица. Според првичните информации Лакиќ е ранета во потколеницата и е вон животна опасност. Новинарката е хоспитализирана, а полицијата го истражува случајот.