Австрија од денеска го презема претседавањето со ЕУ


Австрија од денеска го презеде претседавањето со ЕУ, а прашањето за миграцијата е врвен приоритет на администрацијата на канцеларот Себастијан Курц. Мотото на австриското претседателство е „Европа која ги штити”. Ова е третпат Виена да е на раководната позиција на ЕУ. Освен миграцијата, на листата на приоритети се и преговори за Буџетот на ЕУ и […]

Арифи: Косово нема да даде ниту еден метар своја земја на Србија


Шефот на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Авни Арифи, порача дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово не можат да се повредат од никого и во никој случај, јавува дописникот на МИА од Приштина. – Ниту метар косовска земја за ниедна цена. Непријатно е замрзнувањето на конфликтот. Непријатни се несигурноста […]

Харадинај: САД или Германија да се вклучат како посредник во преговорите со Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека би сакал да се вклучат САД или Германија како нов посредник во преговорите со Србија, од која Косово се отцепи во 2008 година. Во интервју за телевизија РТК, Харадинај изјави дека посредниците кои го набљудуваат мировниот процес во последните 10 години, е малку веројатно да постигнат напредок во […]

Вучиќ потврди: Путин доаѓа во Белград


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврди дека рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил поканата за посета на Белград по повод одбележувањето на 100-годишнината од победата во Првата светска војна. Според одредени информации, Путин најверојатно ќе го посети Белград на 1 ноември. Српскиот претседател Вучиќ, денеска при отварањето на патот во селото Долни Бањани, рече дека […]

Спречен влезот на Косово во Светската царинска федерација


На денешната 132 седница на Советот на Светската царинска федерација во Брисел, спречен е приемот на Косово во оваа организација-соопштија од Канцеларијата за соработка со медиуми во српската Влада. На седницата, на која учествувала и делегација од Србија, решено е статусот на Косово да остане замрзнат и спорен, и да се формира Работна група за […]

Стефановиќ: Србија нема да биде тампон-зона за мигрантите


Србија нема да биде тампон-зона за мигранти, а тоа не беше ниту предмет на неодамнешен состанок на лидерите на ЕУ, рече денеска српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, по повод некои толкувања за тој состанок. Некои од земјите-членки имаат идеја оти миграциските центри треба да бидат надвор од нивните територии и дека […]

Шербеџија: Испив три чаши вино, не бев уапсен


Познатиот актер Раде Шербеџија откри што всушност се случувало на улиците во Калифорнија минатиот викенд. Иако светските медиуми објавија дека тој бил уапсен за возење под дејство на алкохол, Шербеџија вели дека станува збор само за рутинска контрола и дека платил парична казна на самото место. „Немаше никаков сообраќаен прекршок. Тие ме застанаа за рутинска […]

Поплави и во Романија, куќа се урнала врз жена


Поројните дождови предизвикаа поплави во повеќе реони во североисточниот и централниот дел на Романија, при што едно лице загина. Една жена на 81-годишна возраст од областа Ботошани загина денеска откако таванот на куќата попуштил и се урнал врз неа. Илјадници домови се поплавени, а стотици луѓе евакуирани. Голем број национални патишта се блокирани поради надојдената […]

Застрелан возачот на албанскиот министер за внатрешни работи


Во службеното возило, во гаражата на албанското Министерство за внатрешни работи, утрово е пронајден застрелан Шкелзен Ќордја (31), возач на министерот Фатмир Џафај, инаку вработен во Националната гарда. Како што се наведува во полициското соопштение, утрово во 09:30 часот го пронашле припадници на Национална града во гаражата на Министертвото лоцирана во гарнизонот на гардата. Случајот […]

Симболична церемонија за предавање на претседавањето со ЕУ


Бугарскиот премиер Бојко Борисов, австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се сретнаа денеска во австриското туристичко место Шладминг каде се одржи симболична церемонија за предавање на претседавањето со ЕУ. Во фокусот на разговорите беа резултатите постигнати за време на бугарското претседавање со ЕУ и приоритетите на Европскиот совет во следните […]

Поплави ширум Србија


Пороен дожд погоди повеќе делови на Србија, предизвикувајќи поплави и проблеми во сообраќајот, а под вода биле и неколку сообраќајници во Белград. Големо невреме со силен ветер и дожд ја погоди Суботица, а како што соопштија локалните медиуми, во тој град многу улици се поплавени, сообраќајот е забавен, а има и искорнати дрвја. Едно лице […]

Рама ги собра парите потребни за казните на Џака и Шаќири


Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук објави дека се собрани потребните средства за да се плати казната, одредена од ФИФА, за фудбалерите на швајцарската репрезентација, Џердан Шаќири и Гранит Џака. Рама напиша дека ветувањето е исполнето. – Исполнето е. Ви благодарам на сите, наведе Рама. Сепак Рама не наведува колкава сума на пари се собрани […]

Притвор за тројцата Косовци осомничени за тероризам


Основниот суд во Приштина, постапувајќи по барање на Специјалното обвинителство на Косово, им одреди 30-дневен притвор на трите лица кои беа уапсени денеска во Призрен и во Скендерај (Србица), под обвинение за сторено кривично дело „подготвување на терористички дејствија“. Информацијата, во изјава за „Коха Диторе“ попладнево ја потврди портпаролката на Судот, Мирлинда Гаши, која информира […]

Стејт департмент: Грција заостанува во елиминирањето на трговијата со луѓе


Грција прави зајакнати напори за да ги исполни минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, иако се уште заостанува во оваа област, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе во 2018 година. Во извештајот се тврди дека Грција покажала зголемени напори во текот на претходниот период преку воспоставување формални […]

Пацоли вели дека Дачиќ лаже затоа што „лагата е српски национален интерес“


Косовскиот вицепремиер и министер за nадворешни работи Беџет Пацоли објави денеска цитат од дело на српскиот писател и некогашен претседател на СР Југославија Добрица Ќосиќ, со цел да ги демантира тврдењата на својот српски колега, Ивица Дачиќ, дека неколку земји го повлекле признавањето на независноста на Косово. Пацоли го цитира делот од романот на Ќосиќ […]

Харадинај: Косово е вечно благодарно на НАТО


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај прими денеска 14-члена делегација, составена од поранешни воени лица и цивили, од повеќе држави, кои служеле во Косово по војната, како претставници на Советодавниот тим на НАТО. Според соошпштението на владината прес-служба, Харадинај им се заблагодарил за поддршката што ја пружиле на Косово во транзицискиот период, нагласувајќи ја помошта на експертите […]

Владата во Бугарија го „преживеа“ и второто гласање за недоверба


Владејачката коалиција во Бугарија, државата која месецов го завршува претседавањето со ЕУ, „преживеа“ денеска гласање за недоверба, кое го побара опозицијата, обвинувајќи ја владата на премиерот Бојко Борисов за неуспешна борба против нараснатиот криминал и неможноста да гарантира владеење на правото. Во бугарскиот парламент, од вкупно 240 пратеници, 131 пратеник ја поддржаа владата, 104 беа […]

Кривична пријава за Харадинај и 17 министри затоа што си ги зголемија платите


Пратеничката на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Албулена Хаџиу поднесе денеска кривична пријава против косовскиот премиер Рамуш Харадинај и 17 други функционери, вицепремиери и министри, кои учествувале во донесуваењто на одлуката за зголемување на сопствените плати. Хаџиу во оваа прилика им изјави на новинарите дека, откако овие функционери ги примија зголемените плати, тоа претставува конфликт на […]

Истражување: Договорот од Преспа негативен за шест од 10 Грци


Веројатно негативно или сигурно негативно го оценуваат шест од 10 Грци Договорот од Преспа, покажува новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија Скај. На прашањето „од она што го имате слушнато и го знаете, лично вие, како го оценувате Договорот што Владата го потпиша во Преспа со поранешната југословенска Република […]

Тачи: Ако не се ангажираме во дијалогот со Белград, ќе станеме како Палестина


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ги повика сите косовски политички институции, експерти, претставници на невладиниот сектор и цивилното општество да се ангажираат во дијалогот со Белград заради постигнување консензус за ставање крај на тој процес. Тој оцени дека доколку тоа не се случи, Косово ќе стане втора Палестина. На вонредната прес-конференција, Тачи оцени дека станува […]