Црвен метео-аларм во Бугарија и Романија


Обилните дождови продолжуваат да ја погодуваат Бугарија, предизвикувајќи затворање на патишта и прогласување црвен метео-аларм во неколку региони. Поради невремето, 51 населено место останаа без електрична енергија. Надлежните тела вршат интензивен надзор на сите мостови и инфраструктура кои се потенцијално загрозени поради поплавите, објави бугарскиот портал „Новините“. Локалните власти предупредија дека секоја ризична област веднаш […]

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации


Шведската активистка Грета Тунберг синоќа пристигна во Грција каде толпа луѓе ја пречекаа со овации откако таа, заедно со стотици други активисти, беше приведена од Израел на отворено море и депортирана поради обид за доставување хуманитарна помош во Газа. Израел соопшти дека вчера протерал 171 активист, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, со што бројот на […]

ЕУ бара од Албанија под итно да ја зголеми безбедноста на судиите


Делегацијата на Европската унија во Тирана вечерва реагираше поради убиството на судија од Апелацискиот суд, наведувајќи дека е „шокирана од чинот на насилство што доведе до убиство на судијата Астрит Калаја и повредувањето на двајца албански државјани“. – Остро го осудуваме овој криминален чин. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на судијата Калаја. Оваа трагедија ја […]

Големи критики на Вучиќ на сметка на тајната служба и МВР


  Во емисијата „Хит Твит“ на Пинк ТВ, српскиот претседател Александар Вучиќ упати низа обвинувања против српските безбедносни служби, а особено против Министерството за внатрешни работи. Според него, на денот на големиот протест на 15 март, само две единици во рамките на МВР биле подготвени „до крај да го зачуваат јавниот ред и мир“, имено […]

Во летните здравствени амбуланти во Албанија, за четири месеци, услуга добиле над 83.000 туристи, од нив 30 отсто странци


Летните здравствени амбуланти, кои на крајбрежјето и туристичките области во Албанија функционираа од 1 јуни до 30 септември, опслужиле над 83.000 туристи. Албанското Министерство за здравство и социјална заштита ги објави бројките, според кои над 83.800 туристи, кои го избрале крајбрежјето и туристичките области на Албанија добиле услуга во овие центри, од нив 30 отсто […]

Реакции на Бегај, Рама, Бериша, мисијата на ОБСЕ по убиството на апелацискиот судија во Тирана


 По убиството на апелацискиот судија, Астрит Калаја, денеска попладне во сала на апелацискиот суд во Тирана, реагираа шефот на државата Бајрам Бегај, пемиерот Еди Рама, лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша и Мисијата на ОБСЕ. Длабоко сум шокиран и најостро го осудувам чинот на убиство при вршење на должноста на судијата Астрит Калаја. Овој […]

Во Апелациониот суд во Тирана смртно застрелан судија


 Сериозен инцидент ја вознемири албанската јавност попладнево, кога во судска сала на Апелацискиот суд во Тирана, со огнено опружје, беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој бил транспортиран во клиниката за трауматологија во Тирана, но кусо потоа подлегнал на здобиените повреди. Сторителот Ѓан Шкемби испукал три куршуми во судијата Калаја, веднаш откако почнал да ја […]

Во Србија 700.000 луѓе работат на определено време, повремени работи или нелегално, тврдат синдикати


Во Србија има околу 700.000 работници кои работат одреден временски период, на повремени работни места, преку агенции или работат нелегално, соопштија денеска од Здружението на слободни независни синдикати (АСНС) по повод Светскиот ден на несигурна работа. „Несигурноста на работното место и несигурната работа се најчестите средства со кои работодавците ги префрлаат сите деловни ризици, одговорности […]

Зоран Милановиќ на самитот во Драч: „ЕУ ја водат луѓе неспособни да разговараат со светските играчи“


  Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој учествува на самитот на Процесот Брдо-Бриони во Драч, Албанија, го нападна лидерството на Европската унија дека е неспособно да решава дел од глобалните проблеми. „Еден од најголемите проблеми во моментов е неможноста или неподготвеноста на оние кои се вистински или таканаречени европски лидери да разговараат со играчите во […]

ЕК суспендира дел од исплатата на средства за Бугарија поради неспроведување препорака за борба против корупцијата


Брисел – Европската комисија даде позитивна оценка по второто барање на Бугарија за исплата на средства во рамките на Механизмот за опоравување и отпорност (РРФ), но утврди дека едно барање поврзано со телото за борба против корупцијата не е исполнето, поради што реши да одобри само делумна исплата на поддршката, изјави денеска портпаролот на ЕК […]

Планот на Албанија: Преговорите со ЕУ завршени во 2027, членство во 2030


  Албанскиот претседател Бајрам Бегај денес, отворајќи го самитот на Процесот Брдо-Бриони во Драч, изјави дека членството во Европската унија за Албанија не е само политичка цел, туку национална мисија. „Интеграцијата во ЕУ продолжува да ужива огромна поддршка во нашето општество, бидејќи ги одразува вредностите со кои се идентификуваме: демократијата и владеењето на правото. Албанија […]

Алексис Ципрас поднесе оставка како пратеник, ќе прави нова партија


  Поранешниот левичарски премиер на Грција, Алексис Ципрас, во понеделникот се повлече од пратеничката функција, додека се зголемуваат шпекулациите дека ќе формира нова партија. Ова е голем потрес на грчката политичка сцена од кој ќе бидат зафатени речиси сите партии. „Се повлекувам од функцијата пратеник на Сириза, но не се повлекувам од политичкиот активизам“, рече […]

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана


До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани, соопшти Министерството за надворешни работи. Од таму велат дека согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. […]

Се преврте чамец со 11 луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани


Во близина на Бачка Паланка се преврте ноќеска чамец во Дунав и според неофицијални информации на РТС има и настрадани. Во чамецот имало 11 кинески државјани Спасувачите се уште се во потрага по неколку исчезнати лица, додека екипи на брза помош, полиција и противпожарна заштита се на терен. Надлежните органи најавија дека ќе објават официјално […]

Србија ќе бара ослободување од зголемувањето на царините за челик од ЕУ


Владата на Србија планира да поднесе барање до Европската комисија за ослободување на Србија од планираното зголемување на царините на 50 проценти за увоз на челик во ЕУ, објави „Блумберг Адрија“, повикувајќи се на информации од Српската стопанска комора (ПКС) дека аргументите на Белград се темелат на фактот дека Србија е кандидат за членство во […]

Лавина однесе тројца хрватски планинари во Јулиските Алпи во Словенија


Љубљана – Тројца хрватски планинари наводно се однесени од лавина која се спушти под врвот Тоска, во Јулиските Алпи,во Словенија.  Во тек е спасувачка акција, а повикани се и полицијата и шумските спасувачи. Според првите информации, тројцата хрватски државјани се водат како исчезнати откако ја напуштиле групата во Водниковата куќа во Веле Поле. Информацијата ја […]

Разгледница од Белград: Модерна метропола што успешно се бори против балканските лоши навики


Bо белградскиот Институт за компаративно право се одржа меѓународна конференција под наслов „20 години Конвенција за правата на лицата со попреченост: Постигнувања и перспективи“, со цел проширување и продлабочување на имплементацијата и подобрување на состојбите и секојдневниот живот за граѓаните со попреченост. На собирот којшто траеше два дена, одржан по повод 20-годишнината од меѓународниот договор, […]

Вечерва пронајдена и четврта жртва од поплавите во населбата Елените на бугарскиот брег


 Вечерва е пронајдена четврта жртва од поплавите во одморалиштето Елените, изјави директорот на Регионалната полициска дирекција во Бургас, Владимир Маринов. -Добивме пријава од руски државјанин кој ни соошти дека денеска пристигнал од Русија бидејќи немал никаков контакт со сопругата. Семејството има вила во Елените, во крајниот дел од загрозената зона, каде што количествово вода била […]

Денков од „Промените продолжуваат“: Поплавите се резултат на непочитување на правилата – каде и како да се гради


Сега на сите им е јасно дека поплавите што ги видовме во 2023 година, и она што се случи вчера и завчера, се резултат на непочитување на правилата – каде да се гради, како да се гради, изјави пратеникот Николај Денков, член на Извршниот совет на „Промените продолжуваат“ (ПП). -Резултатот од непочитувањето на правилата не […]

Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија


Поплавите што зафатија делови од југоисточна Бугарија и брегот на Црното Море одзедоа три животи и принудија стотици луѓе да се евакуираат своите домови, соопштија бугарските власти. Министерот за внатрешни работи Даниел Митов изјави дека меѓу трите жртви се двајца спасувачи кои загинале пружајќи помош во крајбрежното одморалиште Елените, кое е најпогодено од невремето. Делови […]