(ВИДЕО) Брнабиќ до Пацоли: Од кого доби дозвола да дојдеш во ОН?


Српската премиерка Ана Брнабиќ и шефот на косовската дипломатијата Беџет Пацоли на кусо се сретнаа во зградата на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН. Како што пишуваат српските медиумите, до кусата средба дошло кога во ходниците на зградата на Ист Ривер, Пацоли и пришол на српската премиерка додека […]

Србија ги проверува границите за случаи на „мајмунски сипаници“


Србија воведе засилени контроли на граничните премини поради појавата на случаи на така наречени „мајмунски сипаници“ во земји во Западна Европа, јави Танјуг. – Го контролираме авионите што доаѓаат од загрозените подрачја. Засега се работи за патници од Нигерија, а ако биде потребно и од соседните земји, изјави Зоран Панајотовиќ од српското Министерство за здравство. […]

Албанија и понатаму со најголем број баратели на азил во земјите на ЕУ


Албанија и понатаму останува европска земја со највиок број на баратели на азил во земјите на Европската унија,при што најпривлечна останува Франција. Според статистичките податоци објавени денеска од страна на Евростат, во вториот квартал од 2018 година за добивање азил, за првпат, се пријавиле 3.930 албански државјани или три отсто од вкупниот број на баратели […]

(ВИДЕО) Голем пожар во Хрватска: Се евакуираат туристите и мештаните


Пожарот што ја фати боровата шума околу 8 часот утрово во селото Мокало кај Оребиќ, на Полуостровот Пелешац, се шири со голема брзина носен од силниот ветер. Огнот стигна до влезот во Оребиќ, а во моментов се евакуираат локалните жители и туристите. Засега, најмалку четири куќи се изгорени. Пожарникарите едвај успеаја да ја одбранат бензинската […]

Осуди од ЕУ за апсењето новинари во Грција


Европската комисија и шефот на Европската народна партија (ЕПП) ги осудија апсењата во Грција на тројца новинари од весникот „Филефтерос“. Новинарите беа уапсени на 23 септември по пријава на министерот за одбрана Панос Каменос за статија посветена на наводни злоупотреби на европски фондови за миграција. Против новинарите е поднесена тужба за клевета. Првиот човек на […]

Албанската полиција откри група од 50 нелегални мигранти


Албанската полиција кај Билишта и Врник, откри поголема група нелегални мигранти,меѓу кои и жени и деца. Групата ја сочинуваат 50 лица од Сирија,Палестина и Иран,кои границата ја минале илегално во близина на преминот Капштица, кај Корча. Нивната цел била само транзит да ја минат албанската територија и преку Црна Гора да го продолжат патот кон […]

Кинеска фирма ќе произведува електронски автобуси во Србија


Кинескиот производител на електрични автобуси „Јинлонг“ за два месеца ќе започне да ги користи погоните на „Икарбус“ во Белград, каде што треба да се монтираат електрични автобуси кои ќе се користат во градскиот сообраќаен превоз, јави РТС. Кинезите сакаат автобусите што ќе се произведуваат во „Икарбус“ да бидат европски производ, по потекло од Србија, што, […]

Фондацијата на Сорос ја тужи Унгарија поради закони


Фондацијата Отворено општество, чиј основач е милијардерот Џорџ Сорос, денеска соопшти дека поднела тужби до Европскиот суд за човекови права и унгарскиот Уставен суд поради неодамна усвоените закони во Унгарија, насочени против цивилни организации кои работат со бегалци и баратели на азил. Директорот на правниот тим на организацијата, Џејмс Голдстон изјави дека правната акција има […]

Кумуцакос: Голем е мотивот за Скопје на референдумот да гласа „ЗА“


Со гласање „ЗА“, според Договорот од Преспа го задржуваат нивниот идентитет, заспиваат како мала држава на Балканот, а се будат како членки на НАТО, вели Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, во интервју за грчката телевизија Скај, давајќи негова процена во пресрет на референдумот во Македонија. – Мотивот да […]

Ердоган: Ќе воведеме безбедни зони во Сирија источно од Еуфрат


Турција источно од реката Еуфрат во Сирија ќе спроведе акција и ќе воведе безбедни зони како што направи во северозападниот дел на земјата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. – Ако даде Господ, во иднина ќе го зголемиме бројот на безбедни зони во Сирија и подрачјето источно од Еуфрат, рече Ердоган во Њујорк, каде […]

Група од 30 радикални десничари физички нападнаа пратеник на СИРИЗА


Група од околу 30 лица, радикални десничари, како што самиот тврди, го нападнале пратеникот на СИРИЗА Петрос Констандинеас, пред стадионот во грчкиот град Каламата, кусо пред почеток на фудбалски натпревар, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според нивните информации, пратеникот на СИРЗИА по нападот, синоќа, бил пренесен во болница со полесни повреди, а за АНА-МПА изјавил […]

Курти: Mора да се запре опасната авантура на Тачи со границите


Лидерот на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти ја нарече „лична авантура“ на косовскиот претседател Хашим Тачи неговата идеја за корекција на границата со Србија и порача дека таа мора да се запре што е можно поскоро, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на конференција со претседателите на ограноците на неговата партија нагласи дека […]

„Данас“: САД почнуваат „шатл дипломатија“ помеѓу Белград и Приштина


Американски претставници набрзо поактивно ќе се вклучат во Дијалогот Белград – Приштина, така што ќе водат „шатл дипломатија“, ќе разговараат со највисоките српски и косовски претставници, ќе ги посетуваат двата града, и ќе го „насочуваат текот на преговори“, објави денеска белградскиот дневен весник „Данас“ повикувајќи се на неименувани извори во Вашингтон. Весникот наведува дека америкнските […]

„Коха диторе“: Тачи ќе ѝ ги врати на Србија териториите што Ранковиќ му ги подари на Косово


Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека дел од северните територии, населени со мнозинско српско население, Косово ги добило од некогашниот висок функционер на Србија и СФР Југославија Александар Ранковиќ и има намера истите да ги врати во замена за Прешевска Долина, објави денеска приштинскиот весник „Коха Диторе“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, […]

Албанската полиција разби опасна криминална банда


Албанската полиција разби опасна криминална банда, осомничена за повеќе тешки кривични дела што последните месеци се случија во северниот град Скадар. Уапсени се единаесет членови на групата „Бајри“, додека по двајца се трага. Повеќето од нив се упасени во Албанија, додека неколкумина во Холандија. Нивното апсење следуваше откако вчера полицијата во Тирана го уапси Енвер […]

(ВИДЕО) Полициска потера на море: Задарската капетанија против возач на скутер


Возачот на скутерот дивееше пред градската плажа Коловаре во Задар во четвртокот попладнето, по што во потера се пушти задарската капетанија. На полицијата не ѝ требаше многу за да го сопре дивеењето на на возачот на скутерот, кој минуваше близу до капачите. Целата акција беше снимена од луѓе кои се најдоа на плажата Коловарe, пишува […]

Лавров: Лажна е тезата дека Балканот треба да избира меѓу Западот и Русија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска во Бања Лука дека е лажна тезата дека балканските земји треба да бираат меѓу развивање на добри односи со западните земји или со Русија. – Неприфатливи се постапките на разни надворешни играчи, кои се обидуваат на народите на Балканот да им наметнат вештачки избор – дека […]

Ципрас и Каменос во март следната година повторно ќе разговараат за договорот од Преспа


Во март следната година коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос одново ќе разговараат за договорот од Преспа. Ова според грчката новинска агенција АНА-МПА било тема на средбата на грчкиот премиер и министерот за одбрана. Како што јави дописничката на МИА од Атина, за средбата нема официјални информации, а АНА-MПA, повикувајќи се […]

Рама за идејата за менување на границите: Се наоѓаме пред историска шанса!


Албанскиот премиер Еди Рама, коментирајќи ја идејата за менување на границите меѓу Косово и Србија, рече дека тоа е историска шанса што доаѓа еднаш на 30 години иако, како што додаде, се уште нема некоја финална идеја за ова прашање. Рама не се изјасни директно за или против менувањето на границите, кое го предложија претседателите […]

Круемади: Парите од дрогата завршуваат или кај Рама или кај меѓународните претставници


Моника Круемади, претседателката на третата по голема албанска политичка партија – Движењето за социјалистичка интеграција – упати сериозни обвинувања велејќи дека парите од канабисот, кој според неа се одгледува низ цела Албанија, завршуваат кај премиерот Еди Рама или кај меѓународните претставници кои молчат пред овој криминал. – Лазарат, кој се нарекуваше фабрика за марихуна, беше […]