Почина „херојот на Егејот“ кој спаси 5.000 мигранти


Капетанот на грчката крајбрежна стража, Киријакос Пападопулос, кој стана познат по пожртвуваноста во спасување животи на илјадници мигранти за време на бегалската криза 2015-16 година, денеска почина од срцев удар. Грчкиот портал „Грик репортер“, во написот под наслов „Почина херојот на Егејот, кој спаси илјадници луѓе, пишува дека 44-годишниот Пападопулос се придружил на грчката крајбрежна […]

(ВИДЕО) Одржана Парадата на гордоста во Приштина


Припадници, активисти и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата во Косово, под мотото „Во име на слободата“, ја одржаа денеска во Приштина Парадата на гордоста, која помина во мирна и свечена атмосфера и без ниеден инцидент. Парадата, што се одржа во центарот на градот, од плоштадот „Мајка Тереза“ до хотелот „Гранд“, ја поддржаа и бројни политичари и личности […]

Деветмина загинати при потонување на чамец со мигранти во близина на Измир


Најмалку девет лица го загубија животот, а околу 25 се водат за исчезнати, отакако, од за сега непознати причини потона чамец со бегалци и мигранти во близина на турското крајбрежје, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на информации од турската крајбрежна служба. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, во чамецот имало […]

Каменос: Следен чекор во регионот – потпишување меѓудржавни безбедносни договори


Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос предлага потпишување меѓудржавни безбедносни договори за решавање на проблемите и стабилност во регионот. По средбата со американскиот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис во Вашингтон, во изјава за медиумите, Каменос рече дека САД, со изградената доверба со грчката армија, грчката Влада и грчкиот народ, „на Грција ѝ ја доделиле […]

ИД планирала дестабилизација на Косово


Група од шест Косовци поврзана со џихадиситчката група Исламска држава (ИД) планирала террористички напади во Косово, Франција и Белгија, соопшти косовското Специјално обвинителство по шестмесечна истрага. Според обвинението, поднесено минатата недела, групата планирала да го дестабилизира Косово со терористички напади врз косовските Срби, а за таа цел биле одбрани дискотека во Грачаница и православни цркви […]

Еден загинат и деветмина повредени при експлозијата во рафинерија во БиХ


Едно лице загина, а деветмина други се повредени синоќа при експлозијата во рафинеријата за нафта во Босански Брод, во северна Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска, соопшти денеска Полициската управа на Добој. Како што јави агенцијата Фена, тројца повредени се хоспитализирани во болницата во Босански Брод, а шестмина се префрлени во Добој, од […]

Уапсен втор осомничен за убиството на Маринова


Уште еден осомничен поврзан со убиството на бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова е уапсен во Германија.Првиот осомничен поврзан со убиството беше ослободен без обвинение веќе вчера. Вториот осомничен, човек на рани 20-ти години, беше уапсен откако ДНК-тестовите и другите докази покажаа дека бил вмешан во силувањето и убиството на Маринова во севернобугарскиот град Русе, според […]

Тешка сообраќајка во Србија, четири жртви


Четири лица загинаа, а две се тешко повредени во судир на два камиона и две патнички возила на излезот на Свилајнац кон Деспотовац, вечерва околу 19 часот. Повредените се хоспитализирани во болница во Ќуприја. На местото на несреќата присутни се припадници на сообраќајната полиција и пожарникари. Сообраќајот е целосно во прекин. Истрагата е во тек.

Партијата на Харадинај му порача на Тачи дека и тој може да биде сменет


Потпретседателот на партијата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, Алијансата за иднината на Косово (ААК), Ардиан Ѓини, му порача на косовскиот претседател Хашим Тачи дека е „сосема возможно“ и самиот Тачи да биде урнат од позицијата претседател на  државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Ѓини, во денешното интервју за телевизијата Т7, по повод вчерашната изјава […]

Грчки пензионер ќе добие назад околу 11 илјади евра, поради незаконски кратења


Незаконски биле укинувањата на бонусите и придонесите за грчки пензионер, според одлуката на Првостепениот управен суд во Солун, со што пензионерот ќе добие назад 11.184 евра. Како што јави дописничката на МИА од Атина, 70-годишниот Одисеас Цолојанис, ги тужел фондовите за социјално и пензиско осигурување, а за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека се надевал […]

Уапсен скитник осомничен за убиството на бугарската новинарка


Бугарската полиција привела осомничен во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, изјавил владин извор запознаен со истрагата. – Можеме да кажеме дека е приведен еден осомничен, рекол изворот без да открие други детали. Како што јавува БГНЕС, станува збор за Украинец со романско државјанство, кој бил скитник. Претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи […]

Протести во Бугарија поради убиството на новинарката Маринова


Стотици граѓани синоќа протестираа во повеќе градови во Бугарија поради бруталното убиството на новинарката Викторија Маринова во градот Русе. Протестантите носеа транспаренти со написи: „Ако нема правда, нема мир“, „Митото убива“… Бугарскиот државен обвинител Сотир Кацаров вчера изјави дека властите немаат нови индиции за мотивите за силување и убиство на Маринова, предупредувајќи дека во оваа […]

Исламистичка партија бара забрана на парадата на гордоста во Приштина


Косовската партија Збор (Фјала), позната по своите исламистички ставови, смета дека планираната Парада на гордоста, која треба да се одржи утре во Приштина, претставува навреда за граѓаните на Косово и дека нејзиното одржување треба да се спречи, јави дописникот на МИА од Приштина. Од партијата бараат интервенција на надлежните институции за забрана на одржувањето на […]

Четириесет и четири отсто од српските граѓани се против разграничување со Косово


Идејата за „разграничување помеѓу Србија и Косово“ како решение за косовскиот проблем, ја поддржуваат 25 проценти од граѓаните, додека 44 отсто се против, покажаа резултатите од истражувањето на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСид). Како што јави дописникот на МИА од Белград, анализата на истражувањето укажува дека 21 проценти од анкетираните српски граѓани „воопшто […]

(ФОТО) Шестмина загинати и 27 повредени во верижен судир во Србија


Најмалку шест лица загинаа, а 27 се повредени денеска при верижен судир на автопатот Белград-Ниш, на потегот помеѓу градовите Ќуприја и Јагодина. Како што јави дописникот на МИА од Белград. полицијата потврди дека причината за несреќата во која учествувале над триесет возила е густата магла. При несреќата, што се случила утрово во 07.20 часот, се […]

Мицотакис: Ципрас направи национална отстапка со македонскиот јазик и македонската националност


Алексис Ципрас направи национална отстапка со македонскиот јазик и македонската националност, каква што ниедна претходна влада не беше подготвена да направи, смета лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. При неговата посета на градовите од Епир, Арта и Превеза, претседателот на најголемата грчка опозициска партија одржа прес конференција и го обвини грчкиот премиер дека не […]

Тачи го предупреди Харадинај дека може да биде сменет ако продолжи да му контрира


Претседателот на Косово Хашим Тачи реагираше остро на денешната изјава на премиерот Рамуш Харадинај дека „идејата за корекција на границите е мртва“ и побара од него „да ги корегира изјавите и ставовите“, инаку ќе сноси последици. Премиерот Харадинај денеска им изрази сочувство на тие што заговараат промени на границата со Србија, а претседателот Тачи, кој […]

„Тајмс“: Џихадистите се вратија на Косово, планиран напад на НАТО


Британски „Тајмс“ објави текст под наслов „Џихадистите на ИД се вратија во Косово и подготвени се да умрат за калифатот”, во кој се вели дека, според она што е познато на властите во Приштина, од 2012 година, 348 возрасни лица заминале во Сирија да и се приклучат на ИД. Весникот наведува дека „многумина таму загинале, […]

Полицијата го истражува убиството на новинарката Маринова


Бугарската полиција го истражува силувањето и убиството на телевизиската новинарка Викторија Маринова, чие тело беше фрлено во близина на Дунав. Бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов денеска изјави дека нема докази што сугерираат дека убиството е поврзано со нејзината работа. – Се работи за силување и убиство, посочи Маринов. Буграската полиција сепак работи на […]

Жељка Цвијановиќ во водство на изборите за претседател на Република Српска


Кандидатот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и актуелен премиер на Република Српска, Жељка Цвијановиќ убедливо води на изборите за претседател на српскиот ентитет во БиХ, покажуваат првичните прелиминарни резултати од вчерашните изборите во Босна и Херцеговина. Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ досега обработи 1.260.597 гласачки ливчиња на кои граѓаните на Република Српска гласаа […]