Хашим Тачи го осуди инцидентот во кој неговиот брат натепа две службени лица


Косовскиот претседател Хашим Тачи реагира по информациите дека неговиот брат Гани Тачи денеска се степал со две лица во Косовското биро за осигурувања (БКС), порачувајќи дека фактот дека некој е во роднински врски со него, никому не дава за право да делува против законот. – Запознаен сум со вмешаноста на мојот брат во една спорадична […]

БиХ: Украдени 30 метри од челичен мост


Неидентификувани лица украле околу 30 метри од челичен мост во Зеница, соопшти компанијата „БХ-гас“. За време на редовната инспекција на гасоводот, на подрачјето на општина Зеница, било забележано дека на преминот преку реката Босна недостигаат околу 30 метри од мостот. Преку овој мост минува магистралниот гасовод во последните 40 години, а преку него гас добива […]

Вучиќ: Албанците се се понервозни, особено ако не влезат во Интерпол


Најголемиот и единствен проблем на Србија на патот кон Европска унија е Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното интервју за ТВ Пинк. Запрашан да ја коментира изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека Косово не е единствениот проблем на Србија на нејзиниот пат кон ЕУ, Вучиќ објасни дека Хан мислел на реформите и владеењето […]

Абе: Јапонија сака да потпише мировен договор со Русија


Јапонската Влада планира да потпише мировен договор со Русија, изјави денеска јапонскиот премиер Шинѕо Абе. Обраќајќи се пред јапонскиот Парламент, тој рече дека тие односи моментално се во „абнормална состојба“, како и дека двете држави немаат потпишано мировен договор повеќе од 70 години. – Врз основа на односот на доверба со рускиот претседател Владимир Путин, […]

Дачиќ: До кога на Албанците ќе им се толерира неисполнувањето на обврските


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ вели дека Приштина постојано бара алиби за неисполнување на потпишаните договори и додава дека Косово не сака да влезе во Интерпол поради борба против корупцијата туку да се покаже и докаже како држава. Дачиќ во изјава за РТС рече дека нема да има никаква војска на Косово, […]

Притворени поранешен грчки министер за одбрана и неговата сопруга за перење пари


Поранешниот грчки министер за одбрана Јанос Папандониу и неговата сопруга Ставрула Кураку со лисици на рацете доцна синоќа беа пренесени во делот за трансфер на притворени лица на грчката полиција, а денес ќе бидат префрлени во некој од грчките затвори, откако двајцата истражни судии за борба со корупција и обвинителот едногласно одлучија брачната двојка да […]

Опозицијата најави протести за соборување на Владата на премиерот Рама


Албанската здружена опозиција најави дека набрзо ќе почне со протести чија главна цел ќе биде соборување на Владата на премиерот Еди Рама. Ова, гостувајќи во телевизиска емисија, го соопшти Петрит Васили, потпретседателот на третата по големина партија во земјата Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ) и координатор на пратеничката група во албанскиот Парламент. Според него опозицијата […]

Нова демократија: Ако Ципрас се плаши, Коѕијас да го објави писмото со оставката


Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, и денес преку соопштение бара грчката влада да го објави писмото со оставката на Никос Коѕијас и вели дека ако Ципрас се плаши, тогаш тоа должен е да го стори поранешниот министер за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. -Поминаа 6 дена од отстранувањето на […]

Бугарија заплени милиони фалсификувани евра и долари


Бугарските власти денеска запленија 11,5 милиони евра и два милиона долари фалсификувани банкноти, соопшти заменикот-главен обвинител на Бугарија Иван Гешев. Според него, банкнотите се пронајдени во најголема илегална печатница откриена во изминатите 11 години, која функционирала во подрум на хотелот „Кантилена“ во Сончев Брег. Фалсификуваните банкноти се пронајдени  во апоени од 500 и 100 евра и 50 американски […]

Косово демантира дека Срби заминале од безбедносните сили


Министерството за Безбедносните сили на Косово (ФСК), по информациите објавени во српски медиуми дека припадници Срби го напуштаат министерството, соопшти дека до него не е стигнато ниедно барање за ослободување од должноста од ниту еден припадник. Портпаролот на Министерството Али Ука изјави дека на денешната редовна утринска средба не е известено дека имало оддалечување на […]

Харадинај: УНМИК нема веќе што да бара во Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека мисијата на Обединетите нации УНМИК треба да си замине од Косово бидејќи, според него, таа нема веќе што да бара во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Изјавата Харадинај ја даде на трибина за трансформацијата на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово во Американскиот универзитет во […]

Норвешка бара Хрватска да ѝ ја врати донацијата од 1,3 милион евра


Норвешка, која беше подготвена да донира 1,3 милиони евра во мултикултурното училиште „Дунав” во Вуковар, првото училиште во Хрватска во кое ќе учеа стотици деца хрватски, српски и други националности, бара од Хрватска да ги врати парите досега инвестирани во тој проект поради непочитување на меѓудржавниот договор. Во тоа училиште, децата исто така ќе учеа […]

Иво Санадер осуден на две и пол години затвор за воено профитерство


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер осуден е денеска на две и пол години затворска казна поради воено профитерство. Судијката Јасна Галешиќ го прогласи Санадер за виновен во аферата за примање мито од австриската банка Хипо во 1995 година. Таа во образложението наведе дека Санадер ја злоупотребил својата положба и направил дела против службената должност и […]

Ердоган: Во последните 16 години во Турција не била ограничена слободата на која било етничка група


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека во последните 16 години не била ограничена слободата на ниту еден поединец, етничка или верска група во Турција, немало никакво мешање во нивниот живот, јави Анадолија. Во обраќањето на церемонијата во Истанбул за отворање на централа на Фондацијата на турската младина, Ердоган истакна дека во последните години […]

Уапсен косовски заменик-министер поради примање поткуп


Основниот суд во Приштина му одреди 30-дневен притвор на заменикот-министер за регионален развој Муса Цена, кој беше уапсен вчера под обвинение за примање мито и злоупотреба на службената должност, јави дописникот на МИА од Приштина. Извори од судот потврдија за порталот „Газета Експрес“ дека е прифатено барањето на Обвинителството за 30-дневен притвор. Цена доаѓа од […]

Куртулмуш: Турција нема да дозволи да се прикрие случајот со Кашоги


Турција нема да дозволи да се прикрие случајот со новинарот Џамал Кашоги, кој беше убиен на почетокот на месецот во суадискиот конзулат во Истанбул, изјави денеска потпретседателот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Нуман Куртулмуш. При гостување на телевизијата Си-Ен-Ен Турк, Куртулмуш нагласи дека Турција ќе ги вложи сите напори за целосно […]

Само 1.500.000 граѓани се со постојано живеалиште во Албанија


Според пописот спроведен во октомври 2011 година, Албанија има 2.891.977 жители. Од вкупната попишана популација, со постојано место на живеење во Албанија се 1.421.810 жители, додека другите престојуваат во странство до една година. Повеќе од половина од албанските граѓани посакуваат да заминат во некоја побогата земја каде ќе имаат подобар живот и подобро образование, се […]

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа


Ставот дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа, ниту во овој ниту во следниот парламент, уште еднаш го повтори претседателот на партијата, Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата турнеја на грчкиот остров Кефалониа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на најголемата грчка опозициска партија истакна […]

Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР


Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека повеќе не постои „нелогична употреба на специјалните фондови” во Министерството за надворешни работи иа Грција и дека веќе нема случаи пари „да се изнасуваат лево и десно во црни вреќи”, како што обвини во 2011 година. – Сакам уште еднаш да повторам дека нема никому да дозволам да […]

Партијата на Чамите бара истрага за тврдењата за финансирање албански медиуми од тајни грчки фондови


Албанската опозициска Партија за правда, интеграција и единство (ПДИУ), позната како партија на Чамите, побара од претседателот на Албанија, Илир Мета, да го свика Советот за национална безбедност, бидејќи, како што оцени, земјата се наоѓа во „вонредна национална состојба“. Повикот на ПДИУ доаѓа ден откако грчки медиуми објавија дека Министерството за надворешни работи на Грција […]