Мајката на загинатиот под настрешницата во Нови Сад, Стефан Хрка, почна штрајк со глад


 Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, почна денеска штрајк со глад пред Собранието на Србија. Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“. „Сите одговорни за падот на бетонската настрешница […]

И хрватски државјани надвор од државата ќе бидат повикани на задолжителна воена служба


Министерството за одбрана на Хрватска соопшти дека сите хрватски државјани, без разлика каде се наоѓаат, се должни да ја извршат задолжителната воена служба. „Лицето кое го има државјанството на Република Хрватска, без оглед во која земја се наоѓа, е подложно на мобилизација“, соопшти Министерството за одбрана. Тоа значи дека сите кои живеат надвор од Хрватска, […]

Експлозија на непозната бомба на плоштад во Сараево


Синоќа околу 23:15 часот на плоштадот „Завно“ во сараевската општина Нови Град се случи експлозија, која го вознемири населението во близината на Алипашино Поље, објави „Ослобоѓење“. Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди дека станува збор за непозната експлозивна направа. Дежурниот обвинител го класифицира настанот како кривично дело предизвикување општа опасност и оштетување туѓ […]

Најголемиот градски парк во Турција со 1,2 милиони квадратни метри зелена површина отворен во Истанбул


Најголемиот градски парк во Турција официјално е отворен денеска во Истанбул на официјална церемонија на која присуствуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган,  јавија турските медиуми. Новиот парк, кој се наоѓа на територијата на поранешниот аеродром „Ататурк“ во европскиот дел на Истанбул, има 1,2 милиони квадратни метри зелена површина, каде се засадени над 20.000 дрвја. Заедно […]

Вучиќ уверува дека неговото извинување до студентите било искрено


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека „блокадерите“ реагирале негативно на неговото извинување за острите зборови што ги изговорил за нив, бидејќи, како што рече, „таквата младина – во револуционерна екстаза, трча пред да размисли“. „Моето извинување беше искрено, не затоа што сакав да му се додворувам на некого, ниту затоа што, како што […]

Мајката на починат млад човек во Нови Сад донесе тешка одлука: „Морам да го направам тоа, тоа е моја обврска“


Дијана Хрка, мајката на Стефан, млад човек кој загина при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, зборуваше на комеморативниот состанок одржан на годишнината од трагедијата во која загинаа 16 граѓани. Во кратко обраќање, таа рече дека ќе ја продолжи борбата за правда и најави дека ќе започне штрајк со глад преку патот […]

Сочувство на ЕУ за жртвите во Нови Сад, само Унгарија не го поддржа


  По повод првата годишнина од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која 16 лица ги загубија животите, Делегацијата на Европската унија во Србија издаде соопштение во кое изразува сочувство и солидарност. Соопштението беше поддржано од амбасадите на сите земји-членки на ЕУ во Србија, освен Унгарија, пишува Н1. Во соопштението објавено […]

Илјадници и илјадници луѓе денеска на комеморацијата во Нови Сад


  Денес во Нови Сад, студентите во блокадата организираат комеморативен состанок за 16-те жртви кои загинаа точно пред една година кога падна настрешницата на зградата на железничката станица во овој град. Едно лице преживеа, но со сериозни повреди. Денес во Србија беше прогласен ден на жалост, а поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, ја […]

Марта Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија


  Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, денес по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад напиша дека „таа трагедија ја менува Србија“. „Пред една година, железничката станица во Нови Сад се урна и одзеде 16 животи. Денес се сеќаваме на нив“, напиша Марта Кос на мрежата Икс. „Таа […]

Бугарија привремено го ограничува извозот на нафтени деривати


Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании. Авторите на предлогот ја наведоа „потребата да се гарантира енергетската безбедност на земјата и стабилноста на домашниот […]

Ден пред собирот Вучиќ им се извини на студентите за работите што ги кажа за нив


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во обраќање до јавноста изјави дека му е жал за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите, и уште еднаш ги повика граѓаните на дијалог по 1 ноември. За утре е закажан голем комеморативен собир на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад и таму […]

Минималната плата во Косово ќе достигне 500 евра во 2026 година


Привремената влада на Косово го усвои предлогот на Министерството за финансии за зголемување на минималната месечна плата на 500 евра, објави весникот „Газета Експрес“. Според донесеното решение, сегашната минимална плата од 350 евра ќе се зголемува во две фази – од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од 1 јули истата година […]

Грчката пошта затвора над 200 филијали низ цела Грција


Прекин на работата од понеделник на 204 филијали низ цела Грција, „кои имаат минимална трговска активност, со што се заокружува планот за рационализација на мрежата“, соопштија од грчките пошти (ЕЛТА), а затворањето на филијалите предизвика реакции во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕЛТА објаснија дека оваа мерка има за цел да обезбеди […]

Почина поранешниот премиер на Албанија, Фатос Нано


Поранешниот албански премиер Фатос Нано почина на 73-годишна возраст по неколку неделно лекување во приватна болница во Тирана, каде што беше хоспитализиран во тешка состојба по срцев удар. Веста ја објави „Euronews Albania“, наведувајќи дека Нано бил во тешка состојба со недели пред да им подлегне на компликациите. Нано е една од клучните политички фигури […]

Десетици илјади студенти и граѓани маршираат кон Нови Сад


  Сите патишта во Србија водат кон Нови Сад. За утре таму е закажана комеморација за 16-те жртви точно од годишнината од падот на настрешницата на Железничката станица. Десетици илјади студенти и граѓани пешки (а некои и на велосипеди) се на патиштата кон Нови Сад. Некои ножеска преспија во Инѓија, некои на други места. Граѓаните […]

Турција: Доживотен затвор за сопственикот на хотелот и осуммина обвинети за пожарот во кој загинаа 78 лица


Анкара – Осум доживотни затворски казни изрече денеска Судот во случајот за смртоносниот пожар во јануари во луксузен хотел во скијачкиот центар во Турција, во кој загинаа 78 лица, јави турската приватна телевизија НТВ. Меѓу осудените на доживотен затвор со строг режим е и сопственикот на хотелот, Халит Ергјул. Истата казна ја добија неговата сопруга Емине […]

Традиција долга векови: Во Турција откриен леб стар 8.600 години


Археолозите во Турција, на локалитетот Чаталхујук во Коња кој е под заштита на УНЕСКО, открија квасен леб стар дури 8.600 години, покрај остатоци од многу оштетена печка. Тоа говори за древните корени на овој основен прехранбен производ кои датираат уште од 6.600 година п.н.е., а пронајдениот леб се смета за еден од најстарите кои се […]

Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД


Одлуката на американската администрација на Доналд Трамп да ги укине санкциите против Милорад Додик и група негови соработници предизвика жестоки реакции во Босна и Херцеговина и во регионот. Според проценката на повеќето аналитичари и политичари, овој потег означува промена во американскиот пристап кон БиХ и е сигнал дека Вашингтон под водство на Трамп испробува нова […]

Хрватска ќе купи оружје за речиси 2 милијарди евра: На пописот тенкови „Леопард“, хаубици „Цезар“…


Саборскиот Одбор за одбрана на затворена седница ги одобри барањата за набавка во областа на опремување и модернизација за потребите на Вооружените сили на Хрватска, јави ХРТ.. Станува збор за четири големи набавки – систем за противдронска заштита, 420 теренски камиони, 18 самоодни хаубици и 44 тенкови „Леопард“. Вкупната вредност на набавките, што ќе бидат […]

На 13 ноември, за првпат, заедничка седница на албанската и италијанската влада


На 13 ноември во Рим ќе се одржи заедничка седница на  албанската и италијанската влада. „Ова е првпат да се одржи заедничка седница меѓу  владите на двете земји. На истата  ќе бидат потпишани неколку договори, а на крајот ќе  дадат изјава премиерите на двете земји,  Еди Рама и Џорџа Мелони, објави Ора њуз. Освен што […]