Турција приведе над 400 осомничени во серија големи операции против кибер криминал


Турските власти приведоа вкупно 429 осомничени во серија големи операции за кибер криминал спроведени во текот на изминатите 10 дена, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот профил на Икс. Во објавата на Јерликаја се вели дека 354 осомничени се приведени во рации спроведени во 35 од провинциите во земјата во текот […]

Што исфрли морето кај Дубровник?


Хрватскиот портал 24сата објави фотографии од крајбрежјето на Дубровник пишувајќи дека морето донело тони ѓубре. Веднаш нагрнаа коментарите на социјалните мрежи. Жителите на Дубровник ги фотографираат и снимаат тажните сцени од познатата плажа, но не се изненадени од оваа сцена бидејќи се повторува со години. Како што објави „Дубровачки дневник“, ова е проблем што се […]

Кризата во европската автомобилска индустрија ја погоди и Србија


Проблемите на автомобилската индустрија во Европа се прелеаја и во Србија. Некои странски компании кои произведуваат делови ги затворија своите фабрики, а работниците беа отпуштени. Први на удар беа работни места како што е производството на електрични кабли за автомобили, кои се произведуваат во фабриките во Европа. „Од една страна, нема клиенти бидејќи побарувачката опаѓа. […]

Група компании во преговори со Лукоил за купување на имотот во Романија


Три компании досега покажаа интерес за купување средства на Лукоил во Романија, изјави во вторник министерот за енергетика Богдан Иван, според извештај на романските медиуми, истакнувајќи дека триото е во директни разговори со руската нафтена компанија. Лукоил има 320 бензински пумпи во Романија, управува со третата најголема рафинерија и поседува концесија за истражување на наоѓалишта […]

Во антитерористичка акција во Албанија уапсени две лица, запленети оружје, муниција и знамиња на ИСИС


Албанската полиција по 12-часовната операција, која наиде на отпор од две лица осомничени за извршување терористички акти, ги уапси истите а во објектот каде се криеле открила и оружје, муниција и знамиња на терористичката организација ИСИС, објави Топ чанел, повикувајќи се на полициско соопштение. Во акцијата „Орош“ спроведена во селото Орош, кај Мердита во северниот […]

Вучиќ: Ако Русите не го продадат НИС за 50 дена, ќе воведеме принудна администрација


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека, доколку САД не одобри нова лиценца за Нафтена индустрија на Србија (НИС), и доколку стапат во сила секундарни санкции против Народната банка на Србија и комерцијалните банки, последиците, покрај прекините во снабдувањето со гориво, ќе вклучуваат и прекин на плаќањата, плаќањата со картички, па дури и прекин на […]

Автобиографската книга на Алексис Ципрас распродадена за само неколку часа


  Автобиографиите генерираат страсти и Алексис Ципрас добро го знаеше ова кога ја напиша „Итака“. Таа беше објавена вчера и распродадена за само неколку часа. „Итака“ беше отпечатена во 33.000 примероци. Издавачот „Гутенберг“ веќе објави дека почнало печатењето на дполнителни илјадници примероци. Во книгата, како што пренесуваат грчките медиуми, поранешниот премиер затворил „прозорец“ во контекст […]

Рафинеријата во Панчево престана со преработка


Рафинеријата во Панчево го запре производството, а постројките влегоа во таканаречена топла циркулација – термин што означува кога одредена количина суровини циркулира низ системот за да се одржи системот функционален. Според српски медиуми, Нафтена индустрија на Србија (НИС) практично остана без нафта за преработка, и не смее да преработува домашна нафта без да ја комбинира […]

Бербата на маслинки во Турција прерасна во сезонска прослава што не се пропушта


Дури 60 отсто од европските патници планираат во наредните месеци да престојуваат на една дестинација, наместо да се движат низ различни региони, говори извештајот „Monitoring Sentiment for Intra-European Travel“ на Европската комисија за патувања. Овој податок води до констатација дека туристите од Европа сѐ повеќе сакаат спокоен одмор, на кој ќе се спојат со локалната […]

„Итака“ – Ципрас ги објави своите мемоари


Атина – Финансиската криза, плановите за исклучување на земјата од Европската Унија, затворените банки, референдумот, средбите со странски лидери, како што се Меркел, Оланд, Путин, реакциите на тогашната опозиција и напорите на тогашната Влада, но и надворешната политика и Договорот од Преспа, односно сите случувања во Грција и Европа во периодот 2015-2019 година кога СИРИЗА беше […]

Бугарија повторно го блокира извозот на важни лекови


Бугарија ја продолжи забраната за извоз на инсулин, аналози на инсулин и група антибиотици до 23 јануари следната година, врз основа на наредба на министерот за здравство, објавена денес на веб-страницата на министерството. Министерството одлучи повторно да ја продолжи забраната поради тешкотии во снабдувањето на аптеките и пациентите, пријави за недостиг и одбивања од големопродажни […]

Бранко Блануша со изборниот резултат го вклучи црвениот аларм во партијата на Додик


  Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ги објави нецелосните резултати од предвремените избори во ентитетот Република Српска во БиХ. Врз основа на 99,72 проценти од обработените гласачки места, кандидатот на партијата на Милорад Додик, СНСД, Синиша Каран освои 217.324 гласови (50,30 проценти), додека второпласираниот Бранко Блануша, кандидатот на СДС, доби 208.955 гласови (48,37 […]

Ќе се урива облакодерот на „Вјесник“ во Загреб, што изгоре минатата недела


По проверката и мерењето на конструктивната состојба на облакодерот на „Вјесник“, по минатонеделниот пожар, во кој изгоре зградата, градежните инженери се на мислење дека аа треба да се урне, пренесоа хрватските медиуми. Во Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот се одржа прес-конференција, на која ѝ претходеше состанокот меѓу министерот за просторно планирање, Бранко […]

Адвокат открива колкава затворска казна им се заканува на младите за пожарот во „Вјесник“. „Може да бидат во долгови до крајот на животот“


Двајца 18-годишници се осомничени за пожарот во небодерот Вјесник, а истражниот судија на Окружниот суд во Загреб им одреди притвор од еден месец минатиот петок поради ризик од повторен прекршок. „Постои основано сомнение дека на 17 август 2025 година, во Загреб, во зградата Вјесник, првиот обвинет запалил картонска кутија полна со хартија, а вториот обвинет […]

Мнозинство Словенци на референдум гласаа против Законот за асистирана евтаназија


Граѓаните на Словенија на референдумот што се одржа вчера во земјата го отфрлија Законот за асистирана евтаназија на лица што се наоѓаат во терминална фаза од некоја болест, што словенечкиот парламент го донесе во јули оваа година, јавуваат регионалните медиуми. Според делумните неофицијални резултати базирани на мнозинство преброени гласачки ливчиња, против законот гласале 53,07 проценти […]

По снежното невреме, регионот погоден од силни мразеви и исклучително ниски температури


По обилното снежно невреме, регионот се соочува со силни мразеви и температури кои ноќва се спуштаат до –10°C. Студениот бран од север донесе екстремно ладно време во Хрватска, Босна и пошироко. По обилното снежно невреме што во изминатите денови зафати голем дел од регионот, особено териториите на Хрватска и Босна каде снежната покривка во некои […]

Сојузникот на Додик, Каран, победи на претседателските избори во Република Српска


Бања Лука – Синиша Каран од српската владејачка партија Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД), , победи на предвремените претседателски избори во Република Српска (РС), српскиот ентитет во рамките на Босна и Херцеговина, според прелиминарните официјални резултати. Каран доби 200.116 гласови, или 50,85 проценти, победувајќи го опозицискиот кандидат Бранко Блануша, професор по електроника од опозициската СДС, кој […]

Словенците гласаа против на референдумот за законот за асистирано самоубиство


  Словенечките гласачи на референдум одржан денес со огромно мнозинство го отфрлија законот за асистирано доброволно прекинување на животот, со што ќе се поништи законот усвоен од парламентот во јули оваа година. Според неофицијалните резултати од Државната изборна комисија, по преброени 99,8 проценти од гласовите, повеќе од 368.000 гласачи гласаа против законот, или 53,4 проценти […]

Убиениот водач на навивачите на Партизан претходно преживеал два атентати


  Тадија Пантиќ (25), кој беше убиен вчера во Нов Белград, наводно бегал од своите убијци непосредно пред егзекуцијата. Според медиумските извештаи, Пантиќ забележал дека некој го следи и почнал да трча, но напаѓачот го стигнал и го убил, пишува Telegraf.rs. „Се сомнева дека Тадија П. одел по патеката што води низ зградите и наводно […]

Кокаљ и Злобко се нови словенечки министри за правда и за внатрешни работи


Љубљана – Националното собрание, Долниот дом на Парламентот на Словенија денеска ги изгласа Андреја Кокаљ за нова министерка за правда и Бранко Злобко за нов министер за внатрешни работи. „За“ нивното именување гласаа 51 пратеник, а 18 беа „против“. Тие се предлог на премиерот на Словенија, Роберт Голоб, кој не присуствуваше на седницата. Новите министри добија […]