Во Грција уапсени 12 лица поради продажба на дрога во училиште, меѓу нив и шест малолетници


 Грчката полиција уапси 12 лица, од кои шест малолетници, поради трговија со кокаин и хашиш во училиште во регионот Атика во Грција. Дирекцијата за безбедност на Атика разби синџир за трговија со дрога, главно во училиште, при што беа уапсени шест полнолетни и шест малолетни лица, пренесе денеска „Катимерини“. Локалните власти соопштија дека членовите на […]

Несреќа на жичница во Црна Гора: Едно лице загина, жена тешко повредена


Едно лице загина, а друго е тешко повредено во несреќа што се случи денес на жичницата на Савин Кук на Дурмитор, потврди Радио-телевизија на Црна Гора (РТЦГ). Според достапните информации, две лица паднале од корпата на жичницата, и двете се странски државјани. Несреќата се случила кога корпата, од сè уште непознати причини, се лизнала и […]

Велика Британија ја намалува помошта за Западен Балкан за одбрана од руски кибер напади


Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руските напади и дезинформации на Западен Балкан од минатогодишните 45,7 милиони евра на 27,36 милиони евра за периодот 2025 – 2026 година. Фондот за интегрирана безбедност (ISF), кој ја поддржува борбата против кибер нападите, зајакнувањето на демократијата и независните медиуми, е погоден од кратење на официјалната […]

Вучиќ по состанок за НИС: Верувам дека сме чекор поблиску до решение


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денеска имал важен состанок за енергетската стабилност на земјата и дека верува дека е чекор поблиску до решение за НИС. Вучиќ рече дека ситуацијата е многу сложена и комплицирана и оти следната недела очекува различни иницијативи, молби и барања упатени до ОФАК во надеж дека ќе се добие […]

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух


Општина Софија од денеска до 22 декември воведе викенд зелена карти за јавниот превоз, како превентивна мерка поради високото ниво на загаденост на воздухот и најавеното формирање на магла. Во предвидениот период паркирањето на паркинг местата на метрото ќе бидат бесплатни за сите граѓани и туристи. Одлуката е донесена врз основа на прогноза на бугарскиот […]

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот


Населението на Албанија се намалува со многу повисоки стапки, речиси два до три пати повеќе отколку во другите земји во регионот, според ажурираните податоци од Евростат за населението на земјите кандидати за членство во ЕУ. Во 2025 година, официјалното население на Албанија броело 2.363.314 жители, со намалување од околу 27.628 луѓе во рок од една […]

Бахами ја призна независноста на Косово


 Бахами е 121 земја, која го призна Косово како независна и суверена држава, изјави денеска претседателката Вјоса Османи. Таа наведе дека во главниот град на Бахами, Насау потпиша Договор за признавање и воспоставување на дипломатски односи со карипската држава. Тоа е четврто признавање на Косово оваа година, а на Бахамите им претходеа Сирија, Судан и […]

Анкета: Осум од десет Грци сметаат дека барањата на земјоделците се оправдани


Осум од десет Грци, односно 81 отсто сметаат дека барањата на земјоделците се оправдани, а 63 проценти го оправдуваат начинот на кој протестираат, со блокади на улиците, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина. За општата ситуација во земјата, 71 […]

Илјадници Бугари и синоќа протестираа против корупцијата, бараат фер избори и независно судство


Десетици илјади лица синоќа излегоа на улиците на главниот град Софија и другите градови во Бугарија за да бараат фер избори и независно судство кое може да се бори против широко распространетата корупција. Овие демонстрации следеа по протестите од минатата недела предизвикани од плановите на владата за повисоки даноци и зголемени владини трошоци. Потоа владата […]

Рама го посети поранешниот претседател на Косово во притвор


Албанскиот премиер Еди Рама денеска го посети поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, во Хаг. Тој е во притвор од ноември 2020 година, под обвинение за воени злосторства. Во објава на социјалните мрежи, тој напиша дека го нашол во добра форма и спокоен, иако со апсурдни ограничувања на минималните права, оценувајќи го притворањето на Тачи […]

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите


Продолжување на активности, но и заострување во следните денови, одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок на кој учествуваа претставници на над 50 блока од цела Грција, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за средба, јави дописничката на МИА од Атина. Претставници на земјоделците велат дека по денешниот состанок и со одлуките, покажале […]

Полицијата во Сплит заплени над 10.000 пиротехнички средства


Полицијата во Сплитско-далматинската жупанија во јужна Хрватска заплени голема количина пиротехнички средства, соопшти локалната полициска управа, цитирана од националната телевизиска станица ХРТ. Полицајците од Првата полициска управа во Сплит завршија кривична истрага, за време на која беа пронајдени и запленети значителни количини пиротехнички средства, забележа телевизијата. 54-годишен маж беше уапсен вчера откако беше пронајдена голема […]

Црна Гора вели дека нема потреба од внатрешни реформи на ЕУ


  Лидерите на ЕУ дебатираат за проширувањето и се подготвени да поддржат преземање „внатрешни реформи“ – кратенка за ревидирање на процесот на донесување одлуки во блокот пред приемот на нови членови. Но, водечкиот кандидат за членство, Црна Гора, вели дека нема потреба. Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за „Политико“ изјави во интервју во неговиот […]

Хрватска на удар на многу заразниот сој на грип H3N2, за една недела 7.000 нови заболени


Грипот оваа година пристигна порано и се шири побрзо од вообичаеното. Сојот H3N2, кој полесно се пренесува, доминира во Хрватска, а повеќе од седум илјади нови случаи се пријавени во изминатата недела. Иако Хрватскиот институт за јавно здравје вели дека сè уште има вакцини во системот, многу ординации за семејна медицина веќе останаа без залихи. […]

Рама вели дека е „добра идеја“ на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето


  Албанија „нема проблем“ со претстојниот предлог на ЕУ за ограничување на правото на вето на новите членки на почетокот од нивното членство – идеја насочена кон смирување на главните градови скептични кон проширувањето. „Мислам дека е добра идеја“, му рече албанскиот премиер Еди Рама на новинарот на „Политико“ пред самитот ЕУ-Западен Балкан во среда […]

Приштина продолжува да купува оружје, тие набавуваат хаубици од САД


Американската компанија AM General финализираше тригодишен рамковен договор за директна продажба со Министерството за одбрана на Република Косово за мобилни хаубици Hawkeye од 105 мм. Според компанијата, договорот вклучува мобилни хаубици Hawkeye на шасија HUMVEE, заедно со дополнителни возила за поддршка. „Со гордост ја објавуваме успешната продажба на HUMVEE Hawkeye на Министерството за одбрана на […]

Попладнево нови блокади на граничните премини Евзони и Ники


Во попладневните часови, грчките земјоделци повторно ќе ги затворат граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, едниот за сообраќај на сите возила, другиот, само за товарни возила, како што е пракса во изминатите денови, додека попладнево се очекува на состанок, земјоделците од цела Грција да се одредат следните чекори, јави дописничката на МИА од […]

Земјотрес од 4 степени според Рихтер во близина на Дубровник


Земјотрес со јачина од 4 степени е регистриран вчеравечер во 23:07 часот во Јадранското Море во близина на островот Мљет, потврди Сеизмолошката служба на Хрватска. „Вечерва, 17 декември 2025 година, во 23:07 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба регистрираа прилично силен земјотрес со епицентар во Јадранското Море во близина на островот Мљет. Јачината на земјотресот беше […]

Пријави за поставени бомби во неколку основни училишта низ Република Српска


Утрово, неколку основни училишта низ Република Српска добија е-пошта со заканувачка содржина за можна експлозија. Полициските службеници постапуваат по горенаведените пријави во согласност со Упатствата за однесување на припадниците на МУП во случај на закана со експлозивна направа или некое друго опасно средство. Училиштата прво ќе бидат проверени од субверзија, објавува РТРС. Утрово, училиштата во […]

Момче (14) прободе во гради врсник во Белград – жртвата молчи!


Белградската полиција го уапси 14-годишниот Ф. Г. под сомнение дека го прободел својот врсник В. М. (14) во градите со нож по тепачка во населбата Вождовац минатиот викенд. Инцидентот, кој резултираше со сериозни повреди на едното момче и апсење на другото, се случи во саботата, јавува Н1. Опасно по живот, одби да соработува Според информациите […]