СМС за итно предупредување поради интензивни врнежи од снег, испрати српскиот Хидрометеоролошки завод


Српскиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) денеска соопшти дека е активиран системот за испраќање СМС информации за итни случаи до граѓаните поради леден дожд што се очекува од 5 до 7 јануари во Срем, Белград, Јужен Банат, Поморавље, источна, западна и делови од југозападна Србија.  Во итното предупредување, наведено е дека се очекуваат многу опасни услови за […]

Постепено се нормализира воздушниот сообраќај во Грција – се опслужуваат до 35 полетувања и слетувања


Со цел да се гарантира безбедноста на летовите, во моментов се опслужуваат до 35 полетувања и слетувања од грчките аеродроми и делумно транзитниот сообраќај во три сектори. Техничкото прашање, со размер со кој сме соочени за прв пат, продолжува да се истражува, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција, откако претпладнево, поради проблем со […]

Во Србија годинава почнува национална кампања за фертилитет – „За едно срце повеќе“


Националната кампања „За едно срце повеќе“ (Za srce više) ќе се спроведува во следниот период преку разни информативни, едукативни и медиумски активности низ цела Србија, со цел да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на фертилното здравје, навременото информирање и донесувањето информирани одлуки за планирање на раѓање. Министерката без ресор во српската Влада задолжена […]

Во прекин авионскиот сообраќај во Грција поради проблем со радиофреквенциите


 Воздушниот простор на Грција од претпладнево е целосно затворен за полетување и слетување на сите авиони кон и од сите аеродроми во земјата, поради технички проблем со радиофреквенциите, јави дописничката на МИА од Атина. Извори од Министерството за транспорт на Грција брифираа дека некои фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина (воздушниот простор на […]

„Телеграф“: Приемот на Бугарија во Еврозоната може да доведе до нова должничка криза по грчкиот пример


Бугарија на почетокот на годинава стана 21-ва членка на Еврозоната во време кога се соочува со политички превирања, широко распространета корупцијата и раст на државниот долг, што може да биде причина за следната финансиска криза во Европа, оценува лондонскиот весник „Телеграф“. Весникот посочува дека Европската централна банка (ЕЦБ) се надеваше дека Еврозоната ќе ја пречека […]

Поради дојава за бомба, евакуиран е трговски центар во близина на Вараждин


Поради дојава за бомба, трговскиот центар Лумини во Доњи Кнегинац во близина на Вараждин беше евакуиран вечерва, а во тек е инспекција за експлозија, соопшти полицијата. Според локалните медиуми, дојавата за бомбата во најголемиот трговски центар на северот од Хрватска е примена околу 19:00 часот, во времето кога центарот бил најпрометен. „Примена е дојава дека […]

Драматични слики од границите: Тотален хаос, сè стои (фото)


Поради зголемениот сообраќај и новиот систем за контрола на EES, гужвите на граничните премини не стивнуваат ниту денес. Огромни гужви и километарски редици беа забележани вчера кај Бајаково, граничниот премин со Србија, додека денес има гужви на граничните премини на Хрватска и Босна и Херцеговина. Времето на чекање на границата е околу два часа. Како […]

Косово го поддржа американскиот напад врз Венецуела: Цврсто стоиме зад претседателот Трамп


Бројни земји ширум светот реагираа откако Соединетите Американски Држави воено ја нападнаа Венецуела два часа по полноќ денес, ги уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес и ги одведоа во САД. Косово е меѓу земјите што јасно го поддржаа овој американски чин, во јавно обраќање на претседателката на оваа земја, Вјоса Османи. […]

Попладнево се затвора Евзони за сите возила за влез и излез од Грција


Во периодот од 17 до 21 часот по македонско, односно од 18 до 22 часа по грчко време, по пауза од три дена поради празниците, грчките  земјоделци повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците од […]

Снегот предизвика проблеми во сообраќајот низ цела БиХ: Патиштата слабо исчистени


Снегот што паѓа од утрото низ цела Босна и Херцеговина предизвика тешкотии во функционирањето на сообраќајот, а фотографиите покажуваат дека има значителни количини на натрупан снег на одредени делници од автопатите. Поради сообраќајната несреќа кај Олово, сообраќајот на автопатот М-17 беше прекинат. Според прогнозата на ФХМЗ, наутро во земјата времето беше претежно облачно со дожд […]

Смртни закани испратени до редакцијата на српскиот весник „Данас“


Асоцијацијата на српските независни електронски медиуми (АНЕМ) денеска објави дека редакцијата на дневниот весник „Данас“ добила закана со смрт во коментарите за веста за решението за српската Нафтена индустрија, во која било наведено дека „треба да се фрли експлозиви“ врз редакцијата. Во соопштението за медиумите, Здружението наведува дека претседателот на Управниот одбор на АНЕМ и […]

Сојузот на слепи во Србија ќе покрене иницијатива за озаконување на Брајовото писмо


Сојузот на слепи во Србија денеска објави дека оваа година ќе покрене иницијатива за озаконување на Брајовото писмо, со цел да се поттикне неговото целосно спроведување и на единствен начин да се привлече вниманието на јавноста и надлежните институции кон правата на слепите и лицата со оштетен вид во Србија. „Брајовото писмо за слепите лица […]

Вучиќ за воведувањето на воената служба: Ќе ја зајакнеме нашата земја и ќе влијаеме на образованието


За време на обиколката на завршните работи на новиот објект за сместување и обука на припадниците на Одделот за воена полиција за специјални намени „Кобра“ во касарната „Ваша Чарапиќ“ во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за повторното воведување на воената служба. Претседателот на Србија рече дека младите луѓе живеат поинаков живот и дека секој […]

Зимата допрва доаѓа: До половина метар снег, само во Македонија нема да има


Во земјите од поранешна Југославија од недела се очекува  сериозна промена на времето. Според метеоролозите, доаѓа промена на времето, која ќе донесе обилни врнежи, снег и значителен пад на температурите. Како што предупредуваат метеоролошки извори кои ги следат регионалните временски трендови, снегот може да предизвика големи тешкотии во Хрватска и Босна и Херцеговина, додека снежни […]

Леден дожд и снег ја парализираат Србија: Апел да не се патува


„ЈП „Патишта на Србија“ апелира до возачите да избегнуваат патување поради најавен леден дожд и обилен снег, особено во ноќта меѓу сабота и недела.“ Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ упати апел до сите учесници во сообраќајот да не тргнуваат на пат без итна потреба и да бидат особено внимателни во ноќта меѓу сабота и недела. […]

„Туркиш ерлајнс“ ќе гради најголем товарен терминал во светот


Анкара – Турскиот национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) е една од најголемите авиокомпании во светот најави дека на лето ќе изгради најголем карго терминал и угостителски објект во светот. Инвестицијата ќе чини 100 милијарди турски лири (приближно две милијарди евра). Авиокомпанијата соопшти дека изградбата на карго терминал и угостителски објект ќе создаде 26.000 нови работни […]

Што има на бугарските евро монети?


Мотивите што Софија ги избра за своите евро монети веќе беа на националната валута лев. Лик на коњаник, карпест релјеф од почетокот на 8 век, ги краси монетите од еден, два, пет, 10, 20 и 50 центи. Ова уметничко дело, кое прикажува витез кој победува лав, е светско наследство на УНЕСКО. На монетата од 1 […]

Во 2026, на бриселската маса „членство од втор ред“ за новите можни членки и потенцијално „ограничување на ветото“ за кластерите, но не и за затворање на преговорите


По руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година се доби впечаток дека земјите членки на Европската Унија го променија својот став кон проширувањето, бидејќи се сметаше дека перспективата за членство на државите кандидати за прием претставува стратешки потег за да се избегне геополитички вакуум во соседството на блокот и да се создаде одбранбен штит […]

Вучиќ навести кој може да биде нов сопственик на Нафтената индустрија на Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека очекува рафинеријата за нафта во Панчево да започне со целосна работа помеѓу 17 и 19 јануари и дека може да се постигне договор за купување на рускиот удел во компанијата до истекот на лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија (НИС) на 23 јануари. Вучиќ изјави дека […]

Фијаско на новогодишното шоу во Будва – 600 дронови почнаа неконтролирано да паѓаат (видео)


Иако беше најавено како невиден спектакл на овие простори, претставата со дронови што требаше да се изведе на полноќ во Будва заврши неславно. Околу 600 дронови паднаа во морето и на платото пред Капетанија, а како што е потврдено, никој не е повреден. Будванската полиција за „Вијести“ изјави дека синоќа спровела истрага и за сè […]