Хрватска ги поддржа Данска и Гренланд


  Хрватска, која е членка на ЕУ и на НАТО се изјасни – застана зад Данска и Гренланд во судирот со претседателот на САД, Доналд Трамп. „Ставот на хрватската влада е дека сојузниците на НАТО треба да се почитуваат едни со други и да го признаат фактот дека Гренланд е дел од Данска. Во овој […]

Црна Гора очекува уште 55 милиони евра од Планот за раст


Подгорица – Министерството за европски прашања на Црна Гора објави дека земјата исполнила повеќе од половина од мерките предвидени со Агендата за реформи, поради што, како што наведуваат, очекуваат уште 55 милиони евра од Планот за раст. Владата на Црна Гора го усвои Третиот полугодишен извештај во рамките на Инструментот за реформи и раст на […]

Голем пожар во близина на резервоари за гориво во атинска населба – изгасен по над пет часа


Атина – Над пет часа траеше гаснењето на пожарот што кусо пред полноќ избувна во близина на резервоари со течни нафтени деривати во атинското предградие Перама, а според градоначалникот постоечките 40 хектари со запалив материјал беа закана за целиот регион на Атика, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот интервенираа 28 пожарникари со девет […]

Почна производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево


Производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево почна денеска, а првиот евродизел ќе биде на пумпите од 27 јануари, објави министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. „По пауза од речиси два месеца, производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево започна денеска! Речиси 2.000 вработени работат на производството, а евродизелот […]

Албанија ќе купува американско оружје и ќе и го испрати на украинската армија


Албанија ќе се приклучи на Приоритетна листа на барања за Украина, позната и како (PURL). „Нашата земја ќе се придружи на списокот на земји кои ќе купуваат американско оружје, а потоа ќе го испраќаат во Украина, објави министерката за надворешни работи Елиса Спиропали, која деновиве беше во посета на Украина. Ова таа им го кажала […]

Магла на аеродромот во Сараево: Повеќето летови се откажани или пренасочени


Промената на времето во БиХ во главниот град на Босна и Херцеговина повторно ја врати маглата во преден план, што предизвика бројни проблеми на Меѓународниот аеродром во Сараево. Поради намалена видливост, повеќето летови од аеродромот во Сараево денес беа откажани или пренасочени на други локации. Што се однесува до полетувањата, авионите денес полетаа за Виена, […]

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада


Неколку илјади граѓани се собраа попладнево во центарот на Нови Сад на протестот „Што значи победа?“, на кој повикаа студентите. Тој протест е продолжение на акцијата за собирање потписи за предвремени избори во државата што беше спроведена кон крајот на минатата година Обезбедување е распоредено околу Градското собрание и низ целиот Плоштад на слободата. Меѓу […]

(Видео) Еколошка катастрофа крај Ужице: 800 кубици отров се излеа во поток, институциите молчеа со часови


Депонијата „Дубоко“ повторно се претвори во еколошка бомба. Поради хаварија во собирната шахта, во Турски Поток се излеале над 800 кубни метри концентрирани, загадени процедни води, додека надлежните институции со часови не презеле ништо. Реакција имало дури откако граѓанското здружение „Да не дишеме Дубоко“ го пријавило инцидентот. Наместо итна интервенција и јасна одговорност, јавноста доби […]

Словенија испраќа два војника на Гренланд


Владата на Словенија потврди дека двајца офицери од словенечката армија ќе бидат испратени на Гренланд, кои би можеле да патуваат на островот во наредните денови. Седницата започна во петокот навечер и заврши денес во 10 часот наутро, јавува N1 . Вежба „Арктичка отпорност“ Офицерите, предводени од Данска, ќе учествуваат „во планирањето и спроведувањето на меѓународната […]

Рама го критикуваше Јавниот сервис, дури спомна и опција за негово гаснење


Албанскиот премиер Еди Рама го нарече менаџментот на Албанската радио-телевизија (РТШ) „најмизерната служба на светот“ и изјави дека јавниот медиумски сервис треба да се реформира. Рама нагласи дека нема да се издвојуваат јавни пари се додека не се спроведат реформми во РТШ. Според него, сите опции се на маса, вклучувајќи затворање, приватизација или партнерство. Премиерот […]

НАТО објави: Хрватска сега го чува своето небо со моќните борбени авиони „Рафал“


НАТО објави во објава на Фејсбук дека Хрватска ќе влезе во нова ера на својата воздушна одбрана од 1 јануари 2026 година, бидејќи тогаш целосно ќе ја преземе одговорноста за заштита на сопствениот воздушен простор со модерни борбени авиони „Рафал“. Како што наведува НАТО во објавата, хрватските „Рафал“ ќе бидат интегрирани во интегрираниот систем за […]

Западен Балкан ќе ја блокира Шенген границата, превозниците гневни поради третманот од ЕУ


Здруженијата на превозници од Западен Балкан денес објавија дека ќе ги блокираат товарните премини со земјите од Шенген зоната од 26 јануари поради, како што велат, проблеми предизвикани од системот EES кој ги евидентира влезот и излезот на превозниците. Претставници на здруженијата на превозници од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а поддржани од колегите […]

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Струга


Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11.28 часот во Охрид, Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8.

Хрватска пратеничка ја стресе струја во Парламентот


Пратеничката Далија Орешковиќ ја стресе струја за време на вчерашната парламентарна дебата. Тоа се случи за време на говорот на членот на ХДЗ, Марко Павиќ. Орешковиќ во еден момент се наведна под пратеничката клупа, а кратко потоа гласно вресна и почна да мавта со раката. „Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто […]

Девет автомобили се забија во шлепер на автопат во Србија


Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово околу 8 часот на автопатот „Милош Велики“, каде во верижен судир учествуваа девет патнички возила и еден камион. Според првичните информации, во несреќата нема жртви, но четири лица се здобиле со повреди. Од итните служби потврдуваат дека две лица се веќе хоспитализирани, додека две се пренесени во болницата во […]

Бугарија оди на избори – осми за шест години


„Одиме на избори“ – е заклучокот на бугарскиот претседател Румен Радев откако утрово го врачи третиот и последен мандат за формирање влада на Алијансата за права и слободи (АПС), чии претставници веднаш му го вратија неисполнет. Со враќањето на мандатот од страна на АПС, која е третата политичка партија, односно коалиција што го стори тоа […]

Патиштата и граничните премини во Грција остануваат отворени до понеделник


Атина – Во пресрет на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, закажана за понеделник, земјоделците нема да ги блокираат патиштата и граничните премини, но тракторите ќе останат паркирани на блоковите, онаму каде што се веќе речиси 50 дена, јави дописничката на МИА од Атина. Да останат отворени патиштата и автопатиштата е и еден од предусловите поставени […]

„Москва на Медитеранот“ ѝ го врти грбот на Русија


  Кипар, поделена островска земја во која рускиот капитал играше голема улога со години, во голема мера се дистанцира од Русија по нејзината агресија врз Украина. „До 2023 година беа затворени речиси 43 илјади фиктивни руски компании, како и близу 130 илјади банкарски сметки на руски граѓани. Помеѓу 2015 и 2024 година, руските депозити се […]

Грција испрати воена опрема – донација за Либан


Со транспортен брод на грчката воена морнарица, од Атина за Бејрут, денеска биле пренесени 13 оклопни возила за транспорт на персонал (M-113), десет возила за општа намена (STEYR 680M) од два и пол тони, како и материјали и резервни делови за нивна поддршка, во рамките на донацијата од Грција за Либан. Од Министерството за национална […]

Иконата на грчката железничка трагедија вели дека ќе формира нова партија


  Главниот портпарол на жртвите од најлошата железничка трагедија во Грција објави планови за нова политичка партија за борба против „корупцијата и клиентелизмот“, а анкетите веќе предвидуваат силен почеток. „Граѓанското движење против корупцијата и клиентелизмот се организира и наскоро ќе биде подготвено да го побара гласот на општеството“, изјави Марија Каристијану, која ја загуби својата […]