Хаос на ГП Бајаково за влез во Хрватска: Деца од Србија заглавени со часови, колони во сообраќај


Големи толпи се формираа на граничните премини меѓу Хрватска и Србија во петок наутро, а патниците пријавуваат чекање со часови и целосен застој во сообраќајот. Според податоците на ХАК, најдолгите чекања се евидентирани на преминот Бајаково, а подолги чекања има и на другите премини со Србија и Босна и Херцеговина. Ваква е состојбата од пладне: […]

Турција со јасна порака до Трамп: НАТО не е должен да им помогне на САД


Американскиот претседател Доналд Трамп им постави ултиматум на земјите од НАТО да најдат решение за повторно отворање на Ормутскиот теснец во рок од неколку дена. Турција, која има втора најголема армија во алијансата, вели дека НАТО не е должен да интервенира Земјите-членки на НАТО не се „обврзани“ да им помогнат на САД и Израел во […]

Балканскиот рис повторно фотографиран во Националниот парк “Шебеник”


Тирана – Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) по подолг период повторно е фотографиран во Националниот парк „Шебеник” од страна на вработените во Управата за заштитени подрачја во Елбасан. Националната агенција за заштитени подрачја објави дека преку поставените камери, идентификација на траги на терен и континуирани набљудувања од страна на специјалисти, било можно да се фотографира и […]

Албанија се реформира во „петта брзина“, Рама турка 700 реформи за да влезат во Унијата


Амбицијата на Албанија брзо да се приклучи на Европската Унија би можела да има значителни несакани ефекти врз управувањето и јавната доверба. Владата на премиерот Еди Рама и Социјалистичката партија се залагаат за невидено забрзување на законодавниот процес, со цел да се донесат околу 700 реформи во рекордно време со цел да се исполнат условите […]

TikTok затвори 34 лажни профили поврзани со бугарските избори


Бугарија ќе гласа на 19 април во информатичко опкружување кое поставува итно прашање на кое европскиот систем за заштита на изборите сè уште не дал јасен одговор: кога одговорноста за заштита на изборниот интегритет е поделена помеѓу платформите, регулаторите и националните институции, што одредува дали некој воопшто ќе преземе мерки? TikTok затвори 34 профили за […]

Комерцијалните објекти во Албанија мора да бидат опремени со ПОС терминал до 30 мај 2026 година


Албанската Генерална даночна дирекција објави дека сите комерцијални објекти во Албанија мора да бидат опремени со ПОС терминал до 30 мај 2026 година. Користењето на ПОС терминали има за цел да обезбеди подобра и побрза услуга за клиентите, полесно плаќање и зголемена транспарентност на трансакциите. Генералната даночна дирекција објави дека се очекува воведувањето на опцијата […]

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ


Србија може да загуби до 1,5 милијарди евра од фондовите на Европската Унија, бидејќи Европската комисија размислува за суспендирање на финансирањето поради пад на демократијата и блиските врски на Белград со Русија, пишува Политико. Иако не е членка на ЕУ, од почетокот на преговорите за пристапување во 2014 година, Србија има право на средства и […]

Букурешт добива парк „Доналд Трамп“ – бурни реакции кај јавноста


Нов парк во романската престолнина ќе го носи името на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти градоначалникот на четвртиот сектор во Букурешт, Даниел Балуца. Веста предизвика поделени реакции во јавноста – од незадоволство и критики до сарказам на социјалните мрежи. Градоначалникот Балуца појасни дека името е избранo како „симбол на пријателството и заедничките вредности“, поврзувајќи ја […]

Хрватите ќе протестираат: Просечната плата треба да биде 2.200 евра


Три синдикални федерации и Синдикатот на пензионери на Хрватска (СУХ) ги поканија сите граѓани кои, поради ниски приходи и висока инфлација, не можат да ги исполнат своите основни трошоци за живот да дојдат на протестот „Хрватска заедно за повисоки плати и пензии“, кој ќе се одржи во четврток, 18 април, напладне на плоштадот Бан Јелачиќ […]

Започна уривањето: Багери го „гризат“ облакодерот на „Вјесник“


Работите за отстранување на зградата „Вјесник“ во Загреб започнаа, а делови од сите катови моментално се рушат со помош на тешка механизација. Покрај изгорената зграда има голем кран кој подигна контејнер на врвот, а паралелно се  отстранува азбестот. Министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот Бранко Бачиќ изјави дека оваа операција нема да влијае […]

Ректорот на Универзитетот во Белград: Мојата премиерска или претседателска улога ќе ја одредат студентите и граѓаните


 Владата е политички, морално и интелектуално банкротирана, и на Србија не и е потребен уште еден сезнаечки авторитет, туку стручни луѓе, изјави Владан Ѓокиќ, ректор на Универзитетот во Белград, за неделникот „Радар“. Тој додаде дека неговата улога како премиер или претседател ќе ја одредат студентите и граѓаните. Ѓокиќ, по повод влегувањето на полицијата во Ректоратот, […]

Мицотакис: Неприфатливо е бродовите да плаќаат надомест за премин низ Ормускиот теснец


Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, денеска рече дека е неприфатливо бродовите да плаќаат надомест за премин низ Ормускиот теснец, како што тоа го предложил Иран, оценувајќи дека таквиот потег би претставувал опасен преседан за слободата на пловидбата. Мицотакис потсети дека пловидбата низ Ормускиот теснец секогаш била слободна, порачувајќи дека таквата пракса мора да продолжи. Белата куќа […]

Амбасада на САД: Албанската полиција е опремена со најновите дронови од најновото американско производство


Амбасадата на САД во Тирана, денеска објави дека Единицата за борба против тероризмот на албанската државна полиција е опремува со најновите дронови од американско производство. “Поддршката за албанските институции во областа на безбедноста останува приоритет, со цел зголемување на стандардите и ефикасноста во борбата против разни закани, стои во соопштението на амбасадата на САД. Се […]

Најмалку шест лица загинаа во судир меѓу миксер за бетон и минибус во Турција


 Најмалку шест лица загинаа денеска во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале миксер за бетон и минибус во југозападниот дел на Турција. Според првичните информации на државната новинска агенција Анадолија, во несреќата што се случила во Бурдур има и неколку повредени лица. Засега остануваат нејасни причините поради кои двете возила се судриле на патот меѓу […]

Загреб влезе во историјата: Лансирана е првата комерцијална роботска такси-услуга во Европа


Хрватскиот стартап Верна, во сопственост на хрватската групација Римац, ја лансираше првата комерцијална роботска такси услуга во Европа во среда, 8 април, во Загреб. Корисниците кои првпат се пријавиле на листата на чекање сега можат да резервираат и да платат за автономни возења преку апликацијата Верне. За возење се користат електрични возила опремени со автономен […]

Радев ја моделира политичката волја во Бугарија преку дигитална манипулација


Румен Радев собрал 90 милиони прегледи на TikTok преку мрежи чие однесување е тешко да се објасни со органска активност, според извештај за координирана манипулација на изборите во Бугарија, цитиран од EUobserver. „Информатичката средина во Бугарија веќе е обликувана од сили што никој не ги контролира или истражува, и никој не брза да ги разбере“, […]

Србија и Израел отвораат заедничка фабрика во близина на Белград: Ќе произведуваат два вида дронови


Израелскиот весник „Хаарец“ пишува дека фабриката за производство на дронови што Александар Вучиќ ја најави пред неколку недели всушност ќе биде заеднички проект меѓу Израел и Србија. Фабриката ќе биде во заедничка сопственост на „Елбит Системс“ и главниот државен производител на оружје во Србија, СДПР. „Елбит Системс“ и СДПР планираат да произведуваат два вида дронови […]

Ќе се изненадите што јадел синот на Трамп во Бања Лука (не се ќебапи, ниту бурек)


  Бања Лука – Доналд Трамп помладиот, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера ја посети Бања Лука. Тој ја донесе со себе и својата свршеница, богатата припадничка од високото друштво,  Бетина Андерсон. Со зголемени безбедносни мерки, Трамп помладиот пристигна во Бања Лука со приватен авион директно од САД, а потоа се упати кон […]

Србија би можела да го ограничи извозот на храна


Србија би можела да го ограничи извозот на храна доколку глобалната криза продолжи, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Според Вучиќ, евентуалното ограничување на извозот нема да биде проблем за домашните земјоделци, бидејќи државата ќе го плати тоа. „Додека продолжува неодговорното однесување и ако видиме дека работите одат лошо во глобалните синџири на снабдување, ќе иницирам […]

Засилени безбедносни мерки во Бања Лука пред доаѓањето на Доналд Трамп Помладиот


Бања Лука – Во Бања Лука е забележано засилено присуство на безбедносните сили во пресрет на доаѓањето на Доналд Трамп Помладиот, син на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, според најавите, доаѓа на покана на Игор Додик. Околу Банскиот двор е воспоставена т.н. „стерилна зона“, при што никој нема да може да се приближи на помалку од […]