Секој втор туристички брод на Санторини затајувал данок


Даночни прекршувања во висина од 92.000 евра откриле инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) за време на ненајавените контроли спроведени на туристички бродови и катамарани што организираат целодневни или попладневни крстарења на грчкиот остров Санторини, при што биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, јави дописничката на МИА од […]

Почина Ведрана Рудан – жената со остар јазик


Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по долга и тешка борба со ракот. Веста за нејзината смрт за хрватскиот портал „Шоубаз“ ја потврдиле извори блиски до неа.   Утрово, на официјалниот профил на Рудан беше објавена кратка порака која навести дека таа починала. „Ведрана отиде на подрачје без сигнал“, стои во објавата.   Набргу […]

Инфлацијата во Албанија расте, во јули достигна 3,4 отсто


Во Албанија во јули инфлацијата достигна ниво од 3,4 отсто, што е второ последователно зголемување и е над целта од проектираните  3 отсто  на Централна банка на Албанија. Според државниот завод за статистика, ИНСТАТ, инфлацијата била 3,2% во јуни, додека во јули минатата година 2,5 отсто. На месечно ниво до крајот на јули, цените се […]

„Алпак капитал“ ги презеде во Србија Н1, ТВ Нова, Nova.rs, Радар, Данас: Сите директори се веднаш сменети


Сопственикот на компанијата „Алпак Капитал“, Педро Варгас Сантос Давид, денеска официјално е регистриран како директор на сите независни медиуми ANN, членки на „Јунајтед Груп“ во Србија, објави Н1 на сајтот. Во Агенцијата за деловни регистри, одлуките за назначување на сопственикот на „Алпак Капитал“ се донесени денеска, 17.08.2026 година. Михаило Јовиќевиќ, директорот на порталот и весникот […]

Во големиот пожар кај Омиш изгореа 106 возила и 28 куќи, ќе се бара прогласување природна непогода


Во пожарот што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи – соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан.  – Исто така, целосно изгореа и 45 пловила што биле […]

Турски „национални морски паркови“ ја налутија Грција: Нелегални се, вели Атина


Со претседателските декрети од 15 август, Турција прогласи два „национални морски паркови“ во североисточниот дел на Егејското море и Источниот Медитеран, кои се протегаат вон турските територијални води. Доколку овие паркови опфаќаат меѓународни води, нивното воспоставување е нелегално, бидејќи ниту една држава, нема право, согласно меѓународното право на морето, еднострано да воспоставува морски заштитени подрачја […]

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина


Безживотни тела на две лица биле пронајдени за време на гаснење на пожарот што избувна на грчкиот остров Саламина и брзо се прошири поради силниот ветер, а девет лица со изгореници се префрлени во болница, додека пак превентивно беа евакуирани шест населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од 15 минути избувнаа […]

Пожар во хотел во Валона, 5 лица на лекување во Тирана, еден пациент во критична состојба


 Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што  петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент […]

Силно невреме на Пелопонез, водата носела автомобили (ВИДЕО)


Силно невреме го погоди Пелопонез, предизвикувајќи за само неколку минути големи поплави и сериозен хаос во областа Мани. Поројната вода носела автомобили, поплавувала куќи и туристички објекти и оштетила патишта, а противпожарната служба добила десетици повици за помош. Во Итило, жена била погодена од гром додека била во автомобил и итно била пренесена во болница […]

Србија се бори со 39 пожари: Критично е кај Ковин и Краљево


Високите температури, сушата и силниот ветер повторно создаваат сериозни проблеми со пожарите во Србија, каде што во моментов се активни 39 пожари на отворен простор, пренесуваат српските медиуми. Најтешка е состојбата во Делиблатската Песочара, на територијата на општина Ковин, каде што пожарот зафатил површина од околу 3.000 хектари, претежно ниска вегетација и трева. На дел […]

Рама ги обвини опозицијата и алгоритмите за големиот одзив на протестите


Албанскиот премиер, Еди Рама, за британскиот „UnHerd“,  изјави дека протестите што се одржаа во последните месеци во Албанија повеќе не се исти како оние од јуни. Според него, во неодамнешните протести биле вклучени повеќе политички партии и опозициски групи, вклучувајќи ги и екстремните левичарски и десничарски сили. Рама вели дека, и покрај тензиите, е „многу […]

Митинг пред 100 илјади луѓе: Ердоган ја претстави визијата на владејачката АКП за следниот четврт век


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претстави визијата на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) за следниот четврт век, во говорот по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на партијата. Годишнината синоќа беше одбележана со голем митинг во паркот „Милет бахчеси“ во главниот град Анкара, на кој присуствуваа повеќе од 100.000 луѓе. Говорот на […]

Хрватските пожарникари објавија шокантно видео од самото средиште на пожарот кај Омиш


Доброволната противпожарна бригада Трогир објави видео од борбата со големиот пожар кој од областа Локва Рогозница се прошири кон Омиш и околните градови. На видеото се гледа како се гасне пожарот во непосредна близина на куќите, во самиот центар на пожарот каде ситуацијата била најтешка. Членовите на бригадата, заедно со бројни колеги, направија извонредни напори […]

Двоспратен автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија


Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, во инцидентот нема повредени. Автобусот на туристичката агенција Go2travelling, кој превезувал српски државјани на одмор во Кушадаси, излетал од патот во Бугарија, на околу 150 километри од Софија. Несреќата се […]

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин


Во рамки на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата и надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога на Република Северна Македонија, Косово и Грција, денеска беше реализирана координирана акција во Солун, при што е сузбиена меѓународна организирана криминална група. Во акцијата, како што информира Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО […]

Пожарот кај Херцег Нови се шири на фронт од 15 километри: Битката со огнената стихија влезе во третиот ден


Црногорските пожарникари, војниците и припадниците на Министерството за внатрешни работи трет ден се борат со големиот шумски пожар над Херцег Нови, кој под дејство на силниот ветер се прошири кон населените места и создаде огнен појас од околу 15 километри, објави Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ). И покрај тоа што ветерот брзо го менува правецот и […]

Мртво лице пронајдено по пожарот во близина на Омиш


Полицијата денес околу 13:30 часот пронашла мртво тело на едно лице додека вршела увид во опожарената површина, соопшти Сплитско-далматинската полиција. На местото на настанот ќе се спроведе истрага на лице место, предводена од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата. Не се објавени информации за идентитетот на починатиот или околностите на смртта. Повеќе детали треба […]

Хрватската опозиција почна постапка за гласање недоверба на Владата поради опасниот отпад во Госпиќ


– Социјалдемократската партија (СДП), најголемата хрватска опозициска партија, почна постапка за гласање недоверба на владата на Андреј Пленковиќ, соопшти Хрватската радио-телевизија (ХРТ). Опозициските партии бараат и итна вонредна парламентарна седница во текот на летната пауза, а медиумите шпекулираат дека претседателот Зоран Милановиќ размислува да ја свика. Иницијативата на СДП доаѓа по увојувањето низа политички и […]

По Ципрас, и Самарас се враќа на политичката сцена во Грција


Охрабрен од анкетите кои покажуваат дека неговата потенцијална партија не само што го надминува прагот од 3% потребен за влез во Парламентот, туку евентуално ќе освои помеѓу 5% и 10% од гласовите, и пркосејќи на ударот врз неговиот углед од неговото второ спротивставување на владејачката Нова демократија (НД) – во двата случаи резултат на лична […]

Огнена стихија на Балканот: Пожарникарите во Македонија, Хрватска и Грција спасуваа животи и куќи


Балканот се соочува со драматична и критична состојба откако разорни шумски пожари истовремено ги зафатија Хрватска, Грција и Македонија, предизвикувајќи масовни евакуации, повредени граѓани и огромна материјална штета. Силните ветрови и екстремните температури дополнително ја отежнуваат битката на противпожарните екипи на терен. Најдраматично изминатото деноноќие беше во Хрватска, каде што беа вложени надчовечки напори и […]