Детектирана 70 пати повисока радијација во Софија


Бугарија е во шок по откритието на радиоактивна контаминација во главниот град Софија. Министерот за енергетика, Трајчо Трајков, нареди итни мерки откако на поранешна локација за складирање изотопи во населбата Малинова Долина биле измерени нивоа на зрачење кои се меѓу 10 и 70 пати повисоки од нормалното. Мерењата се направени директно над земјата, а резултатите […]

Снег на Златибор и Копаоник


Златибор и Копаоник осамнаа утрово под снегот што сè уште вее. На Копаоник, во 7 часот, температурата беше измерена на минус 3 степени. Во моментот во Златибор е нула степени . Невообичаено студено време за ова време од годината е забележано во сите делови на Србија, во пресрет на Први мај, па на некои места […]

Опозициската коалиција во Бугарија ПП-ДБ се подели на две групи


  Центристичката коалиција во Бугарија „Продолжуваме со промената  и Демократска Бугарија“ ќе регистрираат две парламентарни групи во новото собрание. Барањето за ова го поднесе ПП, а партиите на ДБ ја опишаа одлуката на своите колеги како „сериозна политичка грешка“. „Она што стана јасно е дека очигледно ќе бидат регистрирани две парламентарни групи. Она што им […]

Сараево: Дојава за поставена бомба во училиште, извршен е увид без евакуација на учениците и персоналот


  Основното училиште „Ковачиќи“ во Сараево доби дојава за бомба, што е продолжение на сценарио кое се случува веќе неколку дена во бројни јавни институции. Како што ни беше кажано од МУП на Сараевскиот кантон, протоколот се почитува, а контрасаботажната инспекција е извршена без евакуација. Да напоменеме дека слично известување пристигна синоќа во трговскиот центар […]

Демонтирани лажни кол-центри во Албанија, жртвите оштетени за најмалку 50 милиони евра


Се верува дека криминалната мрежа, за која се вели дека управува со неколку кол-центри во Албанија, предизвикала значителна финансиска штета, во вкупна вредност од најмалку 50 милиони евра. Кол-центрите биле професионално основани и организирани, потсетувајќи на легитимни деловни структури со јасна поделба на улогите и хиерархиско управување. Жртвите се привлечени од навидум легитимни онлајн инвестициски […]

Грчкиот министер призна безбедносни пропусти по пукањето во Атина


Секако дека постоеше безбедносен пропуст во судот, во смисла дека не постојат рендгенски апарати и персонал за контрола при влезот. Некој не си ја завршил работата како што треба, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервју за грчката телевизија „Action 24“, говорејќи за вчерашниот вооружен напад во Службата за социјално […]

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија


Во периодот од 2014 до 2024 година, во Србија имигрирале 167.244 странски државјани од кои само во 2024 година дошле 34.155 странци. Од тој број, најголем број се руски државјани кои имигрирале во Србија – околу 17.000. Според податоците на Републичкиот завод за статистика, значително повеќе странци дошле во Србија отколку што ја напуштиле. Имено, […]

Предвремени избори на Косово, Парламентот не успеа да избере нов шеф на државата


 Косово се насочува кон нови предвремени избори, откако Парламентот не успеа во предвидениот рок да избере нов претседател на државата. Синоќа на полноќ истече рокот што Парламентот го имаше за избор на шеф на државата. Мандатот на претседателката Вјоса Османи истече на почетокот на април, а премиерот Албин Курти не успеа да обезбеди поддршка од […]

Србија му даде државјанство на внукот на Кадиров. По пет дена му го одзеде


  Владата на Србија му го одзеде српското државјанство на Јакуб Салманович Закриев, роднина на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој беше српски државјанин само пет дена, јави Н1. Повикувајќи се на Законот за општа управна постапка и Законот за влада, српскиот премиер Ѓуро Мацут денес потпиша одлука со која му се одзема српското државјанство на […]

Швајцарскиот претседател се понуди да посредува меѓу Белград и Приштина


  Првата официјална посета на швајцарски претседател на Србија по 18 години одекна со неочекувано силни политички пораки. Дводневната официјална посета на Белград од страна на швајцарскиот претседател Ги Пармелан дојде во време кога на српската политичка сцена, од страна на политичките ривали на Александар Вучиќ, се тврди дека српскиот претседател е сè повеќе изолиран […]

Хрватска и Босна потпишаа договор за гасовод кој ќе ја намали нивната зависност од Русија


 Хрватска и Босна денеска во Дубровник потпишаа договор за изградба на важен гасен интерконектор, спонзориран од Вашингтон, кој се очекува да му овозможи на Сараево да ја намали својата енергетска зависност од Русија – нивниот единствен снабдувач со гас во моментов. Гасоводот ќе ја поврзе босанската мрежа со терминал за течен гас на хрватскиот остров […]

Новите правила за прва помош во Грција одложени за 2027 година


Грчките власти донесоа одлука за одложување на примена на новите, построги барања за содржината на автомобилските аптеки. Според информациите објавени во грчкиот „Службен весник“, обврската за поседување на новото прва помош опрема стапува на сила од 1 јануари 2027 година. Првичниот план предвидуваше овие правила да почнат да се применуваат многу порано, но одлуката за […]

Грција го зголеми бројот на „недопирливи“ плажи за лежалки и барови


Грција го зголеми бројот на плажи на кои забранува лежалки, гласна музика и водни спортови за да ја заштити својата природна убавина. Грчките министерства за финансии и животна средина во заедничка изјава оваа недела изјавија дека го зголемуваат бројот на своите „недопрени плажи“ на 250. Плажа со статус на „недопрена“ во Грција значи дека се […]

Бурни реакции во Босна на картата објавена на собир во Загреб


  Министерството за надворешни работи на БиХ вчера испрати протестна нота до Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, изразувајќи го своето незадоволство од собирот одржан во Загреб минатиот викенд, на кој беше презентирана идејата за воспоставување „трет ентитет“ во БиХ. Во нотата, до која Хина имаше пристап, се наведува дека Министерството за надворешни […]

Војната на Блискиот Исток го разнишува туризмот во Западен Балкан


Иако се далеку од настаните на Блискиот Исток, туристичките сектори на балканските земји не се имуни на актуелната криза. Од откажани аранжмани до намален интерес за патување, некои веќе ги чувствуваат последиците, додека други се надеваат дека ќе привлечат туристи кои претходно планирале да патуваат на други дестинации. Секоја криза најпрво го погодува туризмот, а […]

Патот Евзони – Солун конечно станува автопат


Проблематичната делница меѓу граничниот премин Евзони и Солун, која со години важеше за една од најопасните точки за возачите, конечно се трансформира. Грчките власти започнаа обемен инфраструктурен проект за целосна реконструкција и проширување на овој пат во современ, безбеден автопат. Оваа рута е клучна копнена врска за патниците од целиот Балкан кои патуваат кон Солун, […]

Грчки министри против Ковеси, ја обвинија дека користи тактики од времето на Чаушеску


АТИНА — Десничарската владејачка партија во Грција тргна во офанзива против главната европска обвинителка Лаура Ковеси во врска со нејзината истрага за масовниот корупциски скандал во Атина во кој се вклучени стотици милиони евра од земјоделските фондови на ЕУ. Членовите на конзервативната партија Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис се тесно поврзани со истрагата на […]

Неколку повредени лица во напад на вооружен маж во Службата за социјално осигурување и во Апелацискиот суд во Атина


Маж на 89-годишна возраст, вооружен со ловечка карабина, претпладнево влетал во објект на Националниот фонд за социјално осигурување на Грција (ЕФКА) во атинската населба Керамикос, при што пукал и ранил вработен во службата, а веднаш потоа влетал и во Апелацискиот суд, каде што исто така пукал и повредил најмалку три лица, јави дописничката на МИА […]

Српските автопати како руски рулет: Дали возењето во спротивна насока е ТикТок предизвик или фатална грешка?


Заминаа за Словенија преку апликација за транспорт, а во близина на Рума отидоа во смрт. Црн понеделник на новиот автопат Шабац-Рума. Во страшен директен судар што се случи вчера околу 13 часот, четири лица го загубија животот, додека лекарите од белградскиот Итен центар се борат за животот на младиот В.М. (22). Билансот на несреќата е […]

Цените во Грција исти или пониски од кај нас


Цените на дел од овошјето и зеленчукот во Грција, во пик на глобална борба со инфлацијата, се исти или дури и пониски од оние во Македонија. Килограм домати се продаваат по 140 денари а килограм јаболка чини 110 денари, исто како и кај нас , пишува Порталб. Во пресрет на годинешната летна сезона , дел […]