Тирана се правда пред Брисел, нема проект и градежни работи за ресортот на Кушнер


Министерството за животна средина на Албанија ги демантира вестите што кружат во медиумите во врска со туристичкиот проект во областа Зврнец, дека министерот Софјан Јаупај ја информирал Европската комисија дека овој проект е стопиран. Албанска владина Агенција за медиуми и информации (МИА),  објави соопштение на Министерството за животна средина, во кое стои дека за време […]

Уште еден посилен земјотрес на Евија – затворени училиштата


Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди морското подрачје северно од островот Евија во близина на Атина, Грција рано наутро во понеделник, соопштија властите. Нема пријавени повредени или материјална штета. Според Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија во Атина, земјотресот се случил во 5:13 часот наутро по локално време, а епицентарот бил на 9 […]

ЕУ го предупреди Рама за проектот поврзан со Кушнер


  Европската комисија ја предупреди Албанија против дејствија што можат да влијаат на нејзиниот пат кон пристапување кон ЕУ, во услови на тековни национални протести поради проект за развој поврзан со Џаред Кушнер на јужниот брег на земјата. Националните протести влегоа во својот седми ден по ред во неделата, бидејќи Албанците побараа откажување на луксузното […]

Партијата Самоопределување на Албин Курти води со над 43 проценти на изборите во Косово


Левичарското националистичко движење Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти води со освоени нешто на 43 проценти од гласовите на вчера одржаните избори. Станува збор за нецелосни прелиминарни резултати од вчера одржаните предвремени парламентарни избори. Податоците засега ги опфаќаат само гласовите од територијата на Косово. Гласањето во дијаспората по пошта и во дипломатските претставништва на Косово […]

Предупредување од ЕК до Албанија: Спорниот туристички проект може да го загрози патот кон членството


Европската комисија ја предупреди Албанија дека контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, би можел да влијае врз нејзиниот напредок на патот кон членство во Европската Унија, објави Ора њуз, повикувајќи се на Политико. Предупредувањето доаѓа во период кога во Албанија повеќе дена […]

Според излезните анкети најмногу гласови на изборите во Косово доби Самоопределување


Гласачките места во Косово се затворени, а според излезните анкети на вонредните парламентарни избори најголем број гласови доби движењето Самоопределување. Самоопределување освои 42,3 проценти од гласовите, Демократска партија на Косово-21,6 отсто, а Демократскиот сојуз на Косово – 17,3 проценти. Овие резултати се без гласовите од дијаспората, која гласаше во амбасадите и конзулатите, како и без […]

Рама остро ги критикуваше демонстрантите и им порача дека проектот во Зврнец ќе се гради по секоја цена


Албанскиот премиер Еди Рама во својот подкаст „Фласим“ (Зборуваме), остро ги критикуваше демонстрантите кои веќе седум дена протестираат против проектот во Зврнец, порачувајќи им дека нема отстапки околу реализацијата на истиот, бидејќи станува збор за инвестиција од стратешко значење за Албанија. Според него меѓу демонстрантите има инфлуенсери и луѓе кои живеат од социјалните мрежи,  предупредувајќи  […]

Два земјотреса регистрирани на Евија


 Два последователни умерени земјотреса денеска се регистрирани на грчкиот остров Евија. Првиот земјотрес бил со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот со 5,2 степени, со епицентар во северниот дел на Евија. Земјотресите биле почувствувани и во Атина, околу 130 километри оддалеченост од епицентарот. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална […]

Во Албанија се помасовни протестите против Зврнец, се проширија и во дијаспората


Се помасовни се протестите во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во Зврнец и островот Сазан. Во Тирана синоќа на главниот плоштад се одржа седмиот по ред протест, на кој четири часа учесниците го изразуваа своето противење за проектот, порачувајќи дека „Албанија не е на продажба”. Учесниците меѓу кои и културни работници дури и новинари, […]

Вонредни парламентарни избори во Косово


Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата, кој го избираат пратениците во парламентот. Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. […]

Секој трет албански граѓанин не може да си дозволи еднонеделен одмор, да плати кирија или сметки


Околу 35 отсто од албанските граѓани или секој трет не можат да си дозволат основни трошоци како што се наем, сметки за комунални услуги, еднонеделен одмор далеку од дома или купување нова облека. Податоците на Евростат покажуваат дека Албанија останува меѓу земјите со највисоко ниво на материјална и социјална немоќ во Европа. Неможноста да се […]

Нападнат турски брод во Црно Море, еден морнар загинал, а четворица се повредни


Турската крајбрежна стража соопшти дека вчера во близина на северниот брег на Црно Море нападнат е еден турски брод, при што еден морнар загинал, а четворица се повредни. Бродот „Дуру 67“ нападнат е западно од Севастопол на Крим. Сè уште никој не презел одговорност за нападот.

Мерц: Србија мора да избере помеѓу Европската Унија, Русија и Кина


  Во петокот, на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, европските лидери ја потврдија својата посветеност на проширувањето на ЕУ и ѝ порачаа на Србија дека нејзиниот напредок кон членство зависи од спроведувањето на реформите и усогласувањето со европската надворешна политика, односно дека Белград мора да избере помеѓу Европа, Русија и Кина. На денешниот […]

Рама фрустриран: „Да не беше Џаред, немаше да им е гајле.“


ТИВАТ, Црна Гора — Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли растечките протести против планираниот луксузен ресорт како политички набиена кампања поттикната од критичарите на американскиот претседател Доналд Трамп, инсистирајќи дека проектот не претставува ризик за фламингата и другиот див свет. Албанците излегоа на улиците во последните денови за да протестираат против плановите на зетот на […]

ЕК бара од Бугарија да го смени рамниот данок бидејќи е „неправеден“


Европската комисија го опиша рамниот данок на Бугарија како „неправеден“ и препорача да се направат измени во нивниот даночен систем. Препораката е дел од извештајот од Брисел оваа недела, по што стана јасно дека Комисијата има намера да покрене постапка за прекумерен дефицит против Бугарија. Се нагласува дека рамниот данок од 10% на доход, без […]

Америка ѝ се закани на Европа поради Босна и Херцеговина


  Администрацијата на САД ги обвини европските земји дека се одговорни за фактот што сè уште не е избран нов висок претставник за Босна и Херцеговина, истовремено предупредувајќи дека ќе ги преиспита своите постапки во земјата како резултат на тоа. Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во Босна и Херцеговина не успеа да […]

Рама до лидерите на ЕУ: Имате нов „Хелмут Кол момент“


Премиерот на Албанија Еди Рама, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, рече дека земјите од Западан Балкан треба да бидат дел од „масата“ на ЕУ, и дека секој кој испорачал во реформите, да стане полноправен член. „Имате нов „Хелмут Кол“ момент. Големиот лидер на Германија по падот на Берлинскиот ѕид не им рече на Источните […]

Вучиќ се гушкаше со Радев во Црна Гора


Српскиот претседател Александар Вучиќ лично сподели фотографии од средбата со бугарскиот премиер Румен Радев. На нив се гледа како двајцата се прегрнуваат пред разговорот на Форумот за Западен Балкан во Тиват, Црна Гора. „На неформалната вечера во Котор, разговарав со бугарскиот премиер Румен Радев, во пресрет на утрешниот самит меѓу лидерите на Европската Унија и […]

Кој загина во падот на авионот кај Пула? Меѓу жртвите и австриски бизнисмен


Меѓу четирите жртви на несреќата е претприемачот од Источен Тирол, Валтер Пондорфер, како што потврди неговата компанија за австрискиот весник „Кроне“. 65-годишникот се сметаше за еден од најпознатите пионери на забавните паркови во Австрија и стекна меѓународен углед со својата компанија Funtime. Пондорфер ја основа компанијата на почетокот на 1990-тите и разви спектакуларни адреналински возења […]

Од заштитен парк до игралиште на Трамп: Како Албанија го приватизира своето крајбрежје?


Постои нешто длабоко откривачко во аргументот што се повторува секој пат кога друго заштитено подрачје во Албанија се предава на инвеститори во луксузни недвижности: „Албанците никогаш не отат таму“. Некои го кажаа тоа за островот Сазан кога албанската влада даде прелиминарно одобрение за Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, да ја трансформира областа во луксузно […]