Стотици луѓе од ХРТ сакаат да заминат со отпремнина од 160.000 куни


Каква е состојбата во Хрватската радио-телевизија најдобро се гледа и слуша гледајќи ја телевизијата и програмата на радиото. Но, и претходно доаѓаа информации за ситуацијата во јавниот сервис и давани беа разни изјави – интерни, службени или неслужбени, протести и бунт на вработените. Иако од тоа во последно време има се помалку, што се случува […]

Вучиќ: Нема предвремени парламентарни избори во Србија


Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС) на денешната седница донесе одлука да не иницира распишување предвремени парламентарни избори, соопшти вечерва партискиот лидер и актуелен претседател на Србија, Александар Вучиќ. По завршувањето на седницата Вучиќ им се заблагодари на членовите на Претседателството затоа што „речиси едногласно, со два гласа против“, го поддржале неговиот став дека […]

Јункер: Поставуваме темели за ново проширување на ЕУ


Државите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за членство во ЕУ и затоа мора да поставиме темели за ново проширување на Унијата, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. – Перспективата за членство што ја заслужуваат земјите од Западен Балкан нема да биде спроведена во пракса за мојот мандат на чело на Европската комисија, но мораме […]

Новиот канал кај Босфорот ќе чини над 14 милијарди евра


По изградбата на мостот „Султан Селим“ преку Босфорот, Турција подготвува нов мега проект – прокопување на вештачки канал кој ќе ги поврзе Црното и Мраморното Море. Според дневниот весник „Сабах“, претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја промовирал изградбата на каналот кој првпат го најави во 2011 година, а за кој се очекува да чини над 14 […]

Грчката православна црква не прифаќа име што ќе го содржи терминот Македонија


Светиот синод на Грчката православна црква по дводневната седница, го повтори ставот дека не прифаќа терминот Македонија или било каков друг изведен збор да биде вклучен во името. Смета дека името на државата ќе има влијание и врз името на како што велат „расколничката самопрогласена македонска црква“, а според грчката ТВ ЕРТ, Светиот синод ќе […]

Патријарх Иринеј: Србите да му благодарат на Бога за Вучиќ


Патријархот на Српската православна црква Иринеј, изјави синоќа во Бања Лука дека Србите треба да му бидат благодарни на Бога што им подарил човек каков што е претседателот Александар Вучиќ кој „лавовски се бори“ за српскиот народ. – Му благодариме на Бога што ни подари човек кој лавовски се бори за српскиот народ, и посебно […]

На американската црна листа 37 Албанци, тројца од Македонија


На списокот непожелни личности на кои им е забранет влез во САД се наоѓаат 33 Албанци од Косово, како и тројца од Македонија и еден од Албанија. Ова го наведува приштинскиот весник „Бота сот“ во написот „Црна листа: Ова се политичарите од Косово кои не може да патуваат во Америка“. Написот почнува со тоа дека […]

Харадинај чека американска виза


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не добил одговор на барањето за американска виза што го поднесе неговиот кабинет. „Мојот кабинет поднесе барање за виза. Има повеќе настани во САД на кои сакам да присуствувам. Не добив одговор“, рече Харадинај. Косовскиот премиер вели дека бил повикан на молитвен појадок и дека кога ќе добие виза […]

Се подготвува мјузикл за животот на Слободан Милошевиќ


Во белградското народно позориште се подготвува мјузикл за семејството на Слободан Милошевиќ и неговот семејство. Во фокусот на оваа претстава ќе биде периодот од деведесетите и владеењето на Милошевиќ се до негвото апсење во Хаг. Претставата ќе биде во изведба на Српското народно позориште од Грачаница. Автор на текстот и песните е Јелена Богавац, а […]

Хојт Ји поднесе оставка


Заменик-помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји поднесе оставка од функцијата, соопшти денеска Стејт департментот. Хојт Ји, за напуштањето на функцијата ги известил неговите колеги во американското Министерство за надворешни работи. Тој на позицијата беше назначен во 2013 година. Според непотврдени информации, за негов наследник ќе биде назначен некогашниот […]

Бугајски: Русија ги раскарува земјите од Балканот по системот „раздели па владеј“


Москва со пропаганда и провокации ќе продолжи да создава тензии меѓу Црна Гора и Србија и сите соседи на Балканот, оценува американскиот аналитичар Јануш Бугајски во интервју за подгоричка „Побједа“ Истражувачот на вашингтонскиот Центар за анализа на европската политика предупреди дека Москва ќе се обиде „од сите билатерални спорови во земјите во Југоисточна Европа да […]

Тачи апелира на ратификација на договорот за границата со Црна Гора


Косовскиот претседател Хашим Тачи, побара договорот за демаркација на границата со Црна Гора да биде ратификуван во текот на овој месец. Наспроти тврдењето на новата државна комисија за определување на граничната линија дека Косово со првиот договор губи дел од својата територија,Тачи е категоричен дека истиот е праведен и треба да се ратификува. – Условот […]

(ВИДЕО) Вака во Србија се слави Божик: „Мамо, те молам“


Традиционално големиот верски празник Божик се слави во кругот на семејството, но ова српско семејство реши Божик да го прослави на малку поразличен начин. На снимката се гледа младо момче кое на своите сонародници им го честита големиот празник, но потоа ѝ се обраќа на својата мајка. „Браќа Срби и сестри Србинки, нека ви е […]

Пожар во Катедралата во Корча по богослужбата на која прсуствувал и претседателот Мета


Во православната катедрала во Корча „Воскресение Христово“, која се наоѓа во центарот на овој албански град, избувнал пожар веднаш по одржаната богослужба на која присуствувал и претседателот на Албанија, Илир Мета. Според албанските медиуми, пожарот се појавил во влезот на црквата, на местото каде што се палат свеќи. Веднаш интервенирала и противпожарната единица, која спречила […]

Косовски Албанци го блокираа влезот на манастирот во Ѓаковица на Бадник


Група косовски Албанци го блокираа денеска во Ѓаковица пристапот до манастирот „Пресвета Богородица“, иако српските верници ја откажаа најавената посета поради закани и безбедносната ситуација, напиша отецот Сава Јањиќ на својот фејсбук-профил. Четири монахињи останале заклучени во манастирот, литургија не била служена, ниту можел некој да донесе бадникови гранчиња. – Наводните мирни протести се само […]

Вучиќ: Хојт Ји е суров професионалец


Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за денешното издание на весникот „Курир“, говорејќи за надворешната политика, оцени дека официјалниот претставник на Стејт департментот Хојт Брајан Ји, „не и чита лекции на Србија, туку секогаш зборува во името на Стејт департментот“. – Ако ова е негово лично мислење, некој досега би го демантирал или би го […]

Србија: Пациент испаднал од амбулантно возило и починал на самото место (ВИДЕО)


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа кај Грделичката Клисура во Србија на магистралниот пат Врање – Ниш. Според српската полиција, во сообраќајната несреќа учествувале возило на Брзата помош и товарно возило марка „волво“. До трагедијата дошло кога возилото на Брза помош тргнало да претекнува камион, но во тој момент му наишол […]

Додик: Хојт Ји е руина од поранешната американска администрација


„Американскиот функционер Брајан Хојт Ји е руина од поранешната американска администрација, кој води антисрпска политика“, изјави денеска претседателот на Република Српска, Милорад Додик. „Таа политика беше софистицирана и прикриена, но верувам дека неговото време измина“, рече Додик за заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји. Претседателот на Република Српска, Милорад […]

Ципрас оптимист за спорот со името


Грчкиот премиер Алексис Ципрас повторно порача дека е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна. Смета дека годинава се отвора прозорец на можности за решение и потребно е да се донесат неопходни одлуки. Грчкиот премиер, како што јави дописникот на МИА од Атина, повторно јавно говори за спорот меѓу […]

(ВИДЕО/ФОТО) Силниот земјотрес што се почувствува во Скопје предизвика поголеми материјални штети во Црна Гора


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора. Утрово земјотресот во 10:46 часот се почувствува и во Скопје и северозападна Македонија. Епицентарот на земјотресот е лоциран на длабочина од 14 километри на седум километри од црногорскиот град Плав. „Овој земјотрес би можел да предизвика и извесни материјални штети во епицентралното […]