Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата


Владата на Словенија денеска воведе санкции против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.  Одлуката на словенечката Влада подразбира забрана за влез на претседателот на Република Српска во земјата, објави Н1 Љубљана.  Материјалот за оваа одлука го подготви Министерството за надворешни работи на Словенија.

ЕК одобри 33,7 милиони евра помош за кипарските Турци


Брисел – Европската комисија усвои Програма за помош на заедницата на кипарските Турци за 2025 година во износ од 33,7 милиони евра, наменети за поддршка на социо-економскиот развој и за олеснување на процесот на повторно обединување на Кипар.  Како што соопшти ЕК, оваа Програма за помош има за цел да поттикне зголемување на трговијата меѓу двете […]

Рама бара разрешување на градоначалникот на Тирана и измени на Уставот


Претседателот на владејачките албански социјалисти и кандидат за премиер, Еди Рама, на состанок на Националниот конгрес на партијата, побара итно отстранување од функцијата на Ерион Велиај, актуелниот градоначалник кој е во притвор поради корупција.     Како предлог за кандидат за градоначалник на главниот град на претстојните вонредни избори, ја предложи министерката за образование, Огерта […]

Минималната плата во Србија од 1 јануари ќе изнесува 64.554 динари (551 евро)


На денешната седница, Владата на Србија усвои одлука за редовно зголемување на минималната плата од 1 јануари 2026 година на 551 евро, што е зголемување од 10,1 отсто. Минималната плата ќе се зголеми на 371 динар по работен час и ќе изнесува 64.554 динари месечно. Пред тоа, минималната плата ќе биде вонредно зголемена од 1 […]

Грција денеска без возови поради штрајк на машиновозачите


Машиновозачите во Грција утрово започнаа 24-часовен штрајк поради отпуштањето на тројца нивни колеги од компанијата „Хеленик Трејн“, со што возовите во земјата денеска нема да сообраќаат, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот на машиновозачи на Грција соопштија дека компанијата „без никакво предупредување во август отпушти тројца искусни машиновозачи“ кои, според нив биле со […]

Десет раководители на турски медиумски холдинг уапсени при акција на обвинителството


Истанбул – Десет лица на раководни позиции во турскиот „Џан холдинг“, во чија сопственост се и водечките турски медиуми „Шоу ТВ“ („Show TV“), „Хабертурк“ („Habertürk“) и „Блумберг“ („Bloomberg“), беа уапсени при акција на турското Главно обвинителство во Истанбул, јави онлајн изданието „Хуриет“. Апсењата се по обвиненија за создавање организирана криминална група, измами и перење пари. […]

Во Брисел се очекува нова рунда од дијалогот Белград – Приштина


Белград – Во Брисел денеска е планирано одржување нова рунда од дијалогот на Белград со Приштина.  Делегацијата од Белград, предводена од директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија и главен преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ, синоќа пристигна во Брисел. Претходната рунда дијалог се одржа на 10 јуни, по што главниот […]

Поплавена Риека, водата навлегува во дуќаните


Обилниот дожд што падна во Риека ги поплави улиците денес околу 13 часот. Снимките што  ги поставуваат граѓаните, покажуваат како водата тече низ улиците, а поплавени се и некои деловни простории. Обилниот дожд поплави и автобус на „Автотролеј“. Директорот на Хидрометеоролошкиот завод, Иван Гитлер, порано денес на N1 зборуваше за најавената промена на времето, црвениот […]

Хрватска размислува за сопствена нуклеарна централа


Хрватското Министерство за економија размислува за изградба на сопствена нуклеарна централа наместо за можна соработка во изградбата на вториот блок од нуклеарната централа Кршко, пишува „Пословни дневник“. – Експертите ќе одлучат дали ќе бидат мали нуклеарни реактори или класична нуклеарна централа. Со изградба на електрана на сопствена територија, добиваме геополитички и безбедносен контекст. Ова е […]

ЕК одобри околу 788 милиони евра за Грција во рамките на механизмот САФЕ за зајакнување на одбраната


Атина – Износ што достигнува до 788 милиони евра се очекува да добие Грција од механизмот САФЕ, новиот финансиски инструмент на Европската Унија за обезбедување заеми за олеснување на зајакнувањето на европските одбранбени трошоци, пишува грчкиот весник „Катимерини“ и додава дека ЕК вчера ја одобри привремената финансиска помош за земјите-членки, јави дописничката на МИА од […]

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем


Повеќе од 630 лекари во Србија денеска, во отворено писмо, оценуваат дека ако државата ги злоупотребува и апси оние кои се грижат за повредените, таа ја злоупотребува и апси „самата идеја за несебично дејствување и значењето на меѓучовечкото разбирање“. Во отворено писмо, што го објави порталот Н1, лекарите наведоа дека кога полицијата извршила „демонстрација на […]

Метрото, трамваите и неколку автобуски линии во Атина секоја сабота ќе сообраќаат 24 часа


Почнувајќи од оваа сабота и секоја сабота, метрото, трамваите и десет автобуски линии во Атина ќе сообраќаат 24 часа, а не само до полноќ како што беше случај досега, со цел младите безбедно да се врата дома без автомобили. Алтернативниот министер за транспорт и инфраструктура на Грција, надлежен за јавниот превоз Константинос Киранакис преку видео […]

Манфред Вебер иницира преиспитување на членството на партијата на Вучиќ во ЕПП


Првиот човек на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер соопшти дека иницирал постапка за преиспитување на членството во семејството на европските партии на десниот центар на Српската напредна партија (СНС), чиј донеодамнешен лидер беше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.  – ЕПП не затвора очи пред тоа што се случува во Србија, изјави Вебер најавувајќи дека […]

Градоначалниците на Атина и Витлеем повикаа веднаш да прекине војната во Газа


Децата во Газа гладуваат и сакам од овде, заедно да испратиме порака до целиот свет дека оваа војна треба да престане, оваа војна треба да заврши. Сега, не утре, порача градоначалникот на Витлеем, Махер Никола Канавати на денешната прес-конференција во општина Атина, што ја организираа заедно со атинскиот градоначалник Харис Дукас. Витлеем и Атина се […]

Иднината на партијата на Вучиќ во ЕПП ставена под прашалник


  Иднината на Српската напредна партија (СНС) во рамките на Европската народна партија (ЕПП) ќе биде предмет на додатни расправи во наредните денови, изјави во Стразбур Манфред Вебер, претседател на пратеничката група на ЕПП во Европскиот парламент. Тој пред пленарната сесија на Европскиот парламент изјави дека ЕПП внимателно ја следи ситуацијата и политичките случувања во […]

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во јужниот дел на грчкиот остров Евија – почувствуван и во Атина


Атина – Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран 27 минути по полноќ во јужниот дел на грчкиот остров Евија, а беше почувствуван во целиот дел на областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот бил на пет километри северозападно од местото Неа Стира на […]

„Имаме проблем во Белград“: Марта Кос остро одговори на навредите на Вучиќ


  Еврокомесарката Марта Кос остро реагираше на навредите што српскиот претседател Александар Вучиќ ги упати до членовите на Европскиот парламент, кои се појавија на протестот во Нови Сад во петокот. Таа рече дека ваквите напади откриваат „сомнително разбирање на демократијата“ и јасно стави до знаење дека Србија со вакви потези дополнително го урива својот меѓународен […]

Росен Жељасков ја чека Црна Гора како 28. членка на ЕУ


  Бугарскиот премиер Росен Жељасков во понеделникот ѝ посака на Црна Гора да стане 28. членка на ЕУ и достојно да го замени Обединетото Кралство со својот придонес во Европската Унија. Ова се случи за време на првиот ден од неговата посета на Подгорица и за време на потпишувањето на меѓувладините документи. Од прогласувањето на […]

Хрватска планира да забрани продажба на разладен алкохол – најмногу ќе настрада пивото


Министерството за економија подготвува измени на законот за трговија со што би им дале на локалните самоуправи можност да ја забранат продажбата на алкохол, особено разладен алкохол. Тие засега не сакаат официјално да ги соопштат информациите, но неофицијални извори од Министерството потврдуваат за Index дека измените на законот планираат да ја воведат токму оваа промена. […]

Студентите повторно на улица: Голем протест „Индексот е посилен од палката“ започнува во Белград


Студентите на блокадата денес организираат голем протест во Белград. Собирот започна пред зградата на Владата на Србија во 14 часот, а потоа студентите ќе се упатат кон Палатата на правдата. Студентите на блокадата најавија нов голем протест во Белград за денес поради полициската репресија во Нови Сад. Студентите објавија илустрација од планот на протестот на […]