Штрајк на вработените во „Ер Франс“, откажани повеќе летови


Француската полиција за разбивање демонстрации денеска употреби бибер спреј против вработени во компанијата „Ер Франс“, кои за време на протестот се обидоа да упаднат на терминал на парискиот аеродром „Шарл де Гол“. Поради штрајкот на вработените на „Ер Франс“, кои во седиштето на компанијата на аеродромот протестираат за зголемување на платите, се откажани повеќе летови, […]

Јункер: Неопходни се неколку милијарди евра за заштита на границите на ЕУ


Граѓаните на ЕУ како примарна задача ја дефинираат заштитата на границите, а за тоа се неопходни неколку милијарди евра во следните години, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на средба посветена на идниот буџет на Унијата, организирана од Центарот за европски политички науки во Брисел, Тој соопшти дека ЕУ обезбедила заштита за трпати повеќе […]

Схинас: ЕК сака да внесе динамика во односите со Западен Балкан


Цел на претстојната посета на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на земјите од Западен Балкан ќе биде на нивните лидери да им ја претстави Стратегијата на ЕК, но и обновата на динамиката и интересот на ЕУ за регионот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас. – Основна порака на посетата ќе биде суштината на […]

Земјотрес регистриран на Закинтос


Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран западно од грчкиот остров Закинтос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика. Епицентарот на земјотресот бил во Јонско Море западно од Закинтос, на длабочина од пет километри. Се уште нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета. Закинтос е познат по честите земјотреси […]

Рот до Македонија и Грција: Не ставајте црвени линии, решете го спорот


Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот им порача на Македонија и Грција да не поставуваат црвени линии и да направат се за да го решат спорот околу името, предупредувајќи на ризикот од испуштање на моменталната шанса. „Мошне сум задоволен од гестовите во рамки на мерките за градење доверба кон земјата, […]

Каменос: Ќе направам се за да не се даде името Македонија


Коалицискиот партнер во грчката влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, не се согласува со тоа како владата го води прашањето со името и ќе направи сѐ за да не се даде терминот Македонија. На расправата во грчкиот парламент за случајот со фармацевтската компанија „Новартис“, Каменос го спомена и прашањето со […]

Маж фрли бомба пред Амбасадата на САД во Подгорица и се самоуби (Видео)


Непознато лице синоќа фрли експлозивна направа врз Амбасадата на САД во Подгорица, а потоа со бомба се самоуби пред дипломатското претставништво. Во инцидентот не е оштетен објектот, но сепак полицијата го блокирала булеварот пред Амбасадата на САД. По експлозијата Амбасадата на својата интернет-страница ги предупреди граѓаните да го избегнуваат реонот. Мотивот за нападот се уште […]

Ратификацијата на границата во рацете на Српска листа


Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, за утре во 11 часот закажа седнца на која на дневен ред е Ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Врз основа на изјавите од политичките субјекти застапени во законодовниот дом, обезбедени се 78 гласови и тоа оние на Демократската партија, Демократскиот сојуз, Алијансата за иднината […]

По престрелката во училиште, Американците протестираат за промена на законот за оружје


Американските ученици и нивните родителите деновиве почнаа масовни протести против слободната продажба на оружје со барање до законодавците да се направи итна ревизија на Законот за да запре крвопролевањето по училиштата, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Гневот се обнови после минатонеделната престрелка во средно училиште во Паркленд, недалеку од Мајами, кога загинаа 15 ученици […]

Амбасадата на САД „разочарана“ од изјавата на Рама


Амбасадата на САД во Тирана соопшти дека е разочарана од изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можноста од обединување на Косово и Албанија. Американската Амбасада ја оцени изјавата на Рама како „невнимателна реторика“. – Амбасадата на САД е разочарана од изјавата на премиерот Рама за Косово и Албанија по повод 10-годишнината од независноста на […]

Уште првиот ден „заглави“ автобусот од кампањата против Брегзит


Автобусот, кој во рамки на кампањата против Брегзит, денеска ја почна осумдневната турнеја по Велика Британија, уште првиот ден „заглави“ во споредна улица во Лондон. Заговорниците за останување на Велика Британија во ЕУ појдоа денеска од пред зградата на британскиот Парламент на турнеја со голем, црвен автобус, како симбол на противење на планираното излегување на […]

Во Хрватска црвен метеоаларм, во делови на РС прогласена вонредна состојба


Црвен метеоаларм за денеска и утре е прогласен за Кварнер и Велебитскиот канал во Хрватска, пред се поради силниот североисточен ветар, чии удари ќе достигнат до 150 километри на час. – Времето е многу опасно и подразбира големо ниво на опасност за здравјето, па дури и по ќивотот, посебно за крајбрежното население, се наведува во […]

Платите на вработените во „Фолксваген“ ќе се зголемат за 4,3 отсто


Платите на околу 120.000 вработени во германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ ќе бидат зголемени за 4,3 отсто од мај оваа година, соопшти синдикатот ИГ Метал по постигнатиот договор со раководството. Покрај тоа, предвидена е и субвенција од 100 евра во април, а од август 2019, вработените ќе имаат годишна исплата која изнесува 27,5 отсто од […]

Хрватскиот државен секретар кој си даде оставка е со невработена сопруга и два кредити (ВИДЕО)


Балканските медиуми се импресионирани од потегот на хрватскиот државен секретар кој на сред прес конференција си поднесе оставка. Разочаран од моменталната ситуација во Хрватска, триесет и двегодишниотот Марин Стрмота изјави: „По една година и четири месеци во Владата, како демограф и еден млад човек, мислам дека ова не е доволно сериозно, а денес се откажувам […]

Лавров ја повика сириската влада да разговара со етничките групи


Сириската Влада треба да се раководи од принципот за суверенитет над територијата на својата земја и да води дијалог со претставниците на сите етнички групи, вклучувајќи ги и Курдите. За возврат, етничките групи кои живеат во Сирија треба да го почитуваат територијалниот интегритет на земјата, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за […]

Европа ја очекува суша и големи поплави


Научници од универзитетот Њукасл предупредуваат дека времето во Европа ќе стане уште поекстремно. Како што објави денеска „Скај њуз“, научниците прогнозираат дека во наредите децении Европа ја очекуваат голем број на жешки бранови, многу повеќе суша, но и големи поплави. Париз, кој неодамна беше зафатен од големи поплави, нема да биде единствениот европски град кој […]

Мицотакис: Не е само името, туку и ирендетизмот, учебниците и Уставот


Пакет решение за сите прашања, бара лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Мицотакис, во интервју за „Политико.еу“, вели дека Грција треба да прифати договор само ако Скопје го промени Уставот и ги отфрли иредентистичките тврдења. – Потребно е да биде пакет договор. Сите прашања […]

Дачиќ и Лавров против изборот „или сте со нас или против нас“


Во пресрет на денешната посета на Белград, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во заеднички текст со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во „Руска газета“ и во „Политика“ се изјаснија против наметнувањето на изборот „или сте со нас или против нас“. – Нашата меѓусебна соработка е особена, заради взаемното почитување на изборот на […]

Грчкиот парламент решава за вмешаните политичари во аферата „Новартис“


Парламентот во Атина, по предлог од грчката влада, денеска расправа за формирање прелиминарна предистражна комисија за десеттемина политичари, кои се вмешани во случајот со фармацевтската компанија „Новартис“. Владејачкото мнозинство предложи да се формира специјална парламентарна комисија која ќе ја истражи надлежноста на парламентот, за тоа дали да ги гони или не политичарите за мито, корупција […]

По притисокот од Турција, Сараево му го одзеде признанието на Орхан Памук


Градската управа на Сараево под притисок од Турција ја повлече одлуката на писателот Орхан Памук да му се додели признание почесен граѓанин на Сараево, пишува британскиот весник „Гардијан“. Признанието почесен граѓанин оваа година требаше да му се врачи на Орхан Памук, но тоа, според зборовите на некои градски советници, нема да се случи. Причината, според […]