(Видео) Снегот ги претвори црногорските плажи во скијачки терени


Снегот кој ја прекри речиси цела Црна Гора ги израдува граѓаните и на приморските градови, а на социјалните мрежи се појавија видеоснимки од граѓани кои скијаат по снегот на Велика плажа во најјужниот црногорски град Улцињ. Снимката е објавена на Фејсбук, а на неа се гледа како автомобил влече двајца скијачи по снегот кој ги […]

„Блиц“: Синот на Ратко Младиќ кандидат за претседател на Република Српска


Дарко Младиќ, син на поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, е еден од можните кандидати на владејачкиот Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик за претседател на Република Српска на претстојните избори, пишува „Блиц“, повикувајќи се на извори од врвот на партијата. Кандидатурата на Дарко Младиќ е во потесниот круг во […]

Јункер: Не дојдов во Црна Гора да давам празни верувања


Црна Гора има силна волја да влезе во Европската унија и нејзината судбина е во ЕУ, изјави денeска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во црногорскиот парламент. – За помалку од 12 години успеавте да поминете неверојатен пат, нагласи Јункер. Тој потсети дека државата е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на […]

Сефај: Интерпол ги укина потерниците за поранешните лидери на ОВК


Косовскиот министер за внатрешни работи Фламур Сефај тврди дека добил потврда од Интерпол дека таа организиација ги укинала потерниците по поранешни членови на ОВК кои Србија ги товари за воени злосторства. Сефај, пред парламентарната комисија за внатрешни работи, зборувал за барањето на Косово за членство во Интерпол, објави Газета Експрес. Тој рекол дека добил потврда […]

Пацоли: Дачиќ на Бурунди му понуди оружје за да го повлече признавањето на Косово


Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли тврди дека шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ им нудел на Бурунди оружје во замена за повлекување на одлуката за признавање на Косово. Ваквите тврдења ги деманираат и Дачиќ и неговиот колега од Бурунди Алан Аиме Њамитве. Пацоли рече дека нема да биде изненаден ако се појават и […]

Словенечката опозиција бара референдум за трошоците за членство во НАТО


Опозициската словенечка партија „Левица“ денеска предложи одржување референдум на кој гласачите би се изјасниле за високите трошоци за членството во НАТО. Тие предлагаат за предлогот да се дебатира во парламентот во април, а референдум би се одржал тие предлагаат да се одржи напролет, истовремено со парламентарните избори во јули, јавија словенечкитемедиуми. Според словенечкиот пратеник од […]

Казахстан го забрани рускиот јазик на владините состаноци


Казахстан дополнително се оддалечи денеска од некогашните политички покровители во Москва откако во сила стапи забраната за употреба на рускиот јазик на состаноци на Владата. Претседателот Нурсултан Назарбаев, кој ја води државата од 1989 година, има големи овластувања, ја воведе забраната ден претходно. Тој е единствен од времето на СССР кој се уште е на […]

Германски суд забрани движење на возила со дизел мотори


Сојузен управен суд во Лајпциг денеска дозволи воведување забрана за движење на возила со дизел мотори со цел намалување на штетните честички и гасови во германските градови. Судот со тоа ја отфрли жалбата на сојузните покраини Баден Вуртемберг и Северна Рајна Вестфалија каде управните судови одлучија градовите Штутгарт и Дизелдорф да може да забранат управување […]

ОН: Близу 20.000 Авганистанци принудно ги напуштиле своите домови


Конфликите во Авганистан принудија речиси 20.000 луѓе да ги напуштат своите домови од почетокот на годината, покажуваат податоците со кои располага ОН. Според Канцеларијата за координација на хуманитарните активности на ОН, 18.500 Авганистанци биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на годината или во просек по 385 луѓе дневно. Принудно иселување е регистрирано […]

Средба на Меркел со Вучиќ: Германија го поддржува патот на Србија кон ЕУ


Германија го поддржува патот на Србија кон членство во ЕУ, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по средбата во Берлин со српскиот претседател Александар Вучиќ. Според Меркел, преговорите за членство на Србија во ЕУ ќе бидат успешни само со натамошно спроведување на реформите во сферата на правната држава и со напредок по прашањето на односите […]

Бакојани: Пакет решение за името, а не решение на делови


Ставот на опозициската Нова демократија дека спорот со името не може да се решава во делови, туку само со едно пакет решение, уште еднаш го повтори поранешната министерка за надворешни работи на Грција, а сега пратеник Дора Бакојани. Во исто време, упати критики до грчката влада, за начинот на кој ги води преговорите. – Владата […]

(ФОТО/ВИДЕО) Балканот под снег: Мраз и минусни температури и на Јадранот


Студениот арктички бран проследен со минусни температури и силни ветришта го окова регионот на Балканот во снег и мраз, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и прекини во напојувањето со електрична енергија во одредени реони. Аеродромот во Подгорица, кој беше затворен за сообраќај, од претпладнево е повторно отворен, но сепак откажани се голем број летови. Црногорската метеоролошка […]

Подметната бомба пред локал на шефот на Интерпол во Подгорица


Експлозивна направа утрово е активирана пред угостителски објект во Подгорица, при што е предизвикана само материјална штета, но нема повредени луѓе. Според црногорските медиуми локалот пред кој е активирана бомбата е сопственост на шефот на Канцеларијата на Интерпол во Црна Гора, Дејан Дуровиќ. Црногорската полиција наведе дека експлозијата најверојатно е предупредување за сопственикот на објектот. […]

Грчки медиуми: Заев стави вето за промена на Уставот и за име без превод


Во коментарите на вчерашното интервју на македонскиот премиер Зоран Заев за „Еуроњуз“ грчките медиуми ја користат изјавата на Ангела Меркел од заедничката прес конференција во Берлин токму со него за тоа дека „јавните изјави може повеќе да му наштетат на процесот“. „Грчки дипломатски извори се прашуват која е намерата на јавните споменувања од скопската страна на […]

Кога државата ќе ги заборави тие што ѝ служат: Некогашните офицери на ЈНА – денес „бездомници“


Изронета, исчкртана фасада, скршени прозорци, дупките на вратите закрпени со картони… Така изгледа зградата на некогашното воено маало во Петроварадин во кое живеат армиските пензионери. „Кога се вселив тука, имаше пајажина од таванот до подот. Тоа беше некаков дуќан, седум на пет метри. Беше заклучено и напуштено, никој тука не влегол дваесет години“, се потсетува […]

Грчка заменичка министерка поднесе оставка поради надомест за стан


Грчкиот министер за економија, Димитрис Пападимитриу и неговата сопруга Ранија Антонопулу,  заменичка на грчкиот министер за труд, поднесоа оставка откако се дозна дека таа барала и примила надомест за изнајмување стан во Атина, и покрај податоците во годишниот извештај дека поседува половина милиона долари. Антонопулу во изминатите две години од Владата примила помош од 23.000 евра […]

Жените во Саудиска Арабија ќе може да служат во војска


Саудијки ќе можат да се пријавуваат во војска до четврток во покраините Ријад, Мека, Ал-Касим и Медина. Кралот Салман во јуни донесе декрет според кој жените ќе може да управуваат авртомобил, а од минатиот месец и на стадиони да следат фудбалски натпревари. Саудиските жени не ќе може да служат во борбени единици, но ќе може […]

Вучиќ со Јункер и Хан: За Европа Македонците се херои бидејќи ќе го променат името на државата


Србија најмногу има напреднато на европскиот пат поради веќе започнатите преговори, но 2025 е само индикативен датум и секоја од земјите на Западниот Балкан ќе биде оценувана според заслугите на европскиот пат, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. – Има уште […]

Затоплување околу Северниот пол е причината за снежната бура во Европа


Невообичаеното затоплување околу Северниот пол испраќа студен арктички ветар кон Европа и според научници, таквото „ненормално“ време може да се регистрира се почесто поради глобалното затоплување предизвикано од човекот. Метеоролошката станица на Морис Џесап во најсеверниот дел на Гренланд, веќе 61 час регистрира температури што се рекордни досега за 2018 година. Таа појава се поврзува […]

Коѕијас: Скопје сака лесно решение за името, Атина одржливо


Скопје сака лесно решение, а ние фер и одржливо решение, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, по советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел. -Мислам дека и двете страни се согласуваме дека треба да се бара решение. Скопје верува дека треба да биде лесно решение за нив, ние веруваме дека треба да е […]