Наместо да ја чкрта, Милошоски треба да ја става „Северна“ во заграда


Храбар потег направил пратеникот Антонио Милошоски. Ексшефот на македонската дипломатија на социјалната мрежа Твитер објави фотографија од акредитацијата што ја носи околу вратот како дел од делегацијата на македонското Собрание на пролетната сесија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, со пречкртано „Северна“ од името на државата што ја претставува. Модерниот гемиџија, кој тргнал со […]

Мадона потврди: Ќе пеам на Евросонг


Израел– Поп-ѕвездата Мадона потврди за „Варајати“ дека ќе настапи на Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел. Пејачката ќе настапи со две песни-едната од репертоарот, а втората нова-на финалето на 18 мај. Канадско-израелскиот милијардер Силван Адамс и го финансира настапот. Мадона ќе пристигне на Евросонг, четири дена пред финалето, со екипа од 60 луѓе. Ѕвездата претходно […]

Дадени, па поништени специјализации за шест лекари


  Специјализациите на шест лекари во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп биле поништени. За нив лекарите конкурирале во 2018 година, но според претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, Ненад Лазаров, во февруари годинава в.д. директорот на болницата донел одлука да поништи шест бидејќи во меѓувреме билe донесени измени на програмата за потреби […]

ВМРО-ДПМНЕ: Лустерите не се дел од замрзнатиот имот, со донации не се експонираме


Во екот на кампањата за претседателските избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одлучил дел од луксузните лустери од Белата палата, чиј имот е замрзнат, да ги донира во цркви и манастири. Во еден член од статутот на партијата, стои дека во случај на престанок на партијата, нејзиниот имот преминува во сопственост на Македонската православна црква. […]

Вмровците ги засолнуваат скапоценостите на сигурно?


Во екот на кампањата за претседателските избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одлучил дел од луксузните лустери од Белата палата, чиј имот е замрзнат, да ги донира во цркви и манастири.Ако се земе предвид дека во еден член од статутот на партијата, стои дека во случај на престанок на партијата, нејзиниот имот преминува во сопственост […]

Сузана Турунџиева за „Независен“: Станав пи-ар и маркетинг експерт


Таа не е жена, таа е чудо, велат за неа блиските и пријателите. Малку и се 24 часа за сите активности на работа и дома, во јавноста и на приватен план. Големите промени на личен, на професионален, а особено на духовен план, продолжуваат и годинава за Сузана Турунџиева (49). Професионалното портфолио како амбасадор за грижа […]

Пендаровски: Во мојот мандат нема теоретски шанси да амнестирам криминалци


Во мојот мандат нема теоретска шанса да амнестирам криминалци кои сакаат да убиваат  други луѓе граѓани  на оваа земја, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на вечерашната трибина во општина Ѓорче Петров, осврнувајќи се на денешните информации  дека во претседателскиот Кабинет се пристигнати барања за помилувања за настаните од 27 април во […]

Река: Ќе се залагам за државен систем добар за сите


Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва пред жителите на Теарце потенцираше дека преку програмата што ја претставува ќе работи на тоа да има државен систем што е добар за сите. Ја потенцираше поддршката што ја добива од двете партии за победа. – Јас велам република, а не друштво за сите. Сега Македонија не е држава за […]

Силјановска: Да победиме на изборите и да потсетиме предвреме да распишат парламентарни избори


Македонија ја замислувам како земја на здрава храна, како земја на развиен селски туризам, како земја на среќни граѓани, им порача вечерва кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова на предизборен собир во Македонски Брод, потенцирајќи дека најголем доказ за името на ова место е дека придавката македонски природно е врзана и неразделна од Македонија. […]

Намалена затворската казна на возачот што ја прегази Фросина


За смртта на младата студентка Фросина Цековска која беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала во април 2015-та, Апелациониот суд ја намали затворската казна за 29-годишниот возач, јавува Телма. Скопјанецот Љубиша Видојковиќ добил тригодишна затворска казна односно апелација му ја намалила казната за една година. Покрај тоа Апелациониот суд му определил и мерка од […]

Осудени за „27 април“ побарале помилување од претседателот Иванов


До кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов се доставени неколку барања за помилување на осудени лица за случајот „27 април“. Од кабинетот на претседателот за МИА велат дека последното од повеќето барања за помилување пристигнало во петокот во попладневните часови. За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на […]

ДИК: Во избирачките места со помалку од десет избирачи нема да се одвива гласање


Во избирачките места во кои има помалку од десет избирачи нема да се одвива гласање. Граѓаните ќе гласаат во најблиското соседно избирачко место кое не треба да биде подалеку од три километри. Ова го изјави претседателот на државна изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски на денешното отворање на 31 седница. Граѓаните ќе бидат известени од општинските изборни комисии […]

Заев: Прифатени повеќе сугестии на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО


„Изработена е нова верзија за законот за СЈО, во која во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ и веќе се испратени до претставникот на најголемата опозициска партија“, истакна премиерот Зоран Заев на работилницата „Гаранција за млади“ во организација на Агенцијата за млади и спорт. Премиерот очекува дека денеска да биде разгледана […]

Заев: „Бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година


Изработена е нова верзија за законот за СЈО, во која  во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ и веќе се испратени до претставникот на најголемата опозициска партија, истакна премиерот Зоран Заев на работилницата „Гаранција за млади“ во организација на Агенцијата за млади и спорт. Тој очекува дека денеска да биде разгледана […]

Порамнување на платите во културата по завршување на изборите


Министерството за култура соопшти дека направило анализа на потребните средства за порамнување на платите на вработените во установите од областа на културата по дејности, во согласност со постојните колективни договори на ниво на установи. Работната група формирана во Министерството за култура направила пресметки колку финансии се потребни, но додека траат претседателските избори законот не дозволува […]

Собранието доби функционална фитнес сала


Собранието ја информира јавноста дека во рамки на склучениот договор од 25 септември 2013 година, со Друштвото за градежништво БЕТОН АД Скопје, согласно кој набавувачот  треба да набави мебел и останата опрема за новоизградените и реконструираните простории, опремена е и собраниската теретана со вкупна вредност од 1.096.383 денари. Теретаната е во функција од 10 јули […]

Ден на Ромите: Еднакви права и достоинствен живот за сите


Потребно е силно ангажирање од сите чинители за вистинска имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбите на Ромите во државата. Еднакви права и достоинствен живот за сите, е единствениот пат за една успешна заедничка земја. За тоа не се доволни само конференции и проекти, туку и делување за градење вистинско инклузивно општество. Ова беше истакнато […]

Прекршочни постапки за седум декани поради анкетните листови


Од вкупно 28 декани за кои Државната комисија за спречување на корупцијата започна постапка, 23 поднеле анкетни листови за имотната состојба, додека пет сè уште немаат поднесено. Од Антикорупциска подвлекуваат дека донеле заклучок да се поведе прекршочна постапка за декани на државните универзитети и тоа од (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и […]

Силјановска со парафот на Северна ги потпишува „натпартиските“


Македонија влегува во втората третина од кампањата за претседателските избори, чиј прв круг е закажан за 21 април. Реториката се заострува, политичките партии ги потиснуваат кандидатите за претседател, кои се обидуваат да остават слика на академски граѓани и колеги, кои ги прифатиле партиските машинерии како нужно зло. Свесни дека ширењето негативни информации за политичкиот противник […]

Локализиран пожарот на Водно


Пожарот што избувна доцна вечерва во шумата на планината Водно е локализиран 80 проценти, под контрола е, и се работи на дорасчистување на жариштата, изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. Во гаснењето на пожарот првично се интервенираше со три возила и десет пожарникари,  по што е испратено […]