Фалат антибиотици и лекови за хронично болните


Пред крајот на месецот во аптеките граѓаните не можат да ги најдат лековите на рецепт што им ги пропишале лекарите. Мајки на деца се жалат дека фалат антибиотици кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување. „Не знаеме кога ќе се разболиме ниту ние возрасните ниту моите деца. Барав антибиотик за син ми, но […]

Сè измислувале работни места за да се удомат роднини на функционери


Без соодветен записник за бодирањето и рангирањето, без интервјуа, но со креирани нови работни места пред распишување на огласите… Така течел процесот на непотизам во државните и јавни институции. Антикорупциска утврдила дека постои непотизам во девет случаи од првите 18 за кои отвори предмети. Меѓу нив, сомнежи за директно влијание има во случаите со вработувањето […]

Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка


Судијката од Основниот суд Скопје 2, Сузана Дончевска, го сврте вниманието на јавноста кон себе по неколку одлуки кои се најдоа во фокусот на медиумската и политичката сцена. Последното решение кое ги разбуди политичките духови, а е запечатено со името на Дончевска, е донесено на 17 април оваа година. Според официјалното соопштение, Основниот суд Скопје […]

Собранието го усвои законот за Изборниот законик вратен од Иванов


Пратениците во попладневниот дел од денешната 95. седница без дебата, во трето читање, ги изгласаа и законите за практиканство, за влада, за спорт, за финансиска поддршка на инвестициите, како и законот за Изборниот законик, кои претседателот на државата Ѓорге Иванов претходно одби да ги потпише. Овие закони Собранието ги изгласа на седница одржана на 27 март […]

Владата ниту се мешала, ниту ќе се меша, во ниту една заедница, па ни во ИВЗ


Владата ниту се мешала, ниту има намера, ниту ќе се меша, во ниту една заедница, па и во ИВЗ. За нас поглавар на ИВЗ е оној кој со Уставот и законите на ИВЗ тоа го утврдуваат. Не е наше да толкуваме или да навлегуваме во тоа, рече премиерот Зоран Заев запрашан за обвинувањата за вмешаност […]

Заев: Порака од граѓаните е слушната, ќе има реконструкција


Пораката на гласачите од првиот круг за претседателските избори е примена и прифатена и секако ќе реагираме, но да дадеме шанса на нашата држава, рече денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ги изборните резултати. Тој изрази уверување дека, сепак, изборите ќе успеат и оти концептот на нивниот кандидат Стево Пендаровски ќе победи. Според него, прашањето на […]

ДКСК со две прекршочни постапки против претседателот Иванов


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница донесе одлука за поведување две прекршочни постапки против претседателот на државата Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период, објавени во Службени весник на 26.02.2019 година, што претставува непочитување на забраните утврдени на Изборниот законик и […]

Собранието усвои повеќе закони вратени од Иванов


Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на денешната 95-та седница усвои повеќе закони кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати назад до пратениците, меѓу кои законите за централен регистар на население и за извршување на санкциите. Пратениците, без дебата како закони во трето читање, ги изгласа и законите за електронско […]

Бузаку за ,,Независен”: Не сакам со сила да влезам во ИВЗ


Иако вчера рече дека од денеска ќе го преземе ИВЗ, Скендер Бузаку не се појави во седиштето на Исламската верска заедница на Бит-пазар. Тој во изјава за „Независен”, истакна дека не сака да предизвика проблеми и дека на институционален начин ќе ги средат работите. Според него, одлуката за негово именување за реис на ИВЗ излезе […]

Османи за изборите: Извојувавме победа на неизоден пат


Вицепремиерот Бујар Османи е задоволен од изборниот резултат во првиот круг, со оглед на тоа што заедничкиот кандидат Стево Пендаровски, освои најмногу гласови. – Воведовме нов концепт на заеднички консензуален кандидат уште на почетокот на трката, нешто што до сега не сме го правеле и извојувавме победа, рече Османи. Според него, малата излезност на гласачите […]

(ФОТО) Масовна акција за чисто Скопје


„Комунална хигиена“ денеска започна масовна акција за чистење диви депонии. Акцијата се одвива истовремено во сите скопски општини, во неа ќе учествува администрацијата на претпријатието и општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта. Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот […]

Ексклузивно: Тамара во смарагдно зелена боја на Евросонг


Поп-ѕвездата Тамара ќе блесне во смарагдно зелена боја на настапот во полуфиналето на Евросонг на 16 мај во Тел Авив, Израел, дознава ексклузивно „Независен весник“.  Не се откриваат други детали за евровизискиот аутфит. Претходно, македонскиот дизајнер Александaр Ношпал, кој е задолжен за стајлингот на македонската евровизиска претставничка, ни изјави ексклузивно дека Тамара во Тел Авив […]

Убијците на Саздо дојдоа на пресуда со навивачки обележја


Облечени во исти дуксери со навивачки обележја, Бесир Беља и Скендер Демири вчера претпладне беа спроведени од истражниот затвор во Шутка во Кривичниот суд за да ја слушнат одлуката на судечкиот совет кој ги судеше за убиството на младиот Никола Саздовски. Пред да им биде изречена пресудата, двајцата обвинети лежерно си разговараа меѓу себе, но […]

СДСМ ќе се „чисти“ на конгрес


По завршувањето на изборите, СДСМ ќе одржи конгрес на кој, според најави од висок партиски функционер, ќе се анализира и утврдува одговорноста на сите носители на партиски и на државни функции. Со партискиот статут е предвидено по секои избори конгресот да усвои извештај за тоа како се одвивал процесот, така што претстојниот конгрес, според извори […]

Со години нема учебници за стручното образование


Со години нема учебници во дел од средните стручни училишта, па наставниците се принудени сами да се снаоѓаат кога го предаваат наставниот материјал. За машинската струка фалат учебници по предметите технологија на обработка за прва, втора и трета година, компјутерско моделирање и конструирање за втора и трета година и проектирање на производно-технолошки системи за четврта […]

Реџепи: Владата се насочила против ИВЗ


Ријасетот на Исламската верска заедница ја заврши седницата што ја одржа вечерва во Кондово. Актуелниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи по завршување на седницата рече дека исламската заедница е силно огорчена од овој скандал кој, како што оцени, не е случен ад хок. -Ваков скандал не паметам во исламската заедница. Ова е незапамтено и незаборавено, […]

Полиција кај ИВЗ, обид за разрешување на Сулејман Реџепи


Група луѓе под изговор дека Основниот суд Скопје донесе одлука за разрешување на претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, инсистираат да се прифати барањето за нов претседател да биде поставен Скендер Бузаку. Од ИВЗ велат дека судот нема право да го разреши претседателот и дека истиот може да се разреши само со одлука на раководството на […]

7 мај ќе биде работен ден


Иако претходно имаше најави дека е можно 7 мај да биде неработен поради посетата на папата Франциск, Владата на денешната седница одлучи да биде работен ден. Во текот на неговата посета на Скопје, каде ќе допатува од Бугарија, поглаварот на Римокатоличката црква, покрај средби со државниот врв, ќе ја посети и Спомен-куќата на Мајка Тереза […]

Силјановска Давкова: Ваков колапс на легитимитетот за 18 месеци нема ни на едни европски избори


Не треба да сте експерт за избори за да заклучите дека во историјата на европските избори од каков било вид се нема случено ваков колапс на легитимитетот. Да изгубите за 18 месеци 40 проценти од гласачите, нешто околу 200.000 гласови. Тоа е силно предупредување, не само за пораз на претседателските избори, тука и за очекуван […]

СДСМ послаб со ДУИ отколку сам


Додека во хотелот „Хилтон“ министерот Арбер Адеми се обидуваше да го оправда слабиот одѕив во средините со претежно албанско население, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги сумираше резултатите во своето родно село Зајас. Беше среќен што неговиот фаворит за претседател на државата Стево Пендаровски забележа убедлива победа. За него гласаа 852 избирачи, а за Блерим […]