Гувернерката контра Анѓушев за странските инвестиции


Народна банка не го дели ентузијазмот на Владата за високиот прилив на директни странски инвестиции годинава. Во пролетната проекција за економијата пресметала нивен раст од само 3,2 отсто. „Забрзувањето на евроатлантската интеграција може да донесе поголеми бенефити за нашата економија, согласно искуствата на економиите кои веќе поминаа низ овој процес. Сепак, нашето сценарио не ги […]

Уште два дена до смена на Водно. Пендаровски ќе му стане сосед на Заев


Две години откако ја презеде власта, премиерот Зоран Заев ќе добие нов сосед на Водно. Досегашниот претседател Ѓорге Иванов (59), кој пролетта 2009 година се пресели од строгиот центар на Скопје на Водно, в недела ќе го испие последното кафе во претседателската вила која е сместена во близина на вилата во која живее премиерот. Од […]

Ниту „бомби“ ниту меѓународна истрага за „Диво Насеље“


Ветувањата дека јавноста ќе дознае кој стои зад крвавата пресметка што се случи пред точно четири години во кумановската населба Диво Насеље и дека ќе има меѓународна истрага за овој случај, останаа само празни зборови на сегашните власти, кои пред неколку години беа во опозиција. Јавноста вчера се потсети на осумтемина полицајци кои загинаа во […]

Рускоска: Политиката е вмешана во судењето за „27 април“


Од она што го имаме како докази, сметам дека поранешниот премиер Никола Груевски е нарачател на настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието. Се надевам дека наскоро ќе се покрене обвинение за четворица од организаторите и нарачателите на настанот, а за двајца кои се недостапни е запрена истрагата до нивното пронаоѓање, […]

Југословенската кошаркарска елита се поклони на Лечиќ


Мноштво емоции, навраќање на спомени, згоди и незгоди, анегдоти. Помешани чувства од едно поинакво време навираа денеска од хотелот „Александар Палас“ во Скопје каде македонската кошаркарска легенда, Лазар Лечиќ го прослави 80. роденден. Удостоен беше од голем број на играчки и тренерски великани во браншата со кои беше огромна чест и вистинско задоволство да се […]

Инаугурацијата точно напладне, Пендаровски на полноќ ќе ја преземе функцијата


Инаугурацијата на Стево Пендаровски за петти шеф на државата, најверојатно, ќе се одржи в недела со почеток во 12 часот. Еден до два часа подоцна се планира во претседателската резиденција претседателот во заминување Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски, кој, практично, на полноќ – меѓу 12 и 13 мај ќе почне да […]

Стотина медицински сестри, од кои 40 од Клинички и од болниците, заминале во странство


Стотина медицински сестри, од кои над 40 од Клиничкиот центар и од големите болници, последнава година заминале во странство или во приватните здравствени установи во државава, каде им се нудат повисоки лични доходи и признавање на нивното високо образование. Ова денеска го истакна претседателот на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки […]

Дураку: Не е точно дека ќе бидам министер за политички систем


Министерот за животна средина и просторно планирање , Садула Дураку ги негира информациите дека ќе премине во Министерството за политички систем, појаснувајќи дека неговата промена или на некој друг треба првично да се дискутираат во партијата а после и со коалиционите партнери. ,,Тоа нема никаква врска со мене. Централното претседателство се уште не се собрало […]

Заев: Северна Македонија била и секогаш ќе биде Европа


Граѓаните на Република Северна Македонија денес се горди на својот избор, ја избравме иднината, која и припаѓа на Европската унија. Ги избравме Европа и ЕУ, затоа што се изградени на вредности во кои веруваме и ги практикуваме, порача денеска премиерот Зоран Заев во Владата, каде беа одбележани 9 Мај – Денот на победа над фашизмот […]

Пораки на Денот на Европа: Време е за обединување и за почеток на преговори


Северна Македонија е добра вест на Балканот. Земјата донесе тешки одлуки и направи големи компромиси за да ги оствари своите стратешки цели, а тоа се членството во НАТО и ЕУ. Сега е време за обединување, а политичарите и политичките партии да ги остават настрана разликите, со цел да се интензивираат напорите прво да се почнат […]

Антикорупциска отвора четири предмети за премиерот Заев


Антикорупциската комисија отвора четири предмети по претставка на ВМРО-ДПМНЕ за премиерот Зоран Заев. Станува збор за случаите кои веќе имаа судска завршница – „Глобал”, и „Едно евро за Вицето едно за црквата”. Третиот предмет е за „бугарските фирми на Заев“, а четвртиот е за продажба на старата касарна во Струмица. Според наводите Сашо Брндевски купил […]

Гинекологија Чаир сè уште чади


Министерството за здравство сè уште ги чека неопходните документи од институциите и објавата на Државната изборна комисија дека се завршени изборите, за веќе од следната недела да го објави тендерот за промена на системот на затоплување во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Системот на затоплување во болницата е на мазут, […]

Никола Димитров: Не заминувам, ми се прави хајка


Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ги демантира последните шпекулации дека си заминува од функцијата и својата професионална кариера ќе ја продолжи како советник и аналитичар во влијателниот Институтот „Брукингс“ во Вашингтон, близок до Демократската партија, наводно, наводно за сочна плата меѓу 12 и 14 илјади долари. Вели дека му се прави хајка. Информациите беа […]

Ќе има ли и нова трампа на ресори во Владата?


Рената Тренеска-Дескоска или ќе остане министерка за правда или ќе се врати како професорка на Првниот факултет. Таа вчера отсечно отфрли можност за нејзина повторна ротација во  рамки на Владата, односно враќање на чело на Министерството за образование, откако премиерот Зоран Заев најави потемелни кадровски промени по завршувањето на претседателските избори. – Нема да се […]

Евросонг : Тамара горда на сценскиот настап


Тамара во смарагдно зелена драматична тоалета пее, а во позадина, на осум огледала како холограми и ја гледаме позадината на тоалетата, дизајн на македонскиот креатор Александар Ношпал кој ја придружува во Тел Авив. Нашата евровизиска претставничка е горда на сценскиот настап кој има динамична кореографија, подготвен со тим од Шведска. На првата проба во „Експо […]

Ден на Европа – Северна Македонија очекува позитивна одлука за почеток на преговори


Европа денеска го одбележува својот ден – 9 Мај, европски симбол, што заедно со заедничката валута – еврото, знамето и химната, го претставуваат политичкиот идентитет на Европската Унија. На овој ден во 1950 година Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и […]

Остануваат клучните разлики за СЈО, утре нова средба на работните групи


Дали ќе има напредок во преговорите околу законот за јавно обвинителство ќе се знае по средбата на работните групи на власта и опозицијата што е закажана за утре, откако вчера немаше никакво поместување во делот на разговорите. -Немавме никакво поместување во делот на разговорите. Разговаравме за членот 105 кој е клучната пречка во донесувањето на […]

Папата Франциск импресиониран од претседателот Иванов: Во Македонија има верска почит!


Во Македонија има верска почит…се зборовите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов од кои Папата Франциск бил импресиониран на нивната вчерашна средба во Скопје, јави Католичката новинска агенција, пренесувајќи ја прес-конференцијата на Неговата Светост, одржана на повратниот лет од Скопје кон Рим. „Во Македонија, силен впечаток ми остави една реченица што ми ја кажа претседателот: „Тука ние […]

Дачиќ не му верува на Пендаровски


Додека чека да положи свечена заклетва во парламентот, со што и официјално ќе ја преземе претседателската функција од Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски неформално го започна својот петгодишен мандат со пораки до земјите од најтесното опкружување дека ќе ја продолжи политиката на добрососедски односи утврдена од македонската Влада. Белградска „Политика“ со наслов „Се надевам во скоро […]

Османи: ,,Метлата“ на Заев претставува понижување и навреда


Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска изјави дека зборот  „метла“ кој го користи премиерот Зоран Заев е компромитирачки не само за претставниците на ДУИ, туку и за другите. Според него е неприфатливо да се користи таков термин. – Тоа претставува понижување и навреда не само за претставниците на ДУИ, туку и за другите партнери на […]