Кој ќе го чисти Скопје, Ѓорѓиевски или Мециновиќ, ќе треба да кажеме на 2 ноември


Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг.  Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани […]

ЕУ размислува за прием на нови членови, но да немаат право на вето


  Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава бриселски „Политико“ од дипломатски извори. Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им […]

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини


Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), со пребројани 55 отсто од гласовите, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, води со 41,04% од гласовите. Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 12,63 гласови, Башким Бакиу од ВРЕДИ со 11,95 отсто и каја Шукова со 11,20 отсто. […]

ДИК ги објавува резултатите – Јовановски води во Кичево, Димитриевски тесно во Куманово


  Државната изборна комисија почна да објавува резултати од локалните избори кои се одржаа денеска. Во моментот, во повеќето општини низ Македонија водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите ДИК ги црпи од локалните одбори, па за дел од општините обработени се и до 99 отсто од гласовите, а за некои едвај 15 отсто. Интересна е битката […]

Заврши гласањето на локалните избори, следува пребројување на гласовите


  Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што […]

До 13 часот излегле да гласаат 20,12 отсто од избирачите


  Излезеноста на локалните избори до 13 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Оваа излезност се однесува на податоците од 3.207 гласачки места, а вкупно има 3.474. До 13 часот гласале 335.244 граѓани.Гласањето се одвива без проблеми и засега од општинските изборни комисии, како и од избирачките одбори до ДИК не се […]

(Видео) Откриено што однесоа крадците од Лувр: На мета колекцијата на Наполеон


Според францускиот весник „Ле Паризиен“, неколку лица успеале да украдат накит од музејот Лувр во Париз, утрово. Според првичните наоди од истрагата, крадци со качулки го искористиле пристапот до зградата на брегот на Сена, каде што се во тек градежни работи. Тие користеле товарен лифт за да стигнат директно до една соба во галеријата „Аполон“. […]

Милиони низ цела Америка маршираа на протестите „Без кралеви“ против Трамп


  Американците низ сите 50 држави маршираа на протести против администрацијата на Трамп во саботата, обединувајќи се зад пораката дека земјата се лизга кон авторитаризам и дека не треба да има кралеви во САД. Милиони луѓе излегоа на протестите „Без кралеви“, втората итерација на коалицијата што маршираше во јуни во еден од најголемите денови на […]

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи


Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во понеделник ( 20 октомври) ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд.  По состанокот, како што информираат од Комисијата, ќе бидат спроведени интервјуа со кандидатите, кои ќе се одвиваат на англиски и на француски […]

Трамп заработил милијарда долари на криптовалути откако стана претседател


Сите американски претседатели во последните 50 години, од Џими Картер па наваму, ги пренасочија своите инвестиции на берзата во државни обврзници или слепи фондови, во кои сопственикот нема увид или влијание врз управувањето со средствата. Тие го направија ова за да избегнат најмала навестување за судир на интереси помеѓу нивните должности и нивната лична финансиска […]

Изградбата на Универзална мрдна од место – избран изведувач


Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – […]

Дали ова е рутата на Путин до Будимпешта?


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан со ентузијазам ја поздрави најавата дека Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во Будимпешта за да разговараат за прекинување на војната во Украина. Во четврток, Орбан изјави на социјалната мрежа X дека планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е „одлична вест за мирољубивите луѓе во светот“ и […]

Мицкоски ја сврте плочата: „Предавниците“ станаа политичари кои верувале во тоа што го прават


  Многумина од луѓето што со денови протестираа пред Собранието кога се носеше Преспанскиот договор и кога ечеа обвинувањата за „предавници“ и праведни „патриоти“, вчера можеби се штипеа за образите кога го слушаа премиерот како дава нови толкувања за двата меѓународни договори кои без прекин ги оцрнуваше и со тоа деноноќно работеше за да го […]

Најинтересните видео моменти од кампањата


  Атмосферата во кампањата и кои беа главните пораки на партиите најдобро ги одразуваат спотовите и видеата што се вртеа деновиве. Од нив се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ се обраќа само на своите, дека СДСМ има многу материјал да напаѓа, Левица сее отров преку хумор, ЗНАМ живее во свој филм, а градоначалникот на Аеродром изминатите две […]

Конески е ороводецот од „Тешкото“: Интервју со проф. Весна Мојсова-Чепишевска


  „Има одредени мисли, како онаа на Блаже Конески дека ‘јазикот ни е единствената комплетна татковина’, која толку многу се употребува што доведува до степен да се злоупотребува. А голем број од нив да ги прашате што Конески подразбира под поимот ‘комплетна татковина’, кој е доведен во релација со македонскиот јазик, не ќе можат да […]

Лајен до Мицкоски: Топката е во вашиот двор, направете ги уставните измени


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје кажа дека земјава мора да ги направи уставните измени за да го продолжи својот пат кој Европската унија (ЕУ). Фон дер Лајен е во посета на земјава во рамките на нејзината балканска турнеја. „Целосно ја поддржуваме Северна Македонија […]

Буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината, алармира Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес на прес-конференција предупреди дека до крајот на годинава во Буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра. Според него, станува збор за фрапантна дупка во Буџетот, која ќе мора да се покрие или со ново задолжување, или пак, со ново оптоварување на даночните обврзници или со кратења кај јавните услуги. […]

Точно ќе се знае каде Скопје ќе се развива, а каде ќе мора да се застане: интервју со Каја Шукова


  Каја Шукова, со образование и професионална биографија која се вклопува идеално со актуелните барања од еден градоначалник на Скопје, зборува за плановите што ќе ги реализира и за нејзиниот стил на работа, а кои не добија гласност во кампањата.  Таа најавува дека нема да поставува на функции некомпетентни луѓе и дека политичкиот бекграунд нема […]

Филипче се дистанцираше од Црвенковски: „Или си СДСМ или не си“


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денска јавно се дистанцираше од поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, откако во јавноста се појавија фотографии од ресторан во Охрид со политичките противници. „Јас можам само да го цитирам поранешниот председател со неговата позната изјава ‘Или си СДСМ или не си’“, рече Филипче на денешната прес-конференција. Црвенковски во […]

ВМРО-ДПМНЕ од револуционерна стана патетична: ќе имало промени, ама не како молња туку како изгрејсонце


  Премиерот Христијан Мицкоски денес преку социјалните профили се обрати лично до гласачите повикувајќи ги да излезат на изборите и да гласаат за промена, во текст кој повеќе наликува на патетика или поезија од ChatGTP, отколку што прилега на некогаш револуционерната партија. Во пораката Мицкоски објаснува дека вистинските промени не доаѓаат како молња, туку како […]