Што вети Орце Ѓорѓиевски пред скопјани, освен чистење на отпадот


  Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Град Скопје, па сега треба да почне со остварување на предизборните ветувања. Тој досега беше  градоначалник на Кисела Вода и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), функција која веројатно и понатаму ќе ја задржи, како градоначалник на Скопје. За победата во Скопје уште синоќа рече […]

Само четири жени станаа градоначалнички – нема родова еднаквост на локално ниво


   Општините Кисела Вода, Македонска Каменица, Неготино и Демир Капија се единствените четири општини кои во следните четири години ќе бидат водени од жени, што е премалку за да се зборува за некаква родова рамноправност во водечките функции. Имено, на локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат […]

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата и во вториот круг, колапс на ДУИ


  Резултатите од вториот круг на изборите за градоначалници во Македонија се надоврзаа на гласањето од пред две недели. Во загрижувачки мала излезност од 40-ина отсто кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ добија уште дузина градоначалнички места и тоа оние во коишто стави најголем влог – во скопски Карпош, во Кичево и во Брвеница. И во главната битка, […]

Топовски истрели и димни бомби низ Белград: Полицијата удри на граѓаните (видео)


Голем број граѓани се собраа вечерва во Белград во знак на поддршка за Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан, кој беше еден од 16-те што загинаа при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Таа од денес штрајкува со глад бидејќи бара одговорност за смртта на нејзиниот син и другите што загинаа. Членовите […]

Герасимовски објави победа во Центар


Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати за градоначалник на општина Центар, потврдувајќи ја победата на кандидатот поддржан од СДСМ.Со обработени 88,90% од гласовите (71 од 78 избирачки места), резултатите се: Горан Герасимовски (СДСМ) со  52,82% (9.877 гласа) и Мирослав Лабудовиќ (Движење ЗНАМ) со  38,34%(7.170 гласа). „Денеска победи прогресивното, слободното, модерното, чесното работење на […]

Орце прогласи победа и помина под Триумфалната капија (Видео)


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, прогласи победа во изборот за градоначалник на Скопје.Се очекува голема разлика во однос на гласовите на противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ. Со скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, Ѓорѓиевски, симболично помина под Триумфалната порта и беше пречекан со факели од неговите симпатизери, по што се упати кон […]

Максим Димитриевски по трет пат е градоначалник на Куманово


  Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, по трет пат е градоначалник на Кумово. Со пребројани најголем дел од гласовите тој има недостижна предност.  Излезноста во вториот круг во Куманово беше многу мала, околу 34 отсто. Од тие гласови Димитриевски добил 16.000 гласови, додека неговиот противкандидат Горан Стојковски околу 15.000 гласови. Во обраќањето пред поддржувачите Димитриевски […]

ДИК почна со објавување на резултатите во живо


Државната изборна комисија почна да ги објавува резултатите од вториот круг на локалните избори во кои се гласа за градоначалник во 32 општини и во Градот Скопје.  Во моментот во во Скопје двојна е предноста на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, спрема противкандидатот Амар Мециновиќ, во Аеродром води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, во Центар е […]

Заврши гласањето на осмите локални избори во вториот круг, почнува броењето


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Денеска не се гласаше за градоначалици во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, […]

Крушево со над 50 отсто излезност во 15 часот – Скопје се буди


Во попладневните часови излезноста во сите општини каде се гласа во втор круг на локалните избори, вклучително и Град Скопје, се зголемува, но Чаир и Сарај уште покажуваат комплетна незаинтересираност за избор на татко на градот. До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната […]

До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто


Излезноста во вториот круг од локалните избори е 19,96 отсто на територија на целата држава, додека најмала е излезноста во скопските општини Чаир и Сарај, каде излезноста е околу 5 односно 3 отсто до 13 часот.  За Скопје излезноста е 15,28 отсто, додека во другите скопски општини се движи од 13,3 отсто во Бутел до […]

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори


 Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 10,1 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94 проценти. Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти, а податоци се добиени од 611 избирачки места или 89,20 […]

Излезноста во 9 часот три отсто, во Чаир само еден отсто


  Мала е излезноста во утринските часови на вториот круг на локалните избори. Според податоците на Државната изборна комисија излезноста до 9 часот изнесува 3,03 отсто во општините каде се избира градоначалник.  Најголемата излезност е во Пробиштип – 9,5 отсто, па во Лозово, Ранковце, каде има над осум отсто. Исклучително мала излезност има во двете […]

Капиталните инвестиции и годинава мали, догодина ќе бидат уште помали


  За десет месеци од годинава, капиталните расходи од Буџетот не се реализирани ниту половина од предвидените, односно заклучно со 30 октомври, за кога се последните податоци на интернет страницата на Министерството за финансии, потрошени се 21,5 милијарди денари (околу 350 милиони евра) или само 45,47 отсто од предвиденото за годинава. Со ребалансот на Буџетот, […]

Илјадници и илјадници луѓе денеска на комеморацијата во Нови Сад


  Денес во Нови Сад, студентите во блокадата организираат комеморативен состанок за 16-те жртви кои загинаа точно пред една година кога падна настрешницата на зградата на железничката станица во овој град. Едно лице преживеа, но со сериозни повреди. Денес во Србија беше прогласен ден на жалост, а поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, ја […]

„Лукоил“ има лиценца за уште три недели, што значи тоа за бизнисот и 550-те вработени во Македонија?


  За дваесетина дена ќе биде позната судбината на зделката која ја најави руската компанија „Лукоил“ со меѓународниот трговец со стоки „Гунвор“ за продажба на странските средства со цел да ги избегне санкциите од САД воведени на 22 минатиот месец. Исходот оваа зделка која треба да добие зелено светло од Одделот за контрола на странки […]

СДСМ нема да им кажува на граѓаните за кого да гласаат, објави Филипче


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика гласачите наклонети на оваа партија да гласаат по свое убедување и според вредностите за кои се залагаат, јасно нагласувајќи дека нема намера  да навлегува во никакви констелации и заткулисни договори околу вториот круг на изборите. -Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни […]

Компанија основана од пријател на Путин ќе ги купи странските имоти на „Лукоил“


  „Лукоил“, руската нафтена компанија која е предмет на санкции од САД, ќе ги продаде своите странски средства на меѓународниот трговец со стоки „Гунвор“. Самиот „Гунвор“ даде понуда, објави компанијата. „Клучните услови на договорот беа претходно договорени од страните. „Лукоил“, од своја страна, ја прифати понудата, согласувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, […]

Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата


  Претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја оцени како конфузна и невистинита најавата на еден од водачите на „Вреди“, Изет Меџити, дека е можно Алијанса да стане дел од Владата. Тој потенцира дека секогаш дејствувал чесно за да ги заштити правата на Албанците, а не за привилегиите на власта. „Вие […]

Лукровски ќе ги лечи карпошани, ветување што се граничи со поткуп


  Откако со собирањето отпад низ Карпош не се прослави, кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ почна да ветува сѐ и сешто, поминувајќи ја границата  – од политичка програма до политички поткуп. Веќе цела недела Лукровски шета по приватните болници „Систина“ и  клиниката „ Жан Митрев“ ветувајќи бесплатни прегледи за остееопороза, за очи, за […]