Судијката Груевска вети дека ќе се дојде до правдата на судењето за „Пулс“


Со мало задоцнување и во преполна сала, утрово почна судењето за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а повредени се повеќе од 200 лица.  „Знам дека барем името ми го знаете тоа се врти со месеци”, вака го почна судењето судијката Диана Груевска по што се престави и ги кажа […]

Во ист ден германскиот шеф на дипломатијата во Скопје, а министерот за Европа во Софија


  Една објава на Фејсбук од неколку реченици и штуро соопштение на МНР е сѐ што досега дозна македонската јавност за посетата на германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, на Македонија и неговите разговори со премиерот Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Двете реченици на Мицкоски на неговиот Фејсбук профил се целосно […]

Надежта на вработените во „Лукоил“ сега е во американскиот гигант „Шеврон“


Новите рокови за продажба на средствата на „Лукоил“ во странство се однесуваат и на подружницата на оваа компанија во Македонија. Ова, накусо е одоговорот од „Лукоил Македонија“ на прашањата кои ги упати „Независен“, а се однесуваат на постапката на продажба на 40 бензински пумпи и склад, за што е тесно врзана и судбината на околу […]

Огнот ја проголта зградата на „Вјесник“, еден од симболите на Загреб (видео)


  Доцна навечер во понеделник пред полноќ на врвот од облакодерот „Вјесник“ во Загреб избувна пожар. Неофицијално, пожарот избувнал во канцеларија. Пожарникарите веднаш излегоа на местото на настанот со неколку противпожарни возила. Пламенот првично се чини дека беше ставен под контрола, но потоа повторно се разгоре и се прошири на долните катови. Зградата гореше цела […]

Орбан, Груевски и Радев во иста мисија – ќе ја запираат војната во Украина


  Едно дуо-трио се појави во јавноста последниве неколку дена кое на свој начин ја заплашува јавноста дека е можна нова голема војна во Европа во која ќе страда целиот континент – и малите и големите, доколку не се најде некакво решение за смирување на борбите во Украина и разбирање за руските интереси. И Во […]

Филипче: По олку лош извештај на ЕК, може да добиеме и нови услови за преговори


  Лидерот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, порача дека извештајот на Европската Комисија е показател дека власта нема политичка волја да  продолжи со реформите. „Жалам што слушаме пораки на евроскептицизам тука во телата на Собранието, во кои што најмногу треба да се работи и на полето на реформите и на […]

Сиљановска за извештајот на ЕУ: Не е точно дека не сме ги ставиле на дневен ред уставните измени


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, нагласи дека по 16. пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Според неа, ако има оценка или […]

Се активира „Вертикалниот коридор“: Американски гас преку Грција ќе стигнува до Украина


 Договор за транспорт на американски течен природен гас (LNG) од Грција до Украина, потпишаа во Атина грчките и украинските државни компании „ДЕПА“ и „Нафтогаз“ во присуство на премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, претседателот на Украина Володимир Зеленски, министерот за животна средина и енергија на Грција Ставрос Папаставру и амбасадорката на САД во земјата Кимберли Гилфојл, […]

Охрид СОС: На власта ѝ пречи што Охридскиот Регион е на листата на светско наследство


Охрид СОС реагира на неодговорната изјава на вицепремиерот Александар Николоски неодамна кој оцени дека поради статусот на заштитено подрачје, во Охридскиот Регион не можат да се изградат хотели од висока категорија – и покрај толкуте хотели што во моментов се градат незаконски, и покрај таа заштита. Според нивна оценка, на власта и пречи очигледно што […]

Кочани му порача на Скопје: Болката е наша, но борбата е заедничка!


„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“.  Со ваков транспарент и слики од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ родителите од Кочани денеска го предводат протестниот  „Марш за ангелите“во Скопје. „Сенките“ се бројот на жртвите за кои, четири дена пред почетокот на судењето за случајот, родителите бараат правда. Одзивот на скопјани на […]

Мицкоски „капитулираше“ пред судиите, ќе им даде повеќе пари за да добие „петка“ од Брисел


  Премиерот Христијан Мицкоски, по категоричните најави дека нема намера да им ги зголеми платите на судиите бидејќи не ги заслужиле, денес излезе со друга „песна“ – дека ќе добијат финансиска независност и очекува од Брисел да излезат и да кажат му кажат „браво“. Поконкретно Мицкоски најави дека до крајот на годината ќе бидат донесени […]

На судиите им прекипе од Мицкоски: Премиере, ја поминавте границата на добро однесување!


Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор. Велат дека неговите коментари ја преминале границата на доброто однесување и преминале во неаргументирани и паушални напади. „Господине премиер, веќе подолго време вашите коментари кои ги давате […]

(Видео) Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции


Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и […]

До крајот на 2025 бројот на вработени во зоните ќе биде помал за 30 отсто, вели Филипче


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција изјави дека бројот на вработени во технолошко-индустриските зони ќе биде помал за околу една третина, повикувајќи се на проценките на партискиот економски тим. Тој не прецизираше колкава е таа бројка, но рече дека само од компанијата „Аптив“, која најави затворање, без работа ќе останат околу 500 […]

Ништо не може да ја запре: Албанија го отвори и последниот кластер во преговорите со ЕУ


  Нашиот сосед Албанија го направи незамисливото, ги отвори сите шест кластери во преговорите со ЕУ за само 12 месеци. Таа го отвори и последното групно поглавје од пристапниот процес: Ресурси, земјоделство и кохезија. Официјалниот почеток на преговорите за овој шести кластер ќе биде на 17 ноември во Брисел на седмата меѓувладина конференција. Отворањето на […]

Вработените во „Лукоил“ и компанијата во неизвесност, уште девет дена до санкциите


  Остануваат уште девет дена, до 21 ноември, кога ќе стапат во сила санкциите на САД против руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, а вработените во македонската подружница не знаат каква ќе биде нивната судбина. Барем јавно македонските власти не покажуваат заинтересираност за судбината на „Лукоил Македонија“ и 550-те вработени во компанијата. Прво се минимизираа […]

Прекината е исплатата на 400 илјади евра за 15 корисници на ИПАРД, но тоа е само врвот на ледената санта


  Стопирана е исплатата на петнаесет корисници на ИПАРД 3 Програмата во износ од 400 илјади евра, потврдуваат официјално од Министерството за финансии за „Независен“. Но, останува нејасно што ќе се случува со поднесените барања за исплата коишто се во процедура на одобрување во Платежната агенција и барањата кои, според договорите, треба да се поднесат […]

Сиљановска видела многу извештаи, последниот на ЕУ требало да биде преговаран со Македонија


  Техничкиот извештај станал политички. Тој требало да се преговара со македонските власти, а не да биде оценка на Европската комисија. Така претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова се обиде да ги намали  оценките на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, кој е еден од најлошите во последните десетина години. Со тоа, после приказните […]

„Не е крај на светот“: Мицкоски за заминувањето на две компании од Бунарџик


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека не е крај на светот ако некои од компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони заминат, бидејќи како што рече „ќе има компании кои се отвораат, ќе има компании кои се затвораат“. Тој најави дека до крајот на годинава се очекува четири до пет компании да потпишат договори […]

Корупцијата во Платежната агенција ќе ги избрка и тие што останаа во земјоделството


  БИТОЛА – Големиот корупциски скандал што го тресе македонското земјоделство, во кој директно е инволвиран првиот човек на Платежната агенција во државата, серизоно ја загрозува европската претпристапна помош за македонските земјоделци од 96 милиони евра, или со заедничкиот придонес од македонска страна тоа се вкупно 128 милиони евра, пари кои се или требаше да […]